Не се допира конструкцијата со каминот. Каминот си е на вградени ногарки, и целиот дел позади каменјата е шуплив и е само маска за опремата. Гипсот е огноотпорен, и од внатрешна страна има 5 цм камена волна за да не се криви гипсот од топлина. Има отвор со вратичка за интервенција - не се гледа на сликите. Земав силикон до 1400 степени, за да ги премачкам споевите на кривините.
Кажи од каде да најдам добар и тивок вентилатор, отпорен на висока температура 70-80 степени??
Идеата со бушење отвор беше од под каминот да оди воздухот директно во него, за да не шета ладниот надворешен воздух по цела соба.
Мислам дека ме фати околу 100 еур со негов камен и работна рака, а со мој лепак. Каменот за седење е гранитен, и тежок за обработка. Ако има некој потреба, го препорачувам дечкото, проверен и одличен мајстор[DOUBLEPOST=1404164993][/DOUBLEPOST]
Ако нема друг влез за воздух освен тој на вратничката тогаш не се мачи ич да правиш дупка внатре во ѕиданото пошто секако нема од каде да влези, тоест прво ке влези во собата па после во каминот. А такви дупки веќе имаш и се викаат прозорци.
Ако клапната е отворена а дотокот на воздух затворен а каминот сепак гори со полна снага и нема видливо намалување на пламенот тогаш најверојатно не ти дихтова како што треба, а пошто е гусен неможиш многу што да направиш околу тоа. Едноставно ке немаш потполна контрола на согорувањето а со тоа и потрошувачката на дрва ке ти се зголеми а и ефикасноста на самиот камин нема да биди на завидно ниво. Но тоа е тоа, тука неможеш многу многу што да направиш. Секако клапната како што напоменав не е решение за регулација на горењето туку служи за друго.
Значи ако каминот е разгорен со полн пламен, клапната е отворена а примарниот воздух го затвориш целосно би требало за некој момент откако ке го потроши кислородот што е моментално вантре да има видливо гушење на огнот.
И не се секирај за чадењето од кај стаклото пошто ако оџакот влечи како што треба нема шанси од таму ни димче од цигара да излези. Ке провериш со тоа што ке запалиш цигара и ке ја доближиш до стаклото каде е направен процепот и ке забележиш како чадот влегува внатре а не излегува надовр.
Секако ако ти е клапната отворена, ако е затворена ако прочади тој процеп на стаклото ке ти биди најмалиот проблем.
Само внимавај на стаклото да не го скршиш и никако што и да правиш немој стаклото да ти се допира со металот. Помеѓу него и металот мора да има стаклена плетенка а не директно да лежи на метал. Мислам ке забележиш и самиот како е прицврстено и дека ако е правен салам дека никаде стаклото не лежи на метал туку има нешто измеѓу. Значи и да ја правиш модификацијата на ова посебно внимавај.
Од сликите неможам да забележам но дали кога го ѕидавте каминот или кога го опшиваше мајсторот со гипс картон , дали забележа дали каминот се допира со конструкцијата или таа е одделена физички од него барем за некој мм, тоест дали каминот виси во просторот или е врзан со конструкцијата.
Ако е врзан со тек на време доста веројатно е да ти напука на спојовите. После дали ти остави горе и долу простор за циркулација на топлиот воздух и дали ти остави можност да ја чистиш боријата некако пошто порано или покасно на неа ке се налепи гареж, а незнам дали има пристап од горилникот за чистење на боријата и спојот на боријата со оџакот пошто тука најчесто ќе се затнува со саѓи и гареж.
И ако не е тајна колку те кошташе ѕидањето. Дали со негов материјал или само за работна рака .[DOUBLEPOST=1404164037][/DOUBLEPOST]За каде вентилаторче. За да циркулира воздухот од опшиеното во собата ? Колкава е собата и дали предвидовте во самата конструкција таква можност. Ако е собата мала нема потреба , ке си циркулира воздухот сам. Веќе ако бараш вентилаторче тогаш барај некое тивко како кулерите за компјутер само да работи на 220 волти. Сега незнам како е изведено но две мислам дека ке бидат доволни за присилна циркулација. Нормално ке ги поставиш долу и да дуваат навнатре во конструкцијата, а не да влечат жежок воздух. Мада ако ти е за истата просторија каде е каминот немаш некоја поголема потреба освен ако ти е кеф. Можеш да ги направиш да се уклучваат рачно или на термостат ама сепак би ти препорачал рачно( мислам на прекинувач).
За вентилаторчето,сега видов
Собата е 40м2, си има природна циркулација, влече од кај дрвата а турка горе од кај белиот ѕид. Пријател вгради вентилатор и драстично се зголеми температурата во собата. Планирам на местото на решетката да ставам вентилаторче, за сега едно, да влече топол воздух и да го внесува во собата. Видов во бриколаж убаво метално вентилаторче за повисока температура, околу 1500 беше,ама не бев сигурен за бучавоста, па мислев ако знаеш....