Патријахалноста како неправеден систем кон жената

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Не се согласувам со тебе. Јас патријархалното воспитување не го доживувам како опресија, туку како морален компас. Вистинското партијархално воспитување нема да ги поттикнува мажите да се „иссексаат што повеќе пред брак“ туку ќе ги учи на истите норми и вредности; еден маж - една жена и морална чистота. Тешко е тоа да се разбере во денешниот свет во кој неморалот и курвањето наоколу се заменети со еуфимизми од типот „современо, мордерно, напредно, уживање, истражување, независност„ и што уште не. Жена со ТРОцифрен број партнери..хммм...обидувајќи се да не го употребам тој терминот кој те навредува, имам едно прашање... Ако си маж и ете сакаш да се ожениш со оваа жена (со ТРОцифрениот број!) и сето тоа го знаеш и не ти пречи оти нелии ти ќе бидеш таков современ, како ќе можеш да и веруваш? Како ќе влезеш во заедница сигурен дека госпоѓата нема и понатаму да и мрда опавчето и да сака и понатаму да истражува и да ужива? Ами ако и се здодее од тебе?
Тука во САД секој ден ги гледам таквите „слободни“ жени. Мислат дека се слободни, но робуваат на своите тела, не знаат што прават. И не се среќни. И кога мислат дека ја нашле среќата ги повлекува некој нареден бран. И ете, полно е „скршени“ семејства, со деца кои не разбираат зошто денес има еден „чичко“ а утре друг. Кои на секои неколку години добиваат нови браќа и сестри. Кога ќе сретнеш такви модерни фамилии, да ти е страв да прашаш кој на кого му е мајка, татко...оти сите се од неколку различни партнери.
Ако ти си решила да живееш како животно, не очекувај помош. Зошто околината да ти помага? И онака сега сите имаат слободи да прават што сакаат. Зошто јас на пример би го финансирала твојот неморал?
Живеј си како сакаш но издржувај си се сама.
А мажот, сакале или не, Е посилен од жената. Не велам дека мажите се и попаметни, но СЕ посилни. И на секоја жена и треба заштита во прегратките на човекот кој го сака. А мажот кој ја сака својата жена за неа ќе направи СЕ. И никогаш нема да се чувствува потисната. Напротив.
Во врска со болдот: проблемот е што тоа никогаш не е така. Еве земи ги девојките на форумот: ниту една не е невина, а никој не гарантира дека на крајот од приказната ќе се земе со дечкото. Што да правиме со нив? Да ги спалиме?
Инаку во Македонија не познавам жена што имала 10 партнера, а не 100. Сметам дека секој треба да си каже што очекува од партнерот уште пред да се земат, инаку проблемите ќе немаат крај. АКо некоја баш сака толку многу често да менува партнери, не знам зошто воопто би стапила во брак.

Сите сме робови, ако така размислуваш. Но поголема робинка е жената која робува на домот и семејството заради обѕирите кон околниата, отколку како што велиш, онаа што робува на телото. Кој колку е среќен, сам си знае.
Како што реков, повеќето бракови за кои знам во МК се одржуваат само затоа што жената нема каде. Платата и’ е мала, куќата е на мажот, децата не може да ги земе со себе. Не може никој да ме убеди дека таквата жена е среќна.

Се слагам дека педобро да живееш со партнер. Но не по секоја цена.[DOUBLEPOST=1399738065][/DOUBLEPOST]
Ова ти што го опишуваш не е патријахално семејство туку дисфункционално семејство каде што има семејно насилство. Не разбирам за каква материјална зависност на жената збориш, денес жената во Македонија може и станува директорка, пратеничка, шефица, министерка и има исти услови за образование како мажите. Покрај еднаквите можности што ги ужива доколку жената не успее да стане материјално независна мислам дека крајно време е да си ја чукнете главата до кого е .
Уф, уште еден незнајко!

