fkpromaja
In the Heaven.
- Член од
- 28 јули 2012
- Мислења
- 449
- Поени од реакции
- 256
Со свечено отворање во Фишт стадинот во присуство на над 40000 илјади гледачи, со почеток во 17 часот, со пренос на паралимпискот канал на и запалувањето на паралимпискиот оган се отворија зимските паралимписки игри 2014 во Сочи. На отворањето на паралимписките игри присуствуваа над илјада танчери на неколку точки во кои се прикажа руската традиција, и паралимпизмот во целиот свет. Програмата на свеченото отворање на Паралимписките игри ја збогати интересната содржина и многуте точки, меѓу кои и онаа на која беше прикажана руската традиција на мразокршачките бродови. Свечениот паралимписки говор кој е дел на почетокот на секои паралимписки игри го одржаа Филип Кравен (претседател на меѓународниот паралимписки комитет), Дмитри Черешенко и Владимир Путин кој ги прогласи за отворени зимските паралимписки игри во Сочи. Паралимпискиот оган го запалија познати руски паралимпијци. Со величенствен огномет на крајот на програмата, свеченото отворање заврши.
Паралимпизмот, полека но сигурно се зацврстува во мрежата на најголемите многу-спортни
настани во светот, игри на лицата со инвалидитет.. Официјално, единаесетите зимски паралимписки игри, (ќе) се одржат во Сочи, Русија, од 7 до 16 март 2014 година.
Податоци за паралимписките игри :
Распоредот можете да го погледнете на официјалната страница, sochi.ru.

настани во светот, игри на лицата со инвалидитет.. Официјално, единаесетите зимски паралимписки игри, (ќе) се одржат во Сочи, Русија, од 7 до 16 март 2014 година.
Податоци за паралимписките игри :
- Настани : 72.
- Спортови : 5.
- Место на одржување : Сочи, краснодарски крај, Руска федерација.
- Број на спортисти : 550.
- Најголеми делегации : САД, 80 спортисти и Русија со 62.
- Држави учеснички : 45 (Во најголем дел од Европа).
- Времетраење : 9 дена, од 7ми до 16ти март, 2014 година.
- Сетови на медали : 72
- Запалувачи на паралимпискиот оган : Сергеј Шилов, Олесја Владкиња.
- Место на запалување на паралимпискиот оган : Стоук Мандевил, ОК, градот на паралимпизмот.
- Маскоти : "Ray of Light" & "Snowflake"
- Официјално отворени од : Владимир Путин, претседател на РФ.
- Места на одржување на игрите : Олимписки парк, Краснаја Пољана.
- Учесници во процесот на доделување на домаќин на ПИ 2014: Пјонгчанг (Јужна Кореја) Салзбург (Австрија) и Сочи (Русија)
- Онлајн пренос : http://www.youtube.com/channel/UCi8n36NkW2uCQSFZNiYtuMQ ПАРАЛИМПИСКИ КАНАЛ
- Број на волонтери : 2500+
- ПАРАЛИМПИСКИОТ факел го носеа преку 1600 лица, од кои 35 проценти со инвалидитети.

Распоредот можете да го погледнете на официјалната страница, sochi.ru.
Последно уредено: