Персонален данок на доход?

Член од
24 септември 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Imam dadeno dukan pod naem i vo dogovorot pise deka kiradjijata treba da go plaka danokot za prihodi od imot.Posle nekolku meseci , go raskinavme dogovorot ama toj ne go plati danokot i plati pomalku za kirijata otkolku sto trebase. Prasanje: Dali treba da plati danok na celiot iznos kolku sto glasi vo dogovorot ili samo na toj iznos sto go platil na smetka? I dali ako toj ne go plati danokot jas ke odgovaram? Pozdrav.
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
Јас мислам дека треба да го плати данокот до раскинувањето на договорот.Ако договорот е потпишан во јавна институција мислам дека можеш слободно да го тужиш.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Прво, кажи дали кираџијата е правно лице (фирма) или физичко лице.
Ако е правно лице, тогаш тој го плаќа данокот согласно законот. Ти немаш ништо.
Ако е физичко лице, и сте се договориле тој да го плаќа данокот, ти ги земаш парите, киријата сосе данок, но ти си плаќаш данок, бидејќи ти остваруваш приход. Така е по законот и УЈП ќе ти прати тебе решение за плаќањето на данок.
УЈП ќе те оданочи согласно договорот (ако си го пријавил таму), но се гледа и тоа колку ти е исплатено на сметка.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Треба да плати данок за периодот додека договорот бил во важност, а не за целиот период, со други зборови не треба да се плати данок за периодот откако договорот е раскинат бидејќи ти веќе не остваруваш данок на добивка од закупнина (па нема ни што да се даночи). А доколку не ти ја исплатил киријата онолку колку што е во договорот, треба да поднесеш тужба против него и да бараш исплата на неплатената закупнина. Нема воопшто никаква врска каде е потпишан договорот, договор за закуп не е строго формален договор кој мора да се заверува на нотар, доволно се само потписите на странките (и печат доколку се работи за фирма).
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Ако е правно лице, тогаш тој го плаќа данокот согласно законот. Ти немаш ништо.
Така е. Не знам да ли се менува ако е физичко лице....
dali ako toj ne go plati danokot jas ke odgovaram?
Не одговараш.
Треба да плати данок за периодот додека договорот бил во важност, а не за целиот период, со други зборови не треба да се плати данок за периодот откако договорот е раскинат бидејќи ти веќе не остваруваш данок на добивка од закупнина (па нема ни што да се даночи)
Мислам дека периодот не е битен. Треба да се плати данок само на сумата што е платена на трансакциона сметка.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Данок ќе си платиш само за сумата што ја имаш добиено, без оглед дали е тоа целата сума што сте ја договориле или дел. Кираџијата нема обврска да плаќа данок (кон ујп), доколку сте се договориле он да го сноси данокот, тогаш се прави како Струмикс што пиша, кираџијата ти ја плаќа киријата зголемена за износот на данокот што ти треба да го платиш.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Така е. Не знам да ли се менува ако е физичко лице....

Не одговараш.