Патријархат е социјална организација на животот на луѓето, заснована на стриктно почитување на традицијата во која највисоката власт и најголемото почитување го има таткото, додека жената (мајката) има подредена улога. Патријархатот се одликува со строга хиерархија, во која постои доминација на машките припадници над женските и на постариите над помладите.
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Temata ne e za opstvenata neednakvost na zenata, smetam deka skoro vo sekoj opstveno - formalen segment ulogite ni se izednacija i gi dobivme skoro site prava kako vas mazite. Tema na diskusijata e dali patrijahalnosta e nepraveden sistem kon zenata.
Да, и темата е промашена.
Ај да пробаме да нацртаме. Да речеме дека јас сум по религиозно убедување Којотист. Верувам дека којотот е боженствено суштество, го обожувам, имам напишано света книга за него, дома имам статуа од којот, исправен на две нозе и му палам свеќи секоја вечер пред спиење. Одам јас којотистот да барам којотизмот да стане официјална религија на државно ниво и да бидам ослободен од даноци. Ме одбиваат и ми се смеат во фаца. Си одам разочаран и даночно обврзан.
Значи, не ми забрануваат да се молам на којотот, колку и да тоа им е смешно. Не ми забрануваат да собирам дома идиоти и да ги лажам дека којотот ќе им донесе благодет во животот и дека ако не му се молат ќе завршат во пекол каде за да јадат треба да уловат една многу брза птица. Нема проблем. Ама во моментот кога јас моите глупости ќе се обидам да ги наметнам на системот и да му станам товар, ќе бидам исфрлен како куче и ќе останам секташ.
Исто, ако за мене некоја си Профемина е тешко курвиште покварено и на сите кажувам дека таа профемина треба да се каменува, е мое право се додека останува на тоа. Ако јас ја грабнам Профемина за коса, ја одвлечкам на плоштад и ја каменувам, ќе завршам во затвор и постои голема шанса таму да бидам сексуално злоупотребен.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Во врска со болдот: проблемот е што тоа никогаш не е така. Еве земи ги девојките на форумот: ниту една не е невина, а никој не гарантира дека на крајот од приказната ќе се земе со дечкото. Што да правиме со нив? Да ги спалиме?
Инаку во Македонија не познавам жена што имала 10 партнера, а не 100. Сметам дека секој треба да си каже што очекува од партнерот уште пред да се земат, инаку проблемите ќе немаат крај. АКо некоја баш сака толку многу често да менува партнери, не знам зошто воопто би стапила во брак.

Сите сме робови, ако така размислуваш. Но поголема робинка е жената која робува на домот и семејството заради обѕирите кон околниата, отколку како што велиш, онаа што робува на телото. Кој колку е среќен, сам си знае.
Како што реков, повеќето бракови за кои знам во МК се одржуваат само затоа што жената нема каде. Платата и’ е мала, куќата е на мажот, децата не може да ги земе со себе. Не може никој да ме убеди дека таквата жена е среќна.

Се слагам дека педобро да живееш со партнер. Но не по секоја цена.[DOUBLEPOST=1399738065][/DOUBLEPOST]

Уф, уште еден незнајко!

Патријархат е социјална организација на животот на луѓето, заснована на стриктно почитување на традицијата во која највисоката власт и најголемото почитување го има таткото, додека жената (мајката) има подредена улога. Патријархатот се одликува со строга хиерархија, во која постои доминација на машките припадници над женските и на постариите над помладите.
Повозрасна си па ајде да не те навредам како ти мене . Се сложувам со дефиницијата . А кажи ми сега ти мене каде во дефиницијата стои дека жената или ќерката треба да се тепаат и малтретираат?!?! Физичкото насилство е одлика на дисфункционално семејство. Можам толпа на модерни бракови да ти покажам каде што се распаднати и уништени од физичко насилство, а немаат ни П од патријахалност.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ако жената пие по едно литро ракија и го тепа мужот и го фасира, дали е до тоа шо живееме у феминистичко општество или до мажот шо бил шупак да заврши со таква жена и продолжува да биде шупак оти не ја откачува?

