Параолимписки игри, Сочи 2014 (Новости)

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Со свечено отворање во Фишт стадинот во присуство на над 40000 илјади гледачи, со почеток во 17 часот, со пренос на паралимпискот канал на и запалувањето на паралимпискиот оган се отворија зимските паралимписки игри 2014 во Сочи. На отворањето на паралимписките игри присуствуваа над илјада танчери на неколку точки во кои се прикажа руската традиција, и паралимпизмот во целиот свет. Програмата на свеченото отворање на Паралимписките игри ја збогати интересната содржина и многуте точки, меѓу кои и онаа на која беше прикажана руската традиција на мразокршачките бродови. Свечениот паралимписки говор кој е дел на почетокот на секои паралимписки игри го одржаа Филип Кравен (претседател на меѓународниот паралимписки комитет), Дмитри Черешенко и Владимир Путин кој ги прогласи за отворени зимските паралимписки игри во Сочи. Паралимпискиот оган го запалија познати руски паралимпијци. Со величенствен огномет на крајот на програмата, свеченото отворање заврши.


Паралимпизмот, полека но сигурно се зацврстува во мрежата на најголемите многу-спортни
настани во светот, игри на лицата со инвалидитет.. Официјално, единаесетите зимски паралимписки игри, (ќе) се одржат во Сочи, Русија, од 7 до 16 март 2014 година.

Податоци за паралимписките игри :

  • Настани : 72.
  • Спортови : 5.
    • Алпско скијање (32)
    • Бијатлон (18)
    • Нордиско трчање (20)
    • Паралимписки хокеј (1)
    • Карлинг на инвалидска количка (1)
  • Место на одржување : Сочи, краснодарски крај, Руска федерација.
  • Број на спортисти : 550.
  • Најголеми делегации : САД, 80 спортисти и Русија со 62.
  • Држави учеснички : 45 (Во најголем дел од Европа).
  • Времетраење : 9 дена, од 7ми до 16ти март, 2014 година.
  • Сетови на медали : 72
  • Запалувачи на паралимпискиот оган : Сергеј Шилов, Олесја Владкиња.
  • Место на запалување на паралимпискиот оган : Стоук Мандевил, ОК, градот на паралимпизмот.
  • Маскоти : "Ray of Light" & "Snowflake"
  • Официјално отворени од : Владимир Путин, претседател на РФ.
  • Места на одржување на игрите : Олимписки парк, Краснаја Пољана.
  • Учесници во процесот на доделување на домаќин на ПИ 2014: Пјонгчанг (Јужна Кореја) Салзбург (Австрија) и Сочи (Русија)
  • Онлајн пренос : http://www.youtube.com/channel/UCi8n36NkW2uCQSFZNiYtuMQ ПАРАЛИМПИСКИ КАНАЛ
  • Број на волонтери : 2500+
  • ПАРАЛИМПИСКИОТ факел го носеа преку 1600 лица, од кои 35 проценти со инвалидитети.




Распоредот можете да го погледнете на официјалната страница, sochi.ru.

 
Последно уредено:

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Нашиве Олимпијци и на Параолимпијадава би завршиле последни.
Хахаха, добра беше оваа олимпијада за нас, Антонио Ристевски заврши 29ти на 2рата трка, го сруши државниот рекорд..Не е малку да се биде во топ 50 на олимпијада и тоа во спуст... Но неговата тактика беше да се вози поспоро, затоа што можеше да одлета од стазата како ред други олимпијци меѓу кои и легендарниот Тед Лигети :)

Инаку, најновиот медал го зеде Виталиј Лукјаненко од Украина, во паралимписки бијатлон, со време од 20 минути 20 секунди и осумнаесет стотинки. На врвот на табелата е Русија со 12 медали од кои четири златни после неа Германија со два медали (2 златни) и Украина со еден златен еден бронзен и два сребрени, вкупно 5 медали... Во тек се квалификациите во Раунд Робин карлинг и паралимписки хокеј на мраз.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
31.161
Поени од реакции
73.515
Хахаха, добра беше оваа олимпијада за нас, Антонио Ристевски заврши 29ти на 2рата трка, го сруши државниот рекорд..Не е малку да се биде во топ 50 на олимпијада и тоа во спуст... Но неговата тактика беше да се вози поспоро, затоа што можеше да одлета од стазата како ред други олимпијци меѓу кои и легендарниот Тед Лигети :)

Инаку, најновиот медал го зеде Виталиј Лукјаненко од Украина, во паралимписки бијатлон, со време од 20 минути 20 секунди и осумнаесет стотинки. На врвот на табелата е Русија со 12 медали од кои четири златни после неа Германија со два медали (2 златни) и Украина со еден златен еден бронзен и два сребрени, вкупно 5 медали... Во тек се квалификациите во Раунд Робин карлинг и паралимписки хокеј на мраз.
Не знам не ја пратев Олимпијадата, само вака што читав по форум и по нашиве портали, али баш налетав кога некоја од нашиве девојки во скијање заврши претпоследна од милијарда натпреварувачи, и знам се шегуваа на нејзина сметка...
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Не знам не ја пратев Олимпијадата, само вака што читав по форум и по нашиве портали, али баш налетав кога некоја од нашиве девојки во скијање заврши претпоследна од милијарда натпреварувачи, и знам се шегуваа на нејзина сметка...
Темава не е наменета за олимпијада, но неможам да прокоментирам...Јас не знам ни како ја пратија таа Марија Колароска на олимпијада, еееј! Толку се обрукавме шо оној Дарко Дамјаноски се најде паметен да го продава телефонот од Сочи што му го дале, која брука.

Информација #1 за паралимпиското движење :

Во 1вата година од вториот миленијум, 2001та, Паралимпискиот меѓународен комитет склучи договор со меѓународниот Олимписки комитет во траење до 2020 година, во кои земјите домаќини на летните односно зимските олимписки игри, се воедно и домаќини на летните односно зимските паралимписки игри.Пред тоа паралимпиското движење се нарекувало Стоук Мандевил гејмс федерејшн.[DOUBLEPOST=1394291748][/DOUBLEPOST]Новост :

Во прелиминарниот натпревар во паралимписки хокеј на мраз, Соединетите Американски Држави поведоа со 5 спрема 1 против репрезентацијата на Италија во горе наведениот спорт.



САД:

Деклан Фармер, прв период за 1-0
Броди Ројбал, втор период за 2-0
Јошуа Свенси, втор период, за 3-1
Паул Шаус, трет период со два гола за 5-1


Италија:

Флориан Пенклер, трет период, за 1-3



Судии :

  • Canada
    Paul BOESE
    Referee
  • Canada
    Matthew CLARK
    Linesman
  • Russian Fed.
    Dmitriy KLOCHKOV
    Linesman
  • Russian Fed.
    German MAR'IN
    Goal Judge
  • Russian Fed.
    Dar'ya BRUSENTSEVA
    Goal Judge


Занимливост: Италија е држава која учествува во овој спорт на ПОИ без претходно учество на ЗОИ во овој спорт.
 
Последно уредено:

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Новости (9.3.2014)

Денеска на програмата ќе можеме да ја проследиме трката во Супер џи за мажи во сите три категории. Исто така натпреварите во паранордиско скијање ајс слеџ хокеј и вилчеир карлинг се денеска. Очекуваме бурна битка за медали во сите дисциплини.

#ParalympicGames #Sochi2014 #HotCoolYours
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Новости (10.3.2014)

Со голема возбуденост и неизвесност протекна и третиот ден на паралимписката програма за Сочи. Доделени се медалите во женска конкуренција во Супер Џи, во машка во паранордиско трчање. Кина убедливо против вечниот ривал во паракарлингот... Без драстични промени на табелата на земји медалистки. Русија убедливо со 24 медали вкупно пред Германија со 3 Украина со 7 Австрија и Јапан со 4 односно 5. Дали се надзира победникот на паралимпијадата? Останува да видиме! Паралимписки канал, 24/7, youtube.com!

#ParalympicGames #Russia #Sochi2014 #IceCube #KrasnayaPolyana #Medals #GoldMedal
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Новости (11.3.2014)

Денеска, Авија го имаше својот настап на сцената на паралимпијадата, како дел од културната програма на паралимпиското движење. Руската Федерација убедливо со 34 медали пред своите ривали, пред се Јапонија, Укранија и Австрија. Што се однесува до промените во програмата, женскиот слалом е поместен од 14ти за 12ти март на паралимписката програма. Иии да, за љубителите на оперската музика, на завршната церемонија на затворањето на паралимписките игри 2014, паралимписката химна ќе ја изведе познатиот тенор Хозе Карерас. Русија убедливо против САД со 2:1. Лошото време го одбележа денешниот ден, но паралимписката програма течеше без посериозни проблеми и кратења во програмата. За утрешниот ден е предвидена богата програма, особено во женската конкуренција, се гледаме на паралимпискиот канал!

#ParaympicGames #AdamPage #Badweather #Russia #Sochi2014 #BolshoyIceDome
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Новости (15.3.2014)

Претпоследен ден на игрите кој ќе го одбележат паралимпиското движење во светот, во 2014, во Сочи. Денот ќе го одбележат натпреварувањата во паралпско скијање, парнордиско трчање, парахокеј на мраз и паракарлинг каде што во последните две ќе се доделат медалите.

