Ќе имало и оксиген односно кислороден бар за трезнење
.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 18:36 ---
„Пивофест“ Прилеп: Туристички воз, десетосед велосипед, шатор за трезнење и Лепа Брена
Овогодинешниот „Пивофест“ во Прилеп ќе се одржи по десетти јубилеен пат од 12 до 15 јули, а главни музички ѕвезди ќе бидат Лепа Брена, Мирослав Илиќ, Џеј Рамадановски, Жељко Јоксимовиќ, Есма Реџепова, Петар Грашо, групите „САРС” и „Дубиоза Колектив” и други.
Датум: пред 5 часа | Прочитано: 143
Пивски туристички воз, десетосед велосипед, оксиген бар за трезнење, пајтон, масажа на отворено, гратис кафе за будење во бесплатниот кампинг на Могилата, стриптизери и музичка забава со многу пиво ќе има на 10-тиот јубилеен „Пивофест“ во Прилеп, најави денеска градоначалникот Марјан Ристески.
Тој најави уривање на сите рекорди на Фестивалот на пивото, кој ќе се одржи од 12 до 15 јули во Прилеп. За пивската журка најавени се настапите на Лепа Брена, Мирослав Илиќ, Џеј Рамадановски, Жељко Јоксимовиќ, Есма Реџепова, Петар Грашо, групите „САРС”, „Дубиоза Колектив”, „Цонљуеринг Лион“ (Македонија), Рас Зацхарри (Јамајка) и други. Подготовките за успешното организирање на Фестивалот привршуваат, информираа на денешната прес-конференција.
- Оваа година вкупниот опфат ќе изнесува околу 20.000 квадратни метри, со корисна површина од околу 4.800 квадратни метри. На Фестивалот на пивото четири дена ќе бидат дегустирани повеќе видови пиво од три пиварници и повеќе овластени дистрибутери, а ќе се вкуси скара од повеќе реномирани мајстори. Ќе учествуваат: Прилепска Пиварница, Скопска Пивара, Битолска Пивара, дистрибутерот Лозар Пелистерка, дистрибутерот Лашко пиво и дистрибутерот на Будњар. Посетителите ќе можат да дегустираат 20 различни видови на пива: Златен Даб, Крали Марко, Калсберг, Туборг, Горско, Скопско, Амстел, Хајнекен, Каменица, Стела Артоа, Јелен, Старо Прамен, Бекс, Светло и Темно Лашко пиво, Унион, Будњисер, Битолско пиво и Кенбах - информираа на прес-конференцијата.
Минатата година Фестивалот на пивото го посетија повеќе од 340.000 посетители кои испија околу 248 тони пиво и изедоа околу 119 тони скара, а само на четвртата вечер, кога настапи Здравко Чолиќ, градот собра повеќе од 130.000 посетители кои изедоа околу 36 тони скара и се испија околу 100 тони пиво. Притоа во градот влегле околу 26.000 регистрирани моторни возила. Св.Р.
http://www.libertas.mk/vest/29379/Pivofest-Prilep-Turistichki-voz-desetosed-velosiped-shator-za-treznenje-i-Lepa-Brena