Мислам дека периодот не е битен. Треба да се плати данок само на сумата што е платена на трансакциона сметка.
Најбитен е периодот за кој важел договорот за закуп. Не е битно дали закупувачот му ја платил на закуподавачот полната сума на транскациона сметка, тоа е еден однос (помеѓу нив двајца), а плаќањето на данокот не зависи од тоа дали закупувачот успеал да го наплати износот на закупнината (ако не успеак може да тужи) и тоа е посебен однос помеѓу закупувачот и УЈП.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 15:29 ---
Данок ќе си платиш само за сумата што ја имаш добиено, без оглед дали е тоа целата сума што сте ја договориле или дел. Кираџијата нема обврска да плаќа данок (кон ујп), доколку сте се договориле он да го сноси данокот, тогаш се прави како Струмикс што пиша, кираџијата ти ја плаќа киријата зголемена за износот на данокот што ти треба да го платиш.
Не е точно дека ќе плати само на дел од сумата, туку на целиот износ од закупнината која што требело да ја добие (без разлика дали ја добил или не).
Доколку во договорот стои дека закупувачот ќе го плаќа и персоналниот данок на добивка од закупнина, тогаш ТОЈ е должен да го уплати данокот за име и за сметка на закуподавачот.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Практично оди вака:
Како лице кое издава стан, деловен простор или сл. под закуп, со договорот за закуп се оди во УЈП, и врз основ на сумата наведена како закупнина УЈП утврдува со решение сума на персонален данок за предметната година, која изнесува 10% од закупнината.
Е, сега, тука постои ослободување за опременост на просторот од некои 2% мислам, па излегува дека данокот е 8%.
Исто така, како што напишав погоре, ако закупецот е правно лице, тогаш тоа го плаќа данокот, а на закуподавачот му издава потврда за уплатени средства, како и потврда за платен персонален данок, со која закуподавачот оди во УЈП кога поднесува годишна даночна пријава, и УЈП му издава решение на 0 (нула) денари, со кое се докажува дека закуподавачот нема долг кон УЈП.
Ако пак закупецот е физичко лице, тогаш данокот си го плаќа закуподавачот. Од гледна точка на УЈП не е важно дали закупнината е со или без пресметан данок. УЈП ќе бара 8% на сумата наведена во договорот за времето за кое трае договорот. Значи, еднаш годишно, за претходната година.
Договорот помеѓу закупецот и закуподавачот се однесува на нив, не према УЈП.
Годишната даночна пријава мислам се поднесуваше до 15 март за претходната година. Значи, годинава го пријавувам приходот остварен во 2012.
УЈП ќе донесе решение со кое ќе утврди данок на сумата наведена во договорот. Но, при поднесувањето на годишната даночна пријава, може да се докаже преку извод од банка дека се исплатени помалку пари, па на тој начин може реално УЈП да оданочи.
Ако така не успее, верувам дека со жалба, поткрепена со извод од банка, ќе успее.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Не е точно дека ќе плати само на дел од сумата, туку на целиот износ од закупнината која што требело да ја добие (без разлика дали ја добил или не).
Доколку во договорот стои дека закупувачот ќе го плаќа и персоналниот данок на добивка од закупнина, тогаш ТОЈ е должен да го уплати данокот за име и за сметка на закуподавачот.
Тоа е за правни лица, за физички е како што опиша Струмикс, да не се повторуваме.
Како и да е, frederic не се изјасни дали се работи за правни или физички лица, така да џабе веземе :)
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Тоа е за правни лица, за физички е како што опиша Струмикс, да не се повторуваме.
Како и да е, frederic не се изјасни дали се работи за правни или физички лица, така да џабе веземе :)
И за физички е исто доколку така се договориле во договорот за закуп на недвижноста, иако не е така регулирано во законот. Не е тоа некоја недозволена одредба во договорот, впрочем е доста честа и вообичаена.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
И за физички е исто доколку така се договориле во договорот за закуп на недвижноста, иако не е така регулирано во законот. Не е тоа некоја недозволена одредба во договорот, впрочем е доста честа и вообичаена.
Не е проблемот во договорот, проблемот е кај УЈП. Тие СЕКОГАШ ќе го задолжат закуподавачот со данок, доколку и закупецот е физичко лице.
Договорот не е спорен.
На пр. цената на закупот е 50 евра, и како таква стои во договорот, но со клаузула дека закупецот го плаќа и данокот од 5 евра. Значи, закупецот плаќа 55 евра, а закуподавачот на крај си го плаќа данокот од 5 евра.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Не е проблемот во договорот, проблемот е кај УЈП. Тие СЕКОГАШ ќе го задолжат закуподавачот со данок, доколку и закупецот е физичко лице.
Договорот не е спорен.
На пр. цената на закупот е 50 евра, и како таква стои во договорот, но со клаузула дека закупецот го плаќа и данокот од 5 евра. Значи, закупецот плаќа 55 евра, а закуподавачот на крај си го плаќа данокот од 5 евра.
Во договорот може да постои одредба со која закупувачот се обврзува покрај закупната цена, да го плаќа и данокот во УЈП, но во име и за сметка на закуподавачот. Во тој случај УЈП нема да го задолжи закуподавачот да плати данок, бидејќи истиот веќе ќе биде платен во негово име но од страна на закупецот и за негова сметка (цел на дознака: плаќање на персонален данок на доход од закупнина)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Во договорот може да постои одредба со која закупувачот се обврзува покрај закупната цена, да го плаќа и данокот во УЈП, но во име и за сметка на закуподавачот. Во тој случај УЈП нема да го задолжи закуподавачот да плати данок, бидејќи истиот веќе ќе биде платен во негово име но од страна на закупецот и за негова сметка (цел на дознака: плаќање на персонален данок на доход од закупнина)
Не бива...
Тоа би било случај кога физичкото лице - закупец авансно би го плаќал данокот (слично како правните), па кога ќе дојде време за даночна пријава на закуподавачот ќе му биде потребна потврда дека тој и тој му исплатил толку и толку пари на име закупнина и толку и толку пари платил данок, за да УЈП не го задолжи закуподавачот. А тоа како физичко лице закупецот неможе да го направи, т.е да издаде потврда.
Опција е да го плаќа данокот како што велиш, во име и за сметка на закупецот, ама тоа ќе мора да го направи на ПП-50 со име и ЕМБГ на закуподавачот, за да кај УЈП се прокнижи уплатата таму кајшто треба, и кога ќе му дојде време да си плати данокот, едноставно, веќе ќе му биде платен, па пак ќе добие решение на 0 денари.
Секое друго плаќање на данокот од страна на закупецот, подоцна кај УЈП ќе мора да биде регулирано со цесија, бидејќи уплатениот данок ќе оди на сметка на оној кој уплаќа.
И, за крај, наједноставната опција:
Дојде решението за ПДД, дај му го на закупецот, и да ти врати доказ за уплата :)
 
Може и така, меѓутоа, не е забрането данокот да се плаќа и месечно (да речеме заедно со закупнината и другите комунални сметки), па кога закуподавачот ќе ја поднесе даночната пријава (до 15-ти март во тековната, а за претходната година) данокот веќе ќе му биде платен, не постојат било какви пречки за тоа, (болдираното).
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Може и така, меѓутоа, не е забрането данокот да се плаќа и месечно (да речеме заедно со закупнината и другите комунални сметки), па кога закуподавачот ќе ја поднесе даночната пријава (до 15-ти март во тековната, а за претходната година) данокот веќе ќе му биде платен, не постојат било какви пречки за тоа, (болдираното).
Да, де, и јас така мислев. Единствен начин за да биде чиста работата е како во болдот кај тебе, а од моето мислење.
Секако, и јас не спомнав никакви пречки.
Но, на секој друг начин, ќе се појават административни проблемчиња :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom