Во Голема Британија започна судење, прво од таков тип во светот, во кое што се тужат "мајсторите" на пирсингот поради смрт на 17 млади луѓе годишно на кои што им е извршен пирсинг на устата.
Daniel Hindle почина во 2002 година, само два месеца подоцна откако направи пирсинг на неговата уста. Неговиот доктор е уверен дека агонијата, зголемената телесна температура, и повраќање биле причините за неговата смрт, со што настанало труење на неговата крв.
На неговата фамилија им било објаснето дека труењето на крвта и неговата смрт се како последица на пирсингот на устата што го направил тој пред два месеци.
Девојката на Даниел ја потврдила таа сомнителност, бидејки го гледала пирсингот на нејзиниот дечко и сама се уверила во негихената која што владеела во салонот за тетовирање.
Иглата за бушење на устата била извадена од фиока, а не од некоја стерилна кесичка како што е правилно. Со истата игла бил извршен пирсинг на дечкото и девојката со што подоцна и на девојката на Даниел и се појавила инфекција.
Поради ваквите услови на работа против мајсторката во салонот за тетовирање била поднесена тужба.
Поради овие факти можно е во иднина пирсингот да биде илегална работа.