Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Mene drugatite za rodenden mi donesoja papagalche . imaf chuvano i porano ama mi umre letashe, se udri v zid i umre ) . Kazhete mi sho treba da mu kupam ( imam voda, hrana , sipina koska ) i kako treba da go naviknam za da ne bega od mene ! ?:)
Освен храна, вода и сипина, земи му и витамини и по некоја играчка. И после некој месец стави му огледалце.
А за да не бега од тебе, само јас имам 5 пати пишано малце поназад, а да не зборам другите. Ве мрзи да читнете мајку му.
Почни со зборење, посветувај му МНОГУ внимание, па после некое време почни да му брцаш рака во кафез и да му даваш да јаде. Има храна на стапчиња во било кој пет-шоп. Многу трпеливост е потребна. Од кога ќе пројаде така зимај од зрнестата храна па учи го од рака да ти јаде. Треба да се спријатели со тебе, да не бега и да се плаши од раката. Страв му е бидејќи поминало низ многу раце, посебно на тие од пет-шопот и ти треба да му покажеш дека нема да го повредиш. Пробај вака, па што ќе упали супер, што не ќе смислуваме друго.
Праќај извештаи повремено.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
0
Фала ! :)

Му купив огледалце и не мрда од пред него само тука стој а ко че пикнам рака внатре бега ко будала
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Фала ! :)

Му купив огледалце и не мрда од пред него само тука стој а ко че пикнам рака внатре бега ко будала
Па намерно ти реков после некој месец. Ах бе.
Па прво треба со тебе да се зближи, инаку остојано ќе биде до огледалцето. Тоа му создава лажна слика на уште еден папагал.
И нормално е да бега од раката, ти објаснив се погоре, пробувај со стапче храна, многу трпение треба.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
За сите оние кои чуваат Тигрица да не се плашат дека се многу нежни.....бидејќи мојот е поиздржлив и од Полат(оти ко шо знаеме него куршум не го дупи,а куршумите на пиштолот не му се трошат)

Значи вака....се има мавнато во ѕид,ивица од биро,паѓано позади регал,во вкупна бројка некаде околу 50+ пати(проследено со мали крварења).

Ми има паднато од тараса,сосе кафез(сум го оставил,и дувнало ветер)....доле кафезот парчиња,на кафезот крв....а он на 5 метра од кафезот дремел и ме чекал 3-4 саата,ја додека си дојдам од град.....и после тоа цел ден спиеше,и другиот ден пак по старо(пеење,лудување и сл).....а таман го отпишав ќе одев по друг папагал да зимам....ама како што напоменав издржлив нек си ибе мајката(инаку живеам на 5ти спрат).
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Не верувам баш дека од тераса лупнал па и те чекал не знам колку таму, али ајде можно е и да ти се погодил папагалот. И почни да го чуваш со време, пошто не е мачка со 9 животи. Ќе жалиш кога ќе го немаш!
Инаку баш сега овој период пазете си ги папагалчињата општо. Мала промаја или слично ќе ги усмрти, многу, многу се нежни!
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Не верувам баш дека од тераса лупнал па и те чекал не знам колку таму, али ајде можно е и да ти се погодил папагалот. И почни да го чуваш со време, пошто не е мачка со 9 животи. Ќе жалиш кога ќе го немаш!
Инаку баш сега овој период пазете си ги папагалчињата општо. Мала промаја или слично ќе ги усмрти, многу, многу се нежни!
Абе ја коа зборам дека мојот папагал е појак и од Полат.....ти не веруваш....

Стварно незнам од шо е направено пилево,на толку мавања,од челик да беше нешто ќе му пукнеше....ама фала му на бога пиленцето си е у топ форма.
 
Член од
9 јануари 2012
Мислења
8
Поени од реакции
0
Имам тигрица ја купив пред 10 дена, поглупаво пиле не сум видела до сеа, значи цел ден само седи цело искривено и не пие вода,а јаде многу, незнам дали е болно и што да правам? А да не зборам за пеење, не пуштило глас, Помош!?!
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Имам тигрица ја купив пред 10 дена, поглупаво пиле не сум видела до сеа, значи цел ден само седи цело искривено и не пие вода,а јаде многу, незнам дали е болно и што да правам? А да не зборам за пеење, не пуштило глас, Помош!?!
Не ти треба помош, не е болно, а најмалце глупаво.
Се плаши, 10 дена го имаш нормално е тоа. Мора да се привикне на средината. И пие вода, само ти не го забележуваш. Тоа ќе цркнеше до сеа без вода. И пробуричкај по страниве, погоре или на претходната имам пишувано како да стартуваш со него на почеток за да се зближиш.
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
15
Поени од реакции
3
Moze nekoj da mi pomogne okolu nekoe mesto vo Skopje kade sto ima papagalcinja, sakam da si zemam edno sto ne bi bilo mnogu skapo ali po moznost Nimfa mi kazaa nesto deka se mnogu popametni od tigricite, toa dali e vistina ili ne ?
I isto taka da e od dobar odgleduvac bidejki imam loso iskustvo so neiskusen odgleduvac :)
 
S

searenity

Гостин
Едно прашање, може ли да ми кажете колку долго може да стои бар семето (семе во клас) во кафезот? :)
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Moze nekoj da mi pomogne okolu nekoe mesto vo Skopje kade sto ima papagalcinja, sakam da si zemam edno sto ne bi bilo mnogu skapo ali po moznost Nimfa mi kazaa nesto deka se mnogu popametni od tigricite, toa dali e vistina ili ne ?
I isto taka da e od dobar odgleduvac bidejki imam loso iskustvo so neiskusen odgleduvac :)
Немам многу искуство со пет шопови ама би ти го препорачала Амазон. Кај McDonalds -от во Аердором е. Цената на нимфите не знам како се движи, последен пат бев пред година или две 500/600 денари беше. Инаку никој не може да погоди дали е од добар или лош одгледувач, освен ако не купуваш од него самиот. Во пет шоповите мислам дека има од секакви одгледувачи, какво ти се падне, такво.

Едно прашање, може ли да ми кажете колку долго може да стои бар семето (семе во клас) во кафезот? :)
Не сум користела такво, ама ако не приметуваш дека се суши, позеленува или слично нешто, немај гајле. Би требало да е исто како со храната во ќесички. Ако нешто чудно се случува со храната тргај, мада нема шанси, папагалчето ќе си ја изеде пред да и се деси нешто.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Едно прашање, колку пари се движат кафезите?
Планирам за поклон да земам папагал и кафез па правам сега математики. :)
 
L

Lu

Гостин
Едно прашање, колку пари се движат кафезите?
Планирам за поклон да земам папагал и кафез па правам сега математики. :)
Цената на кафезите зависи од нивната големина, имаш од 300 денари па се до 5.000 / 6.000 денари ... зависи од големината на кафезот.
Конкретно ако зимаш Тигрица, не ти треба голем кафез, ќе си земеш од овие стандардните кафезчиња што се продаваат по пет шоповите, коштаат околу 500 денари.
 

Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Цената на кафезите зависи од нивната големина, имаш од 300 денари па се до 5.000 / 6.000 денари ... зависи од големината на кафезот.
Конкретно ако зимаш Тигрица, не ти треба голем кафез, ќе си земеш од овие стандардните кафезчиња што се продаваат по пет шоповите, коштаат околу 500 денари.
500 кафез + 500 папагал = за 1000 ден си имаш љубимец.
Може ли некој да ме упати кон нивната педантност, ме интересира дали многу ѓубре праат ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom