Параноја

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Многу често употребуван збор во секојдневието е зборот Параноја. :vozbud:
Во психологијата овој термин се користи како основен а од него се равиени многу видови на психички пореметувања.Во основа значењето на овој поим е дека одредено лице пати од искривен процес на размислување,пореметен начин на обработка на податоците кои ги прима во мозокот предизвикано од страв дека некој му прави нешто зад грб или кова некакви планови со лош исход за лицето кое е параноично.



Има многу видови и подвидови на параноја,од вообичаено “дување на ладно млеко“ откако сме имале некое непријатно искуство,преку чудни мисли предизвикани од делузија за некои работи,па се до тотално ирационален страв,манија од прогонување,гледање зад себе кога се оди по улица,барање скриена смисла во зборовите на соговорникот,пронаоѓање на непријатели и душмани зад секое ќоше и слично...а завршува со една од најтешките болести, параноидна шизофренија која често завршува со халуцинации и кататонија...:vozbud:



Дали сметате дека сте параноични,до која мера,дали сметате дека мала доза на параноја е добар зачин во секојдневието,дали познавате луѓе кои се параноични и дали би сакале да сте параноични (во случај да сте од околината карактеризирани како наивни...)
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Премногу опширна тема .........
Многу позитивно е да се биде параноичен денес, зошто секогаш кога сум ги гледала луѓето од светлата страна и сум се отворала сум била измамена на некој начин(со мој камен по глава) без генерализации, има исклучоци, инаку стравот е основен двигател на менталните процеси што предизвикуваат параноја, паранојата е толку многу мрежно поврзана со сите животни процеси, што дури тешко е да се издиференцира нормален страв од параноичен страв,...инаку јас имам параноична хипохондрија:pipi:
 
Г

Господ

Гостин
Не сум,сметам дека е нездраво и не сакам да сум параноичен.
Зошто би сакал да го живеам животот постојано обрнувајки се преку рамо,во сомнеж барајки заговори во конзерви сардини?
Стравот колку и да е корисен во ситуации толку може и да доведе до лудило.
Then you get high on evil spirits.
И завршуваш со кошула со дупло подолги ракави во конзерва од соба 2x2.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Параноична по малку во врска со луѓето околу мене.
Многу пати сум била изигрувана и повредена без да очекувам,па затоа сега предвреме се спремам,за евентуално разочарување или `напад`:baeh:
не би рекла параноична,но претпазлива-да.

Добро е во граница на нормала,да гледаш што се случува околу тебе,да анализираш...а не како мене да спиеш:pos:па да не знаеш од кај те удрило.
 
S

smart ass

Гостин
Знам случај на параноично паничен напад,имено станува збор за лице кое работи во странство...го немав видено долго време,сега повторно е низ светов...но параноја тешка го удрила баш на аеродромот-пред да појде..тоа никогаш му се немало случено,ниту пак имал фобија но ете шит хепнс...па после 5 минути параноја тешка колабирал...па брза помош...

Сепак мило ми е што успеа да ја победи и повторно се качи во авион и си го продолжи патот кој го избрал...но месец дена откако му се случи тоа,инаку како што ми кажа на самата помисла на аеродромот...луѓе...и одма го фаќаше..но фала богу заврши и тоа,нормално со помош на психијатар.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.626
Поени од реакции
18.108
Параноја е премногу широк поим. Конкретно паранојата може да биде дијагностицирана во три основни форми (ќе ги напишам на англиски пошто не ми се познати конкретните називи на македонски):

Paranoid personality disorder

Карактеристично кај оваа дијагноза е тоа што се работи за поединци кои навидум имаат конфликтна природа и постојано се караат со сите кои се во нивното опкружување. Обично тие мислат дека се исмејувани или озборувани позади грб, дека никој не сака да ги дружи, мислат дека на работното место нивниот претпоставен има нешто лично против нив, доста се сомничави и немаат доверба во никој и ништо. Обично се работи за хиперсензитивни личности кои приметуваат буквално се и секогаш држат одбранбен став, во случај да се криви тие не прифаќаат никаква вина а влегуваат во жесток конфликт доколку нешто ним и најмалку не им се допаѓа. Обично се работи за ладни личности без емоции кои не ја доближуваат до никој својата интима.

DELUSIONAL (PARANOID) DISORDER

За овој тип на параноја може да се каже дека е идентичен со првиот, со тоа што оваа состојба се смета за посериозна. Луѓето сметаат дека се жртви на организирани заговори. Мислат дека ги следат шпиуни, дека се прогонувани од органите на власта, дека постои некаков организиран и професионален обид тие да бидат ликвидирани, отруени или да им биде наштетено на било каков начин. Интересно е што постојат 6 подтипа на овој вид на заболување

прогонувачки тип - карактеристично е што овој подвид е најраспространетиот подтип. Обично кај овие луѓе се јавуваат токму оние симптоми кои што ги набројав погоре. Тие сметаат дека против нив постојат организирани планови за нивно убиство или за нарушување на нивниот углед и репутација.
љубоморен тип - во оваа ситуација индивидуалците носители на параноја кои што се во врска обично сметаат дека мала промена во изгледот или облекувањето или пак мало доцнење значи дека партнерот е неверен. Битно е тоа што овој тип на луѓе во повеќето случаи може да бидат насилни и опасни за нивниот партнер, па дури постои и опасност од убиство.
еротомански тип - во овој случај индивидуалците се убедени дека во нив се заљубени некои познати личности и дека поради други луѓе тие не можат да стапат во контакт со нивните познати љубовници. По што обично ги следат и се опседнати со нив, и на било кој начин се обидуваат да стапат во контакт.
грандиозен тип - луѓето со грандиозни илузии сметаат дека тие се многу важни за општеството, и сметаат дека поседуваат моќ да им помогнат на некои луѓе со одреден тип на проблем. Обично ваквите луѓе сметаат дека измислиле лек за некоја смртоносна болест, или пак се сметаат за важни луѓе во државата кои можат да решат некои круцијални проблеми, тие неретко се перцепираат себе си и за кралеви, принцови и така натаму.
соматски тип - кај овој подтип е карактеристично тоа што носителите се убедени дека имаат некаков физички недостаток иако е се во ред со нив, неретко се случува да мислат дека испуштаат чуден мирис или пак дека нивните тела се населени со паразити кои на изглед наликуваат на инсекти кои им го лазат телото.
хипохондрици - обично овие луѓе чувствуваат дека имаат некаква болест или болка а всушност се е во ред со нив. Овие луѓе или не одат на лекар и почнуваат сами да се лечат, или пак постојано одат на лекар иако тој им кажува дека се потполно здрави, по што тие почнуваат да веруваат дека лекарот кова некаков заговор против нив. Најчеста болест на која се жалат е забрзано чукање на срцето.

PARANOID SCHIZOPHRENIA

Параноидната шизофренија е најсериозен облик од сите облици на параноја. Таа ги опфаќа обично сите симптоми на обична параноја плус аудио халуцинации а во некои случаеви можат да бидат и визуелни. Кај болните од параноидна шизофренија се јавуваат обично гласови. Тие гласови нив им објаснуваат како да се однесуваат, ги предупредуваат дали постои некаква опасност или закана, потоа тие перцепираат дека имаат натприродна моќ да читаат или да всадуваат мисли или пак се плашат дека нивните мисли можат да бидат читани односно дека некој друг им ги создава. Неретко се случува да овие луѓе имаат наплив мисли и да не можат да се фокусираат на една мисла, притоа тие ја губат и способноста да разликуваат што е релевантно а што не е од одредена содржина или пак кога некој им се обраќа, така што во тој момент не е возможно да се комуницира со нив. Кај првите две пореметувања луѓето носители се способни за работа и други активни умствени процеси, додека кај третиот тип постои целосна интелектуална дисорганизираност и неспособност за било какви интелектуални активности доколку не ја примаат терапијата.

Како главни причинители за параноја се издвојуваат гените, стресот и користењето на разни биохемиски супстанци кои може да бидат лекови или наркотици. Со тоа што за да еден човек развие некои од овие заболувања би требало да да има некакво гентеско наследување кое ќе се вклопи со дејствието на оклоинските фактори како што се стресот или наркотиците. И кога сме веќе кај наследувањето еве некои податоци околу шизофренијата, поединците од генералната популација имаат шанси од 1 % да развијат параноидна шизофренија. Деца кои имале еден родител шизофреничар имаат оклу 10 % шанси да ја добијат болеста, додека највисока е веројатноста кај еднојајчаните близнаци каде доколку едниот близнак има шизофренија шансите другиот да ја развие болеста се 50 %.




Конкретно за шизофренијата кај мажите најранлива возраст е 18 години или некаде во адолесцентниот период додека кај жените таа возраст изнесува 25 и може да се движи и до 30 години.
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
42
Поени од реакции
6
Едно е да бидеш параноичен а сосема друго е да бидеш претпазлив.
Паранојата не е воопшто позитивна работа со која човек треба да се гордее ако ја има (сеуште не познавам такви).Таа пред се претставува психички проблем кој треба да биде соодветно третиран во зависност од тоа во која фаза се наоѓа.Биди претпазлив во секој момент,но не и параноичен.:wink:
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Параноична сум во умерена доза. Не знам дали дека гледам премногу филмови, па си умислувам дека и мене тоа може да ми се деси. Еднаш бев ограбена, ми ја украдоа ташната, со пари, мобилен и се и сешто во неа. Од тогаш каде и да одам, едноставно не се осеќам мирно ако ташната не ја држам или ако не ми е под око.
Исто и кога одам сама по улица навечер, се вртам на секои 2 минути да не има некој лудак позади мене. Еднаш шетаме со друштво по темни улички, т.е. се враќавме од негде, и темно комбе закочи пред нас и јас нормално истрчав, имав трип дека ќе не киднапираат, па триста глупости си замислив. Веројатно тоа е параноја? :unsure:
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Параноична сум во умерена доза. Не знам дали дека гледам премногу филмови, па си умислувам дека и мене тоа може да ми се деси. Еднаш бев ограбена, ми ја украдоа ташната, со пари, мобилен и се и сешто во неа. Од тогаш каде и да одам, едноставно не се осеќам мирно ако ташната не ја држам или ако не ми е под око.
Исто и кога одам сама по улица навечер, се вртам на секои 2 минути да не има некој лудак позади мене. Еднаш шетаме со друштво по темни улички, т.е. се враќавме од негде, и темно комбе закочи пред нас и јас нормално истрчав, имав трип дека ќе не киднапираат, па триста глупости си замислив. Веројатно тоа е параноја? :unsure:
Истото... работата е што мене не ми е страв од луѓе, комбина, коли..страв ми е од духови и непознати сили :confused:
 
D

dobramuzika

Гостин
параноичен сум... навечер кога си одам накај дома, сам секогаш проверувам да не ме следи некој... има и други примери, ама доволен е еден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom