За раса Голем Александар скоро и да нема ништо на форумов. Вака момци. Имам рачно рането бебенце, 2 ипол месеци старо од раса Голем Александар. Си го купив, плански, како 3-то дете да ми биде, пошто 2 сина веќе имам. Се вика Ники. Купив и кафез од тие најголемите, 170 сантима голем, јајце форма. Купив Манотоба, храна за папагали. По некое Јаболче, Морковче сецкано, грашоче, златна мешавина, сончогледче... Значи се со ќеив, со сите нишани. Си го чувам со ОГРОМНА ЉУБОВ. Кога ќе си дојдам од работа цело послепладне, ако не сум на тренинг е со мене. Си гледаме филм, си, слушаме музика, и пеам песни... Си лежиме заедно. Под ќебе си лежи... Ужива... Ако не го извадам од кафез ВРИШТИ/ПИШТИ/УРЛА по мене... Врзана е со мене неописливо многу. Со многу љубов ја чувам. Е сега, проблемот е со учењево да лета. Комуницирав со одгледувачи, ми рекоа дека немаат некој посебен проблем. Моево, неколку пати проба да пролета и нормално се удира. Јас истражував поприлично на таа тема, и нема нешто посебно многу околу тоа. Одгледувачиве ми викаа "не се секирај, нормално е тоа, нека се удира, така ќе научи". Добро. И ја оставив да се учи. Набрзо, после неколу неуспешни летови забележав дека почнува се помалку да ги користи нозете. Десното воопшто не го користеше. Го држеше кон нејзе. Видов дека не е во ред па и забранував да лета. А она сакаше. Сакаше да лета многу и покрај тоа што се удираше. Но не и давав да се удира, ја пуштав по кафезот да се искачува со кљунот и да се држи со кљунот и да "лета" во место. Така неколку дена и почна да се опоравува. Кога се ојача и на десното ноџе, пак ја пуштив. (Мораш, вришти, сака надвор). Пак се удри (е сега, морам да напоменам дека не станува збор за тотално шибање во ѕид со цела сила, туку така... баш онака учење да лета е во прашање)... Како поминаа 2 дена приметив дека ситуацијата и се влошува... (Падна во расположение, скрос не ги употребуваше нозете и почна да не јаде, што е најлошо). Тогаш ме фати прв пат паника и морав да ја однесам на Ветеринар. (Мада да не ви кажувам за погрешните насоки што ги добивав од одгледувачи, предугачко ќе биде, тоа во други прилики...). Најголема благодарност до ВЕТЕРИНАРЕН ЦЕНТАР кај доктор Диме во Капиштец и неговиот Тим од Доктори. Тие ме спасија. На рентгенот констатираа скршеница на десното Ноџе. Го имобилизираа со сламка. Сега е 4-ти ден од имобилизацијата, а за 10 дена сме на преглед. Сега сме на боледување. Инаку, си јаде, има енергија, сака да лета, сака да ја држиш во раце, сака да и пееш песни од Мишо Ковач... Едноставно живо е, само повредено и е ноџето... Тоа е вака малку подугачко, па ме интересира ако има некој да ме праша нешто или да сподели некое искуство како сте ги учеле да летаат без да се повредуваат. Најверојатно пошто кај мене е се плочка, дневната е со плочки, а ѕидовите се цврста градба и немам завеси на прозорите. И висок плафон 4 метри... Немам теписони... И кога ќе се удри во ѕид паѓа доле на плочка... Затоа тоа ми се случува највероватно... Ќе видам да измислам нешто да не ми се осакатува пак. Ќе треба изгледа син ми и жена ми да држат оптегнато ќебе, а јас контролирано да ја пуштам кон ќебето... Друга идеја немам. Пријатно на сите и Срдечен поздрав.