Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас сум пред 2001 генерација, мене македонскиот ми беше пред англискиот, кажи ми ти мене дали е фер трите твои јазици да се македонски-англиски-германски, а моите први 3 се албански - македонски - англиски. Зошто јас од дете да имам помали шанси за успех, и не викам само мене тоа ми се случувало, ова е ситематска дискриминација.
Кога у Албанија и Косово ќе почнат да размислуваат исто ко што ти не учиш тука, без проблем се ќе прифатиме Дуи што бара. Ја не би имал проблем претседател да биде Арсим Зеколи, не ми значи што е по националност, туку што има во главата.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.601
Поени од реакции
5.221
Кога у Албанија и Косово ќе почнат да размислуваат исто ко што ти не учиш тука, без проблем се ќе прифатиме Дуи што бара. Ја не би имал проблем претседател да биде Арсим Зеколи, не ми значи што е по националност, туку што има во главата.
Искрено не ме интересира како е во Албанија или во Косово. Мене ме интересира за земјата кај растев јас, и утре моето дете.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Вистина Ахмети рекол:
"Јас му помогнав и овозможив на Заев да оформи влада 2016, тој ја прокоцка и продаде државата.
Сега нема да дадам повторно да ја урнисува. Јас под мој закрила ќе раководам со државата"
Да
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.601
Поени од реакции
5.221
Проблемот е што сеуште има каури кои мораат да живеат на такви места. Господ нека им е напомош во оваа земја, во која за вас не важи ни еден ебан закон.
Зошто да не ми е на помош и на мене, јас баш живеам кај нема закони.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Искрено не ме интересира како е во Албанија или во Косово. Мене ме интересира за земјата кај растев јас, и утре моето дете.
Па и мене исто ме интересира. И кога ќе видам како Македонци живеат во Албанија и како се третирани сразмерно со тоа што вие тука го уживате, што ја да му кажам на моето дете? Мислам дека е во ред да се воведе реципроцитет за да бидемеме праведни до крај.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.435
Поени од реакции
9.087
По оваа логика зошто албанците да учат македонски? Јазик кој го зборуваат милион луѓе.
Автоматски споено мислење:

:pos:
Jaс мислам дека не ви е комплетно барањето Македонците од прво одделение задолжително да учат албански. Пак нема да се разбереме меѓусебно. Туку, вие оваа книга да ја преведете на албански и да ја направите задолжителна лектира за секој основец, како би ни ги доловиле вашето културно наследство, обичаи, менталитет и сферите во кои сте експерти, за и оние кои не ве знаат, да ве осознаат во потполност.

1595004155126.png
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Јас сум пред 2001 генерација, мене македонскиот ми беше пред англискиот, кажи ми ти мене дали е фер трите твои јазици да се македонски-англиски-германски, а моите први 3 се албански - македонски - англиски. Зошто јас од дете да имам помали шанси за успех, и не викам само мене тоа ми се случувало, ова е ситематска дискриминација.
Ако си одел во школо 1-8 одделение измеѓу 1991-2001, Македонскиот јазик ти бил задолжителен зошто бил единствен службен јазик во тоа време, сакал или не сакал, си бил приморан да го учиш, како и останатите малцински етнички заедници, турци, роми и тн. Ако ти велиш дека си дискриминиран, тогаш и останатите етнички заедници биле дискриминирани по иста основа, и сеуште се, ама така е и сега во сите земји. Сега работите се поинакви, Албанскиот јазик е службен јазик на оваа држава како и Македонскиот, ако ние одбиваме изучување на Албански јазик, и вие имате легитимно право да одбивате изучување на Македонски по ист основ.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.169
Учење на албански од сите не е барање на Ахмети. Тоа ќе биде еден од условите за влез во ЕУ, кога ќе ги отвораме поглавјата. Затоа што таму пишува дека официјалниот јазик/јазици на државата треба да ги изучуваат сите, за полесна интеграција и намалување на раздалеченоста помеѓу заедниците. Од најрана можна возраст.

Всушност, пред 10тина години од ЕУ го плескаа Ахмети дека треба да дозволи Албанците да изучуваат македонски од најрана возраст со истиот аргумент. Само сега ќе биде македонски и албански.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.247
Поени од реакции
16.392
Добро тогаш наместо три ете имајте четири јазици за учење, ние ќе останеме дискриминирани со 3 доста ни се (мкд-гер-анг) нема да се буниме.



Ова го изјави после изборите

Наводно не го прифаќал Заев за премиер се барало нов лик, ЗЗ го наметнувал Никола Димитров како наследник ем погоден за странците
а заборавате на Блгарски јазик ???
Кога ќе дојде да се отвараат поглавија има да си бара Блгарија..
башка и на Албанија и наметнаа на блгарски мислам 1 тв програма и друго
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.081
Поени од реакции
25.206
Зошто да не ми е на помош и на мене, јас баш живеам кај нема закони.
Каков тонч! Или touche' што би рекле миленијалциве!

