Патриотски разговори

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.551
Поени од реакции
18.660
Не им се лути. Сител и Латас се платена пропагандно-новинарско-медиумска адвокатура. Кој (повеќе) ќе плати него ќе го бранат и величаат. Општеството е одредено како такво и не можеш да му се лутиш на адвокатот затоа што си ја врши професијата за која е платен.
На кого да се лутиме и кон кого да посочиме?

Ако "адвокатурата" само си ја врши работата за која е платена, а народецот е припрост и жртва на менталната асимилација која му се проектира на малите екрани во вид на вакви сапуници, тогаш кој е виновникот? И кое е решението?
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
На кого да се лутиме и кон кого да посочиме?
Превенствено на себе си.
Ако "адвокатурата" само си ја врши работата за која е платена, а народецот е припрост и жртва на менталната асимилација која му се проектира на малите екрани во вид на вакви сапуници, тогаш кој е виновникот? И кое е решението?
Секој за себе е виновен. Секој нормално паметен човек за се кое во општествено не му се допаѓа ако сериозно размисли му се откриваат вистинските потези и постапки за да дојде до целта. Прво низ сопствената поставеност за да се исполни задачата после и правилно поставување на начинот за достигнување до целта. Можеби е потребно време но вината е во секој поединец што пред да стигне до целта потпадне во извесна мера на истите искушенија и заблуди кои потпаднале оние кои ги спроведуваат општествените состојби кои им одговараат на личните задоволства.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Што мислите кој е поголем соросоид власта или опозицијата?

Што е посоросовско? Соросовското финансиско-медиумско покривање на опозиционата СДСМ или соросовските глобалистички закони на Владата на ВМРО-ДПМНЕ? Како не играат преку шпекулативните игри со пиуните во власта и опозицијата. Едни ќе глумат како соросови платеници, додека другите ќе глумат како национални борци противници на платениците додека истовремено зад тој параван мирно и непречено ги донесуваат и спроведуваат најсоросовско-феудално-глобалистичките закони.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
http://daily.mk/makedonija/zaev-smenime-dosegashnata-praksa-upotreba-albanskiot-jazik

Заев: Да ја смениме досегашната пракса за употреба на албанскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за порталот Нова ТВ изјави дека треба да се напушти досегашната политичка прагма и да се воведе нова кога е во прашање употребата на албанскиот јазик на целата територија на Македонија.

Тој вели дека не губи ништо како Македонец ни како граѓанин на Штип, Скопје, Прилеп, ако Албанците во Македонија го употребуваат својот јазик.


- Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94% Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата?, вели Заев.

Во истото интервју, лидерот на СДСМ вели дека очекува на следните избори да добие најмногу албански гласови, пред било која друга политичка партија од албанскиот блок.

Лидерот на најголемата опозициска партија денеска од Прилеп на новинарско прашање го повтори истиот став во однос на проширување на употребата на албанскиот јазик.

Тој рече дека „во Прилеп тој што учи на албански јазик, иако е многу мал процентот, може да добие право да учи музичко училиште на албански јазик, да напише барање на албански јазик. Прилепчани, тие што сакаат може да зборуваат на друг јазик. Македонскиот е официјален јазик и треба да го зборуваме сите, без разлика на нашата етничка, верска, национална, религиска припадност. Официјалниот, македонски јазик, треба да го знаеме. Примената треба да биде наше растоварување“.

Овај не е нормален. Партиите, целосно ќе го уништат македонскиот народ.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Се избламира 4-5 пати и сега Зоки закопан си трајно и неповратно, исто како и твојот сијамски близнак од другата партија. Можеби народот ќе го лажите преку меѓусебните игри и можи и ќе ве гласа, но вие сте морално мртви.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.551
Поени од реакции
18.660
Универзален принцип е дека на секоја креација и претходи хаос, па веројатно и оваа патетика од македонска политичка "естрада" која ја сведочиме периодов е на маргините на својата егзистенција и можеби е дојдено времето да бидат сметени неповратно од истата, за некои подобри и благонадежни политичари кои ќе донесат некои нови и подобри идеи ( да се надеваме ).
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Универзален принцип е дека на секоја креација и претходи хаос, па веројатно и оваа патетика од македонска политичка "естрада" која ја сведочиме периодов е на маргините на својата егзистенција и можеби е дојдено времето да бидат сметени неповратно од истата, за некои подобри и благонадежни политичари кои ќе донесат некои нови и подобри идеи ( да се надеваме ).
Не се поднесува ова. Само не срамат, не газат и не распродаваат. Ја уништија и понизија македонската личност. Го направија суштество со нула сила и нула достоинство кое личи на човечко. Македонецот најпоследен во сѐ, обесчестен и најпонижен. Створија само два типа македонци: едни ги направија да станат криминалци од другите убиени во духот, затупени слуги спремни за бескрајни понижувања. Не третираат како глувци. Се трујат луѓето во градовите со најголема загаденост во Европа и никој ништо не превзема.
Ова глупост на Заев за мене е веќе премногу.
 

WeAreWhoWeAre

Mia san mia
Член од
12 јули 2015
Мислења
244
Поени од реакции
511
Се избламира 4-5 пати и сега Зоки закопан си трајно и неповратно, исто како и твојот сијамски близнак од другата партија. Можеби народот ќе го лажите преку меѓусебните игри и можи и ќе ве гласа, но вие сте морално мртви.
25 години државата ни оди во курац благодарение на политичари кој ние ги гласаме и кој систематски направија дно од народ. Пред да ти пишам за изјавава на зајко за ова да ти набројам некој работи.

Станавме земја која ги продаде или даде под концесија скоро сите стратешки работи што ги имавме заради неспособноста и алчноста да покраднеме што може повеќе со амин од вемеро и сдсм под услов кога дојде избори да ги гласаме.

Еве на пример неколку аеродромот им го дадовме на турци(во знак на благодарение на 500 години убивање и робување), рафинеријата и најголемата банка се на грци(благорение за непризнавање на државава), македонските телекомуниации се во раце на германци, дистрибуција на струја и нејзионо наплаќање го зедоа австриците, рудниците отидоа кој ти знае кај кој, макпетрол кај и да е власта ќе се потруди да ја даде на руски бизнисмени криминалци, а во позадина тие да се главни или услов ќе им биде да ја снема телма, единствено ни остана значајно водостопанството и шумарството. Ни едното ни другото не ги раководиме ни чуваме. За водите веќе одамна се заинтересирани да влезат странски компании, шумите што да кажам дива сеча насекаде.

Војска немаме, не се инвестира ама баш ич. Освен специјалните единици другото е гола вода, вооружување никакво, тоа што имаме е во очајна состојба, пушка незнаеме повеќето млади ни како да држиме, да не зборам за патриотското чуство што веќе ни и скроз исчезнува. Границата ни ја презеде полицијата , пошто живеам во погранично место гарантирам дека доколку некој може и сака ќе прошеврцува и тенк и нема да видат, покрај Косово и Албанија кој ти знае и што се не се пренесува. Цело ОВК да премине ќе дознаеме после еден месец. 35 терористи се држаа 2 дена на цело МВР, да не беа поискусните во први редови овие што ги примија немаше ни 1 месец да ги истерат од диво населје. Битно има 600+ милиони за споменици и стиропор згради, а за војска и инфраструктура ништо. Следно инфраструктура.

Инфраструктура ни е катастрофа, да не се пари од некој европски фондов, кредити ќе неможе ни 2 км автопад да изградиме. Да не зборам за локалниот пат кога го ставија кај мене во град испуца за 1 недела па од срам мораа на ново да асфалтираат.

Здраството ни се распаѓа, во моја генерација пред 8 години само едно девојче(моја школска) се запиша на медицина, заврши се со време и се исели со дечко и во германија. А гарантирам дека ја бива зашто ептен сакаше да учи медицина и заврши со просек. Секој квалитетен доктор ги спакува куферите или планира да замине. Здраството го водеа шконтари(одма е јасно колку е добро водено) и сега го води еден циркузант.

Образованието ние каша попара. Имаме зголемен број на професори и наставници , а намален број на ученици. Да не зборам и за тоа како професорка во гимназија по ИТ предмети помлада од мене 2-3 години пишуваше на колешка од работа ако сака дискретно да и објаснува програмирање, а има завршено електро. Партиски неспособен кадар владее со гимназиите и основното. На пат е и академското образование да отиде исто така скроз партиски. Од тоа што извадија луѓе на фб примери од книгите за малите деца ти доаѓа да отидеш и локалните партиски кенгури од ВМРО да ги истепаш зашто несмееш тие над нив.

И можам до утре да пишувам ама еве уште некој работи во кратки црти, демографски сме пред катастрофа секој сака да се исели, нула фактор во регионот, на спортски план денес слушна кое место паднавме во фудбал 140 и некое, исто и другите спортови, културен план и тоа се партизира, земјата дише на кредити, странци ни ја кројат политиката, селективна правда, за брачата да не зборам на тоа му е секој јасно колку сакаат Македонија да биде добра држава, тендер коалиција, терористи во власта, темата за бугарски пасош е најпосетувана на подфорумов, 5 милијарди изнесени од држава, провладните медиуми форсираат неквалитетни турски серии и српска шунд музика -> уште толку се затупавуа и така затупаниот народ...

Со овие набројани работи според мене ние сме држава само на хартија и годините се изброени. Ако не се случи освестување на народов отидено све е отидено во курац, со тоа да прочиташ на фб коментари под некој објави во врска со Македонија сфаќаш дека тоа нема да се случи никогаш. Најавата на Зец за албански службен јазик на цела Македонија не ми го менува мислењето за него пошто го сметам за кловн и срање. Грујовиц и неговата дружина "патриотите" се приказка сами за себе. Така да @sardaukar не се нервирај многу за Зец и така се е отидено у курац, а и Грујо не води право во пропаст така да веруј дека следуваат уште многу други работи што само ќе се додадат на листата.

У П.М. се распишав.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
tu ne cede malis sed contra audentior ito
Jaс само ќе кажам за образованието
Работава е „ многу опраена “
За училиштата уведоа „ екстерно “
За факултетите „ државен испит “ по втора и четврта година .
Сега министрите ги испрашуваат учениците и студентите и затоа е „ опраена “
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
422
Поени од реакции
337
Bevme pod turcite 500g. Preziveavme ke gi preziveeme i Zaev i Grujo. Ali ako dojdat pak slićni na vlast sami sme si krivi i ne zasluzuvame podobro.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.146
Овие од другата страна ептен патриоти, со сите почести ја пречекуват Караѓоргевиќ, потомка на најголемите крвници на Македонија.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.371
Поени од реакции
7.139
овој народ го заслужува ова што му се случува овие 25 години, од земја по стандард и квалитет на живот скоро еднаква на земјите од запад, станавме афричка провинција/протекторат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom