Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување
Член од
6 мај 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дечки денес си најдов папагалче (мислам нимфа по тоа шо гледам по интернетов). На тераса на работа се криеше кутрото преплашено, а го бркаа чавки и го прибрав. Купив кафез, просо, поилка- го сместив... ама врска неам шо како понатаму да му прам.
Утре ќе го однесам на ветеринар да го видат дали е ок (кај Налетоски овде во Хром- најблиску ми е и се јавив закажав)
Ве молам за инфо шо треба да знам битно за папгалчево- никогаш немам чувано никакво паапагалче до сеа...и дали го знае некој ветеринаров- го бидува ли за птици или џабе ќе го носам.
 
Attachments

Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153

Нимфа е, многу е убаво...
Иначе ептен ретки се со бела боја, најчесто се жолти/сиви или комбинација од овие две бои.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.457
Поени од реакции
87.238
Дечки денес си најдов папагалче (мислам нимфа по тоа шо гледам по интернетов). На тераса на работа се криеше кутрото преплашено, а го бркаа чавки и го прибрав. Купив кафез, просо, поилка- го сместив... ама врска неам шо како понатаму да му прам.
Утре ќе го однесам на ветеринар да го видат дали е ок (кај Налетоски овде во Хром- најблиску ми е и се јавив закажав)
Ве молам за инфо шо треба да знам битно за папгалчево- никогаш немам чувано никакво паапагалче до сеа...и дали го знае некој ветеринаров- го бидува ли за птици или џабе ќе го носам.
Чувај го неколку дена у кафез, додека да се навикне на тебе и околината, сега сигурно е преплашено малото. Убаво што си му купила кафез и просо, тоа ќе си јаде додека не го гледаш, не се секирај се ќе биде ОК, само дај му малце простор.
Убаво од тебе што си го спасила од чавките :)
 
Ф

Флеш

Гостин
Ама чекајте,ова е најдена нимфа . Нека пушти абер по соц. мрежи дали некој има изгубено ваква нимфа скоро . Не се глупирајте ако е туѓа птица. Имам изгубено папагал и стресно е кога си го чувал 4 години.Нека го бара стариот газда упорно еден месец ... Не се јави за 30 дена,задржи ја тогаш .Те молам искрено.
 
head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.405
Поени од реакции
590
Ајде една рандом фотка од Рики и Кики (Ристо и Кристина), по цел ден на тераса како си уживаат башка пола оригано и мајчина душица шо се до кафезот ми ги изедоа

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Ф

Флеш

Гостин
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.390
Мојот е опседнат хормонски со огледало ....Не можам да го тргнам од местото ... Се работи за вградено огледало во ѕид :LOL: Мисли дека е друг папагал и кокетира и се покажува .Дај помош те молам !!!:LOL::LOL::LOL: Манијак стана
Скоро да нема решение...тој мисли дека е тоа друг папагал. Е сега...со купување на партнер ќе го решиш проблемот, но од тој момент нема да те фрма ни 2% :ROFLMAO:
 
Член од
19 јули 2021
Мислења
1
Поени од реакции
1
За раса Голем Александар скоро и да нема ништо на форумов. Вака момци. Имам рачно рането бебенце, 2 ипол месеци старо од раса Голем Александар. Си го купив, плански, како 3-то дете да ми биде, пошто 2 сина веќе имам. Се вика Ники. Купив и кафез од тие најголемите, 170 сантима голем, јајце форма. Купив Манотоба, храна за папагали. По некое Јаболче, Морковче сецкано, грашоче, златна мешавина, сончогледче... Значи се со ќеив, со сите нишани. Си го чувам со ОГРОМНА ЉУБОВ. Кога ќе си дојдам од работа цело послепладне, ако не сум на тренинг е со мене. Си гледаме филм, си, слушаме музика, и пеам песни... Си лежиме заедно. Под ќебе си лежи... Ужива... Ако не го извадам од кафез ВРИШТИ/ПИШТИ/УРЛА по мене... Врзана е со мене неописливо многу. Со многу љубов ја чувам. Е сега, проблемот е со учењево да лета. Комуницирав со одгледувачи, ми рекоа дека немаат некој посебен проблем. Моево, неколку пати проба да пролета и нормално се удира. Јас истражував поприлично на таа тема, и нема нешто посебно многу околу тоа. Одгледувачиве ми викаа "не се секирај, нормално е тоа, нека се удира, така ќе научи". Добро. И ја оставив да се учи. Набрзо, после неколу неуспешни летови забележав дека почнува се помалку да ги користи нозете. Десното воопшто не го користеше. Го држеше кон нејзе. Видов дека не е во ред па и забранував да лета. А она сакаше. Сакаше да лета многу и покрај тоа што се удираше. Но не и давав да се удира, ја пуштав по кафезот да се искачува со кљунот и да се држи со кљунот и да "лета" во место. Така неколку дена и почна да се опоравува. Кога се ојача и на десното ноџе, пак ја пуштив. (Мораш, вришти, сака надвор). Пак се удри (е сега, морам да напоменам дека не станува збор за тотално шибање во ѕид со цела сила, туку така... баш онака учење да лета е во прашање)... Како поминаа 2 дена приметив дека ситуацијата и се влошува... (Падна во расположение, скрос не ги употребуваше нозете и почна да не јаде, што е најлошо). Тогаш ме фати прв пат паника и морав да ја однесам на Ветеринар. (Мада да не ви кажувам за погрешните насоки што ги добивав од одгледувачи, предугачко ќе биде, тоа во други прилики...). Најголема благодарност до ВЕТЕРИНАРЕН ЦЕНТАР кај доктор Диме во Капиштец и неговиот Тим од Доктори. Тие ме спасија. На рентгенот констатираа скршеница на десното Ноџе. Го имобилизираа со сламка. Сега е 4-ти ден од имобилизацијата, а за 10 дена сме на преглед. Сега сме на боледување. Инаку, си јаде, има енергија, сака да лета, сака да ја држиш во раце, сака да и пееш песни од Мишо Ковач... Едноставно живо е, само повредено и е ноџето... Тоа е вака малку подугачко, па ме интересира ако има некој да ме праша нешто или да сподели некое искуство како сте ги учеле да летаат без да се повредуваат. Најверојатно пошто кај мене е се плочка, дневната е со плочки, а ѕидовите се цврста градба и немам завеси на прозорите. И висок плафон 4 метри... Немам теписони... И кога ќе се удри во ѕид паѓа доле на плочка... Затоа тоа ми се случува највероватно... Ќе видам да измислам нешто да не ми се осакатува пак. Ќе треба изгледа син ми и жена ми да држат оптегнато ќебе, а јас контролирано да ја пуштам кон ќебето... Друга идеја немам. Пријатно на сите и Срдечен поздрав.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.390
тоа е проблем кај припитомените папагали....и мојот какарики незнаеше да лепа од почеток, но постепено се научи. но во мојот случај папагалот беше изразито плашлив, па леташе на кратки релации

твојот папагал е од поголемите раси,а со тоа е потромав, и понезграпен

мој предлог е да почниш да го учиш на кратки релации-застани го на кафез, и ти застани на 1 метар и со раката ваби го да ти слета на рака. некако мора ова да го направиш, а после само зголемувај ја дистанцата

кога ќе си на еден метар...ќе има поголема доверба за да летни
 
Член од
31 март 2017
Мислења
10
Поени од реакции
12
imam dve tigricki kiki i riki. riki i pokraj sto kangi nema na desnata noga. krilcata gi siri i se stresuva koga gi zatvara ocite. dali nekoj znae kako da mu pomognam. ne sum vo moznost da odam na veterinar.
Автоматски споено мислење:

Никако да почнат да ми доагаат на прсѕт. Како да ги научам.
 
Attachments

Член од
6 септември 2020
Мислења
8
Поени од реакции
0
Мене ми умре птред некој ден папагалче тигрица. Крилцата му беа подраширени и постојано ги затвараше очите. Не знаев како да му помогнам.
Автоматски споено мислење:

kupiv drug papagal no sega ne znam koj e masko a koj zensko. ve molam da mi odgovorite na dvete prasanja. Od sto bi mozelo da se razboli papagalot. dva pati vo nedela im go cistev kafezot. Dali treba pocesto da se menuva da se odrzuva higiena? ve molam da mi odgovorite
 
Последно уредено:

прво тигриците не живеат многу..просек 7 години, а и од лично искуство се доста болежливи. Јас на времето неколку пати сум успевал да ги дигнам со давање дирекно во клун на ,,Ацетисал,, но сега таа таблета ја нема во таква форма(треба да се бара да има во составот ацетисална киселина)

стави слика од клунот...ќе видиме за родот
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo. Ve molam za predlog na dobar veterinar vo Skopje i po moznost da e specijaliziran za tigrici ? Imam tigrica i vekje 3 nedeli povrakja proso i na momenti i shlajm. Od prviot den koga povrati e odnesena na eden veterinar i vo rok od 14 dena i bea smeneti dve terapii i bidekji nemase podobruvanje (t.e. podobruvanjeto bese samo 3 dena) ja odnesov i kaj drug veterinar koj i prepisa antibiotik sto se stava direktno vo klun na 12h. Isto imase 2 dena podobruvanje i sega povtorno ne e dobra. Ne znam vekje sto da pravam i kako da i pomognam. Pocnuva i apetitot da go gubi od deneska. Blagodaram odnapred
 
Kajgana Shop

На врв Bottom