#Paralympcs #15thMarch #Hockej #Curling #GoldmedalGame
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Новости (16.3.2014)

Полека но сигурно, протекува и последниот ден на авангардните 9 дена во паралимписко Сочи. Можеби во хокејот не успеаја, но во парахокејот репрезентациите на САД и Русија го освоија паралимпиското злато односно сребро,додека Канада ја елиминираше Норвешка и стигна до ајс слеџ хокеј бронзионот медал. Во паракарлингот дочекавме нови изненадувања, односно, Канада се закити со злато, Русија со сребро а репрезентацијата во хокејот на мраз која не направи никакви поместувања на светските листи, Велика Британија ја елиминираше големата Кина и стигна до нејзината бронза. Во паранордиското трчање доминирапе Русија, а во паралпското скијање убедливо Французинките Словачките и Германките, иако Русија доминира со 16 вкупно медали во параалпското скијање. Денеска заврши и паранордиското трч. каде што повторно и денеска доминираше Русија. Се доделија и последните медали во 72те дисциплини, предлагам да ја погледнете листата на медалисти на паралимписките игри Сочи 2014, кои ќе остават голем белег во паралимписката историја.


1 РФ.
2 Германија
3 Канада
4 Украина
5 Франција
6 Словачка
7 Јапонија
8 САД
9 Австрија
10 ОК (ГБ)
=11 Норвешка
=11 Шведска
13 Шпанија
=14 Холандија
=14 Швајцарија
=16 Финска
=16 Нов Зеланд
18 Белорусија
19 Австралија

Битно е да се напомене, дека предвидувањата во врска со паралимписките игри кои беа воглавном порачани од западните медиуми беа скршени, бидејќи, кризата во Крим немаше никакво влијание врз духот на спортот, духот на паралимпизмот, духот на Сочи.
Следните зимски паралимписки игри ќе бидат одржани во Пјонгчанг, Јужна Кореја, каде што воедно ќе бидат и олимписките зимски игри ПЧ 2018.

Русија убедливо уште од првиот ден поведе на листата на медали, а заврши како прва со вкупно 80 медали од кои 30 беа златни.

Градот на црното море ја завршува својата долга приказна приткаена во духот на олимпизмот и паралимпизмот, ја завршува својата долга приказна во која што успеа да се покаже како прав домаќин, ја завршува својата долга приказна во која ги скрши сите предпоставки за сигурноста на игрите. Во следниот прилог ви доставуваме впечатливи моменти од ПОИ Сочи 2014, Русија. Уживајте.



Каде се одвиваше дејството?


---

Преносот на затворањето на игрите можете да го погледнете на официјалниот јутуб канал на игрите,

http://www.youtube.com/user/ParalympicSportTV
[DOUBLEPOST=1394994855][/DOUBLEPOST]
ПАРАЛИМПИСКИТЕ ИГРИ 2014 СЕ ОФИЦИЈАЛНО ЗАТВОРЕНИ
Со свечен церемонијал во 17 часот (по македонско време) започна затворањето на паралимпиското движење кое ја одбележи паралимписка 2014 година. Со илјадници танчери и волонтери се затворија и овие игри. Ја видовме и традицијата на Русија, светот уште еднаш виде дека и невозможното е секогаш возможно, видовме и како лицата со инвалидитет можат да бидат достојна конкуренција во спортските случувања, па и во сите сегменти на животот. Светот се гордее на паралимпизмот, светот уште еднаш покажа дека е подобро место за лицата со инвалидитет. Го видовме и епилогот на ледокршачот, но најнапред ја видовме и културата на паралимпизмот во идната паралимписка држава - домаќин, Јужна Република Кореја. Меѓународниот паралимписки комитет доби уште двајца нови членови, Австралијанецот Тоби Кејн и Холанѓанката фон Думбале. Ги видовме и двајцата нови добитници на наградата ЈЈ. Видовме повеќе од 300 танчери во блок сегментот на епилогот на игрите, повеќе од 1 час пливање во водите на паралимпизмот. Го слушнавме и тенорскиот глас на Хозе Карерас и петтата симфонија на Петар Чајковски, го видовме и Максим Садиков, единствениот брекј денсер во инвалидска количка во Руската Федерација. За сите сегменти да изгледаат авангардно, домаќинот се потруди да вгради и преку еден милион ЛЕД лампички во геометриските фигури. 26,000 соби во вкупно 40 хотели беа пополнети до последниот (пара)олимписки ден, овој 16 март. Но, дали Јужна Кореа ќе успее да ги руши рекордите на овие игри, како што кажа сер Филип Кравен, претседател на МПК, но едно е сигурно, овие игри ќе остават голема трага во светската спортска историја, во светската параспортска историја, во светската човечка историја, во светската историја на белите спортови, во историјата на Русија и во историјата на СОЧИ 2014!

Освојувачите на медали на овие паралимписки игри можете да ги погледнете во темата „Освојувачи на медали (ПОИ 2014)“ во секцијата Олимпијада, Сочи 2014 во форумот Останати спортови.






СЛИКИТЕ ОД ЕПИЛОГОТ НА СОЧИ2014ПОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНИЦА, sochi.ru


*Го замолувам администраторот на секцијата да ја заклучи оваа и темата за освојувачите на медали.
 
Последно уредено:
На врв Bottom