Pa mislam redno e nekoj da go otvoro prasaneto za terorot vrz hristijanite vo toj region.Ne im dozvoluvaat ni da se prekrstat bez da prasaat nekoj muftija da im odobri.A sega prodolzete kako ke zavrsel papava tamo.
Сосема се сложувам со тебе. И во вториот дел во кој со иронија ги повикуваш да плукаат само.... Забораваат дека навредуваат чуствата на некои верници, припадници на неговата религија и тоа се над милијарда на број! Забораваат дека сите нивни идоли денес во фудбалот кои ги обожаваат до фетиш, се припадници на таа религија.и Роналдо и Меси (другите си ги знаете)... Забораваат дека нивните овдешни идоли Гвујо и Хорхе, па и оној несреќата ‘ Бааанко Ц... ќе отидат во Ватикан да му бацуваат рака ко ќе дојде чествувањето на Св. Климент и денот на Светите браќа Кирил и Методиј... Заборават дека нивниот национален јунак Гоце Делчев се поклонувал токму на Папата, Католик бил тој (додуша не Римокатолик, но и Унијата е исто Католичка Црква) исто како и многу почитуваниот Епископ Партениј Зографски... и нив ли ќе ги плукате? Потоа браќата Константин и Димитрија Миладинови кои спремале создавање на Охридска Унијатска Архиепископија.... Иста идеја имал и Митрополитот Теодосиј Гологанов, но бил испратен на доживотна ‘‘византација‘‘ на Рилскиот манастир!
Малку почит да се покажеше.... бре луѓе!
Темава е Папата но во обид за одбрана на Христијаните. За тоа зборувајте, ако имате што. Не се бавете со него на начин на кој има погоре некои пишувања...
Лесно ви е да бидете тука христијани, одете во Либан бидете и курчете се! Или незнаевте дека во Либан (земја на блискиот ист.) опкружена со муслимански држави има Христијани?.... Некои мислат дека само во Европа и на Америчките два континенти ги има... ги има и во Либан и во Египет и тоа Православни - Копти! Ги тепаат како стока сега особено по рушењето на Мубарак - кутрите тие. Кој мрдна од православниот Свет? Зошто не се огласи Вартоломеј? Зошто не отиде таму, или во Либан. Не е доволно на литургија во Црква или во посета на Атина. Таму да отидеше на лице место и да им каже на верниците нешто.. Или нашава Црква да се огласеше со осуда!?
Знаете ли дека Нигерија денес има повеќе Христијани од една Германија да речеме? Знае ли некој како живеат тие Христијани во мнозински муслиманска земја од 150 мил жители? Се претпоставува дека во Кина има до 70 милиони Христијани!
Што прават Светите Христијански Цркви по тоа прашање? Правата и положбата на нивните верници како малцинства!? Лесно ти е да бидеш Муслиман во Швајцарија, оди биди Христијанин во Нигерија на пример... или во Осетија и Нагорно Карабах во Русија!
Ова на Папата Бенедикт XVI е само обид, апел за мир. Тој апелираше да се сопре доставата на оружје во Сирија, што би помогнало да се сопре граѓанската војна и крво-пролевањето во таа држава...
Тој даде изјава на новинарите дека фокусот е промовирање и воспоставување мир на блискиот исток и хармонија меѓу Христијаните како малцинство и Муслиманите во Либан...‘‘Увозот на оружје конечно мора да престане‘‘... рече Папата Бенедикт... ‘‘Без увоз на оружје, војната неможе да продолжи. Наместо увоз на оружје, што е смртен грев, мораме да увезуваме идеи, креативност и МИР!!! Постои желба за поголема демократија, поголеми слободи, соработка и обнова....‘‘
Што тука не е во ред? Тоа е еден обид.. храбар обид на Папата да отиде таму после збиднувањата во Либија и протестите на скоро целиот муслимански свет...
Е па другите мислам на УН и на останатите институции нека направат повеќе.
Лесно ни е нас да седиме овде во удобните фотељи и да сереме како на пр. Јанко бурекџијата кој вели слаб бил одговорот на Обама во однос на последните настани во Либија... ‘‘пфффффф што направи Обама!? Ајде бе ништо!‘‘... Стварно!? Прати два воени брода наоружани до кров и 50-60 маринци и истражители на копно во Либија да истражат за убиството на нивниот амбасадор... А што требаше да направи? Атомска бомба да фрлеше? Ако може и во комшилук нели!?.... Еднаш гадови ни се светскине полицајци и окупатори секаде се мешаат....друг пат абе ништо не направија!?
Ха-хахах баш ми се допаѓа...А што да направат? нешто што нам ни одговара!?
Ете ‘‘атрофираниов‘‘ нешто се обидува да направи, да ги заштити 30% Христијани во Либан... а ‘‘здрвите‘‘ и ‘‘виталните‘‘ што прават?