Ти не си спахија, ти си бре паша.

Радниче, 15 години сум на форумов. За апсолутно никој друг член не сум имал вакво од крајност до крајност мислење кое се менува на часовна основа како расположение на жена во ПМС. Во еден момент сакам да сме во кафана, да јадеме свинско, да пиеме вино и да запалиме една позната арапска книга додека во позадина оди дагестанска музика, за веќе во следниот да прочитам нешто од тебе и да посакам да те полијам со мрша и унатрешници од свежо заклана коза и да те фрлам во кафез со двоглави орли, завршувајќи го на тој начин како маченик симболично и иронично целото твое постоење и залагање за шиптaрлукот на форумот. Ја тебе морам да те упознаам у животов. Ќе бидеме како Боро и Рамиз. Еве ја ќе бидам Рамиз ако сакаш.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Tука мислам дека имаш мала утка. Традиционалните гласачи на ВМРО не го гледаат Груевски како негативен лик, напротив . Да има внатрепартиска анкета Груевски ќе биде пред Мицковски и тоа јако, Груевски дури можеше и да им помогне во кампањава можам да кажам. Голем дел од тие разочарани од ВМРО се всушност Груевисти што Мицковски не го гледаат за достоен.

Темата Груевизам он ја загриза и ја лапна под притисок на СДС и нивните медиуими и мораше да покажува секој ден како он е различен, без да сфати дека колку и да се труди, за нив секогаш ќе биде Груевист.
Да излезеше на некој митинг со слика од Груевски од лево и од Андон Ќосето од десно, поубаво ќе поминеше него што помина со импотентноста на Тимчо и Николовски.

Тој проевропски дискурс во кој сакаше срамежливо да цапа, а во исто време да е патриотска опција му се опна од глава. Работите се многу јасни, нема и кур у гз и душа во рај.

ВМРО не подразбира конформизам функции и швалерки, подразбира глава во торба... и швалерки, добро. :icon_lol:
Има тука доста вистина, тоа е таа фракција квази патриоти кои што во времето на Грујо уживаа разно разни привилегии и сега со носталгија гледа на таа владавина, ја поима како општонародна. Грујо во суштина успешно оперираше со онаа група на граѓанство лесно подложна на манипулации. Во руралните средини посебно е силен овој култ. Ова беше купена доверба, навистина немаше ништо со некава национална кауза и патриотизам, туку чист опортунизам во обете насоки.

Сепак мислам дека има една група што го негува култот исклучиво кон симболиката на кратенката ВМРО и се чувствува предадено од ноншалантноста на актуелното раководство, очекувајќи некаков порадикален пристап.
Во реалноста факт е дека ВМРО имаше огромен простор да гради база на гласачи доволно голема за да сега Заев и неговата владавина завршат на политичката депонија.

Традиционалните гласачи на ВМРО последниве години се потиснати од политиките на СДС кон руралните области. Голем дел од нив се иселија, оставија имот позади. Нивните потомства не паѓаат на фори од типот субвенции, млад земјоделец, работа во ф-ка за кабли, метач во комуналец...
Лојалноста на јавната администрација е променлива варијабла и од тој аспект СДС создаде солидна база на гласачки ботови.

На ова ВМРО нема да му биде толку лесно во вакви едни околности да манипулира со истите фори како што правеше Грујо. Тие сега кога не успеаа да победат, се прашувам каде ќе бидат за четири години ако останат во опозиција а притоа не сменат ништо драстично во нивните сегашни политики.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.534
Поени од реакции
2.648
Во Гостивар нема вакво нешто.
Во Кичево го имаше во основно училиште , јас лично учев албански 7 и 8 , предметот беше "изборен" ама дефакто задолжителен.Настрана муабет три ебани чисти од албански немам и покрај тоа што имав 5ки :D
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
а заборавате на Блгарски јазик ???
Кога ќе дојде да се отвараат поглавија има да си бара Блгарија..
башка и на Албанија и наметнаа на блгарски мислам 1 тв програма и друго
Тоа и не е некој реален проблем што неможеше да се избегне. Проблемот што оваа држава сега си го има со Бугарија, е нешто што сама си го бараше. Додека Грујо, и цела таа багра што беше пред него назад се до Екс-Југославија, урлаше, умрете татари и фашисти, не мислеа дека еден ден Бугарија ќе биде во позиција да им наплати за се. Ова е нешто што македончето само си го бараше, а немораше да биде така.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom