Вака:
фор циклус кој ќе почнува од 0 и ќе оди до должината на низата
уште еден фор циклус со бројач „j“ кој ќе почнува од 1 и ќе оди до должината на низата
ако елементот ј е помал од елементот ј-1
тогаш
привремена променлива = елементот ј
елементот ј = елементот ј-1
елементот ј-1 = привремената променлива
Значи со ова ги поместуваш елементите такашто елементите со помала вредност одат накај почетокот на низата, а оние со поголема вредност одат кон крајот на низата со што на крај ќе добиеш сортирана низа почнувајки од најмалиот па се до најголемиот број.
Е сега пробај сам објаснетото да го претвориш во код за да можеш да го сватиш, ако заглавиш кажи и ќе ти пишам и код.
П.С. Исто така и долниот код од Jordan Rudess мислам дека работи како што треба.
Овој код вака работи...
елементот „i“ го споредува со останатите елементи од низата и ако елементот „i“ е поголем од некој елемент кај што се движи „j“ тогаш им ги заменува местата со што на крај ќе добиеш низа сортирана од најмалиот кон најголемиот.
Мислам дека добро објаснив.