Патолошки лажговци

Ulbrecht

Ајдеми Попуши
Член од
28 јануари 2013
Мислења
89
Поени од реакции
68
Сте имале ли искуство со овакви луѓе?
Што ако некој ваш близок е патолошки лажго, како би постапиле?
Се надевам дека ќе се најде стручно лице да објасни нешто повеќе околу ова. Ме интересира на кој начин може да им се помогне, без при тоа да бидат дополнително истрауматизирани?
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Имам пријател кој е ваков, и немам појма како да им се помогне. Сите го знаат дека е таков но не знам дали некој му рекол или дали има свест самиот да се „оправи“.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.686
Поени од реакции
35.382
Не постои човек на светов што не излажал во даден момент, дадена ситуација, се со цел да издејствува некоја корист, да избегне казна и сл.
Додека лажењето со некаква цел се смета за манипулација, патолошкото лажење е лажење без никаква цел, без никаква корист, штетно за самиот лажго, а не ретко и за неговата околина.
Патолошкиот лажго лаже секојдневно, прилично убедливо како да ја зборува вистината. Дури постојат ситуации кога ни самиот лажго не е свесен дали е вистина или лага. Живеат во некој свој свет, создаден од илузии, лаги, во кои сакаат самите да веруваат.
Што се однесува до помошта, најдобро би било посета на психолог. Значи стручна помош, затоа што е многу важно да се открие дали патолошкото лажење е само начин на однесување на личноста или пак симптом на некое посериозно пореметување. На тој начин психологот ќе открие зошто личноста има потреба да лаже и како лагите влијаат на нивните емоции и однесување.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сите познаваме по некој ваков човек. Значи не збориме да излаже понекогаш, па да подлажне, него за констатно, постојано лажење и верување во сопствените лаги. До тој степен стига тоа лажење, што дотичната личност лаже и за времето во кое отишла во веце, мислејќи дека така околината полесно ќе го прифати. Тоа е најчесто и како се трансформира обичното лажење во патолошко лажење. Желбата општеството да ја прифати особата и кога еден човек ќе види дека со тоа што еднаш излажал создал “аплауз“ кај луѓето околу него, ќе продолжи со играта, затоа што смета дека така ќе добива внимание и ќе биде позабавен. Е сега, проблемот настанува кога околината веќе ќе почне да ги открива форите и истите да му ги посочува, но човекот едноставно веќе толку е навлезен во филмот, што и тој самиот верува дека што го кажува е вистина и ги убедува сите дека тоа што го збори е вистина. Со тек на време, сите сфаќаат дека НОН СТОП лаже и сите почнуваат да се нервираат, но патолошкиот лажго нема никогаш да престане, затоа што премногу е навлезен во сопствената мрежа и сопствените лаги.
Правете разлика меѓу лажење од време на време (сите понекад го правиме тоа) до целосно и комплетно и пред се ПОСТОЈАНО извртување на вистината, до точка да се промени сопствената личност и идентитет пред другите. Тука мислам дека можат да влезат и оние кои со едно друштво имаат еден карактер, со друго - друг, со трето - трет и така натака. Свесно и постојано лажат и себе и другите.
Помош од други - според мене нема, освен евентуално разговори со психолог или уште поубаво самоосвестување, затоа што околината не може да му помогне, затоа што и кога му се вели - еј а бе знам дека ме лажеш, тој лаже дека не те лаже, затоа што веќе станал зависен од лажењето. Сам треба да му светне дека треба да прекине, али најчесто си остануваат такви до крај на животот.
 

Ulbrecht

Ајдеми Попуши
Член од
28 јануари 2013
Мислења
89
Поени од реакции
68
Застрамете го, нека се повлече малце и нека му дое при свест што прави ..
Не! Корените на овој проблем можеби се многу подлабоки. Лесно е да го направиш будала пред сите, ама ризикот да му заебеш психа е голем.

Имам оваков другар, добар човек, ама си го има овој проблем. Јас си го прфатив како таков, но затоа многу луѓе не можат и човекот постојано си страда и се фрустрира, а мислам дека не е свесен зошто.
 
D

dystopian

Гостин
Застрамете го, нека се повлече малце и нека му дое при свест што прави ..
Не успева, нема да го промени... од лично искуство. Едноставно ќе престане да се дружи со тебе, но ќе продолжи да ги лаже другите. И никогаш нема да признае - океј, ме фати на дело, лажев. Ама јас вака постапив и раат сум, нека крши глава кога е пореметен.

:свиркам:
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 14:11 ---
Најинтересно е што откако му плеснав се во фаца, не правевме муабет скоро 2 години. Не се скаравме, кога ќе сретневме некаде ќе се поздравевме и толку. Ама по две години пак направив муабет со него и повторно се утепа од лажење. Лажеше за ситници, за небитни работи, лажеше без цел. Dafuq...

Познавам, се на се, тројца патолошки лажговци. Вториот ми беше соученик во средно и си имаше креирано цел лажен живот. Татко му е сопственик на јака фирма, има American Express Gold картичка без лимит, живее на Водно, во гаража има три бесни коли, он се дружи Скопската "елита" и ред други лаги. Третиот, работи како автомеханичар-чирак во моето маало и е прилично забавен тип. Понекогаш наминувам чисто за да слушнам некој добар филм и да се изнасмеам. Пример, пред две недели ми раскажа приказна, кога имал 14 години отишол сам до Германија да го земе БМВто на братучед му и се вратил назад со едно полнење на резервоар. А најако е што неколку дена пред тоа ми правеше муабет како треба да оди да го извади својот прв пасош за да оди на одмор во Италија.

:vozbud::pos:
 
Член од
26 декември 2012
Мислења
79
Поени од реакции
129
Ако е некое лажење со последици, плесни му се у фаца и батали го.
Порано или покасно таков човек ќе те бутне у некои лајна и нема да
знаеш, главата кај ти е.

А ако се ситни лаги за заебанција и за сеир како овој механичарот на dystopian ,
фаќај си сеир и уживај. Смеј се... тоа е поентата :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
нишо бе што ќе направиш, можеш само да го прифатиш каков што е или не. А подобра ти е првата опција, никој не губи. само он си ја губи довербата за некои работи НЕ сите! Затоа што ако преувеличува или измислува многу приказни (обично се многу добри storytellers) не значи дека ќе те заебе или нема да ти помогне, или ќе те остави некогаш на цедило, или било што. Едноставно така си го замислиле животот. И за нив тоа е нормално.. Имам слушнато 25 верзии за една иста работа (затоа што и он веќе не знае која приказна ти ја кажал xD) и пак ништо не сум рекол, што можеш да му кажеш.. можеш само да уживаш у неговите фантазии или ако ти е досадно речи ок е, си ми го кажал ова :D
Он губи затоа што некогаш ќе биде нешто вистина ама ти се што ќе каже ќе го земаш за резерва. Е сега.. тешкото е што може лажењето да оди и со некои други гадни комбинации (кои се чести).. зошто ако може да лаже може и да му лепи раката и било што, тоа е гаден проблем.
Нема доверба тогаш.. не е залудна поговоркана .. "кој лаже тој краде, спие на таван и има вошки" така нешо беше :)
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Пред некое време имаше случка во која беа вмешани преку 20 машки од различни градови и држави, случајно и јас виртуелно се знаев со девојката која беше патолошки лажго и која успеа да излаже толку многу машки, да ги натера сите да веруваат дека ги сака, да ги натера да плаќаат огромни сметки на телефон, да и праќаат подароци и што ти ја знам :D а некои од нив биле толку наивни што дури и слики и праќале (како од мајка родени) па типката им направила со тие слики лажни профили каде комуницирала со мажи и на некој начин ги направила педери :D
Девојкава е толку болна во мозокот што отишла до таму... направила 10тина лажни профили на машки и женски и сите тие се демек нејзини бфф и и пишуваат коментари и оставаат песни, само колку да изгледа профилот што по вистинит. Не се знае ни дали навистина е она на тие слики што ги имала кај нејзе на ѕид и дали навистина така се вика, затоа што кога едниов од машките (после 8 месеци акање по керамиди) земал да прочепка низ нејзиниот профил, да ја бара на други сајтови и сервери каде што играла (а може да се види според никот на gametracker) и кога почнал да распрашува други луѓе што комуницирале со неа, каков им е односот .. сватил дека сето тоа што го слушал и гледал претходните 8 месеци било лага... измислица... сето тоа што му го велела нему, го велела уште на 20 други. Истите пораки ги испраќала на сите, со една разлика.. на сите им кажувала различни работи за нејзе и нејзините.

Не знам навистина како би и се помогнало на таква личност, затоа што мислам дека таквите случаи се за во некоја институција, каде ќе бидат ставени под лекарства и контролирани. Затоа што тоа нема да престане со обичен разговор, тоа нема да се реши за еден ден. Таквите работи не започнуваат од една случка и од еден ден, јас мислам дека луѓето кои стануваат такви, имаат сериозен проблем, кој се створил многу одамна и кој со текот на времето само се натрупувал. Некои работи што на нас ни изгледаат како обични ситници, за некого може да бидат доволно добра причина за да се уништи, или да уништи некој друг што нема никаква вина нити е поврзан некако со проблемот на таа особа.

Ќе се обидам да ја земам особава што погоре ја опишав за пример. Ако навистина беше вистина тоа што ми го кажуваше таа за машките, за тоа колку пати била повредена од мажите и како секој маж во нејзиниот живот ја разочарал (а мислам дека тоа беше вистина) можам многу лесно да ја најдам причината и коренот на целиот тој проблем и зошто таа се одмаздува на мажите на таков начин, зошто си игра со нивните емоции и зошто толку далеку отишла со сето тоа. Ако е вистина дека нејзиниот татко никогаш не и ја пружал таа поддршка што ја барала, а нејзината мајка постојано е незадоволна од неа и ја потценува без разлика што и да прави и колку и да се труди да и угоди, можеме да заклучиме дека таа особа има потреба од внимание и љубов која не ја дбива од своите родители (а сите знаеме колку е битно тоа за едно дете).Кога не ја добва од оној што треба, нормално особата ја бара во други работи..
Ако навистина се случило тоа да ја изневерил секој маж во животот нејзин, тогаш тоа се ситници кои полека ја полнеле чашата се додека еден ден не прелила, е кога дошол тој ден, тука веќе нешто тргнало наопаку.. нешто избегало од контрола, тука е тој момент кога едноставно некои луѓе не можат да се справат со реалноста и наоѓаат начини како да ја ублажат болката и како да се убедат себеси дека сеуште имаат контрола над својот мозок.
Нејзиниот начин бил тој измислен свет, каде нејзе сите ја сакаат и сите и обрнуваат внимание а она е таа што бира кому ќе му посвети внимание, кому ќе му каже "те сакам"... во нејзиниот измислен свет таа е центарот на сите случувања, околу нејзе се вртат сите работи и таа ја одредува судбината на сите луѓе. Така кога ќе помисли дека некој не може без неа,таа се трга и го остава тој човек за да пати и да ја осети болката што длабоко во неа се крие. Затоа е многу тешко со обичен разговор да се допре до таа особа и да се врати во реалноста, затоа што во нејзиниот мозок вие сте уште една нејзина играчка.

Единствено што можев да го извлечам како поука од сето ова е дека човек треба секогаш да биде свесен за она што го кажува и го прави и да размисли како тоа се одразува на околината, како околината го прифаќа сето тоа. Се надевам само дека во иднина родителите ќе обрнуваат повеќе внимание на своите деца и на тоа како тие се развиваат. Не е лесно да се биде родител... али ако веќе си се фатил за орото, играј го до крај и играј го како што треба..
 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
Ако земеме во предвид дека секој од нас лаже,тогаш не би било убаво да се навредуваме и да се нарекуваме лажговци,туку луѓе кои што ја преовеличуваат вистината,некој повеќе некој помалку.:D
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Ако земеме во предвид дека секој од нас лаже,тогаш не би било убаво да се навредуваме и да се нарекуваме лажговци,туку луѓе кои што ја преовеличуваат вистината,некој повеќе некој помалку.:D
изгледа се уште не си сретнал некој таков :D
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Епа неможеш само ти но кога ке види дека повеќе луѓе го онадуваат ке се свести..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom