Волкси, вака:
1. Требаат безобразно многу пари, ако сакаш одеднаш се. јас ги немам тие пари и затоа работам многу полека, чекор по чекор.
2. Лимарија: Крпев се што може, нови лимови кроевме, ја собрав нели, конечно лимаријата и потребни ми се некаде 800 евра за поштено фарбање. Мислам сега ако од Србија најдам крила да ставам нови, а и преден везен лим (долен дел) и, сеуште ги немам кривите лајсни за праговите. Моите некаде се изгубени...
3. Механиката не е никаков проблем, се наоѓа. А деловите кои ги има се ефтини.
Како што реков, дома имам само делови, а школката си е кај мајстор и си чека...
Здравје, ќе се прави нов тапацирунг, цела внатрешност...А и за тоа си сака убава пара, нели?
башка, и време немам премногу за да се посветам турбо на работа.
Едит: Битолскиов примерок е префарбуван, и најверојатно крпен на задниот везен лим над браникот кое е класично болно место за корозија. Сега приметив на сликата дека работ на везниот лим и крилото е долу покриен со кит