Тоа шо го гледаме некогаш у медиуми дека мажот ја тепа, и се развела од неа и е опседнат со жената и и се заканува дека ќе ја убие, не е до системот туку до criminally insane персона каков шо е мужот.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Повозрасна си па ајде да не те навредам како ти мене . Се сложувам со дефиницијата . А кажи ми сега ти мене каде во дефиницијата стои дека жената или ќерката треба да се тепаат и малтретираат?!?! Физичкото насилство е одлика на дисфункционално семејство. Можам толпа на модерни бракови да ти покажам каде што се распаднати и уништени од физичко насилство, а немаат ни П од патријахалност.
Мојата возраст нема никаква врска со твоето незнаење и што пишуваш на тема за која немаш поим. И ич не е битно дали се сложуваш со дефиницијата или не. Ти ја предочив, затоа што ако сакаш да дискутираме, гледам дека мора да знам дали воопшто знаеш за што зборуваш.
Во дефиницијата стои дека највисока власт има таткото т.е. сопругот. Жената е во подредена улога. И да нема тепање, тебе тоа ти е во ред?

Она што го спомнав за тепањето беше затоа што Маја рече : ако не ти чини дечко што те тепа, остави го. ОК. Ами таткото? Значи овдека не се работи за секојдневно тепање, туку таткото и стапнува ќотек на ќерката затоа што изгубила невиност. Тоа е ОК?

Не можеш од патријахатот да земеш само тоа што ти одговара.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080

Чек малце, ти по ова што го пишуваш сметаш дека моментално ние живееме во патријахално општество?
Сериозно?
Не познавам татко што си ја истепал ќерката оти изгубила невиност, напротив, денес се гордеат некои татковци кога ќерките уште од 13-4 имаат дечковци, си пушат цигари и се пијанчат. Мајките, овај жените, си прават што сакаат во животот, а не се во подредена улога, напротив, сум гледала многу жени кои си го командуваат и вртат мажулето како ќе им текне.
Значи, ние не живееме во патријахат, ни според закон, нити пак во фамилијарните односи.
Ако има насилство, тоа иде од искомплексирани и дисфункционални фамилии, кои не научиле за поарно.

Бидејќи ние не читаме наслови на теми и појма немаме уствари како одат работите во реалниот свет, мали сме уште нели, тоа би било тоа на темава од мене, во темава треба да коментираат оние во времето на комунизмот што израснале, па тие идеи уште им се вртат во глава.
 
Ах мори, моме! :facepalm: Па темата не е за тебе и за татко ти, туку е општа.

На темата ни тоа што го кажа, не мораше да го кажеш.
Младата возраст е оправдание за незнаењето. Не е опрадание што не сакаш да знаеш. И после ќе се чудиме што ниту една пратеничка нема да се побуни кога треба да се гласа закон со кој се скратуваат прават на бремените жени...

Социјализам се викаше времето, Маја. Тоа е време кога жената за првпат во Македонија законски ги доби истите права како и мажот. Ама ти ни тоа не го знаеш. Да не беше тој скок, ти сега ќе беше млада снаа, ќе топлеше вода да им полеваш на свекорот и на свекрвата да си ги измијат рацете, ќе го ставеше ручекот на маса, ќе им ставеше јадење во чиниите и последна ќе седнеше на масата.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.230
Значи, ние не живееме во патријахат, ни според закон, нити пак во фамилијарните односи.
Батали тепање. Кажи кој чисти, пере и готви кај вас, во најголем дел од времето? Биди искрена и немој да лажеш!
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Исто, ако за мене некоја си Профемина е тешко курвиште покварено и на сите кажувам дека таа профемина треба да се каменува, е мое право се додека останува на тоа. Ако јас ја грабнам Профемина за коса, ја одвлечкам на плоштад и ја каменувам, ќе завршам во затвор и постои голема шанса таму да бидам сексуално злоупотребен.
Процедурално: тоа е говор на омраза.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Батали тепање. Кажи кој чисти, пере и готви кај вас, во најголем дел од времето? Биди искрена и немој да лажеш!
А кој цепи дрва секој ден, пали оган, варосува, преместува предмети, поправа уреди со помали дефекти? Биди искрена.

А мори, активистко една, мажите и жените се еднакви веќе дооолго време секаде, ама ако се еднакви, не значи оти треба да ги извршуваат истите работи. Ова што ти го бараш е исто како да посакаш мажите да раѓаат деца. Оу мај факинг гад. Знаеш дека у еден куп животински видови шо не знаат за патријархалност, пошто нели се животни, активностите им се поделени пошто едниот е подобар у едно, а другиот у друго?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom