Падната ластовичка

Член од
12 февруари 2014
Мислења
6.874
Поени од реакции
23.318
Да не беше стелт ја ќе си го земев здраво за готово тој мит за ластовичките. Постот му беше он топик и сосема во ред.
Овие песни си пеат ама важно ти на стелт му се обраќаш.
Затоа шо ние сме срцки. :pipi:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
4.810
Поени од реакции
12.395
Истово и мене ми се имаше десено пред 3,4 години. На климата од надворешната страна на прозорот видов ластовичка и све ми беше нормално мислев ќе летне, ама тогаш јајца пржев и изигравав кувар па забележав дека многу седи во место го отворив прозорот оваа неможеше ни да се мрдне, дури кога пробав да ја фатам малку претна ама немаше сили. Ја внесов ја ставив на едно ќоше и и дадов таму лебче нешто трошки, ми седеше еден ден скоро и некако проценив дека е подобра ја пуштив од прозорот и си летна, после можеби пак дошла на мојот прозор ама во здраво издание :D
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
7.700
Поени од реакции
6.137
за другпат да си знаете, птиците не се доверливи кон никого, не е ова цртан филм или сказна од бајките..........таа сигурно ќе се плаши од вас и срцето ќе и бие 200 на саат,ако ви се случи слично вакво нешто не земајте ништо на своја рака,ами барајте од друштвата шо се занимаваат со животни,барем ги има колку сакаш во денешо време,тие имаат повеќе искуство од вас и ќе ви кажат што треба да правите
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Летото 2012 мислам дека пишував за ова во статијата птици- бидејќи куќата ни е на многу погодно место, во секој ќош имаше гнезда, можеби 5-6 гнезда да имаше. Едно утро дури пијам кафе на тераса памтам беше 2 јули, погледнав накај гнездата зашо на терасата имаше само 4 гнезда и гледам празно место само белег од гнездото и погледнувам надоле и ги глеам птиците в паднатот гнездо, беа полу голи и со жолти клунови. Мајката ревносно џвекаше на жиците и си реков ајде ќе се тргнам од таму ќе влезам. Таа слезе докај нив, седеше таму некое време и фати едно од пилињата летна и пилето и падна и умре на земја. Другите 4 не знаев што да им правам, па ми текна на селскиот изум на баба ми како прави таа за кокошките на село да не се тепаат една со друга, ги прска со ракија за сите да мирисаат исто. Пред стемнување, негде 8 часот беше, ги истерав родителите од другите гнезда да излетаат и во сите гнезда стаив по едно пиле а во едното гнездо стаив две бидејќи во тоа гнездо се беше испилило само едно пиленце. Ги напрскав со ракија внимателно и нив и гнездото и ги остаив. Си пораснаа, овие другиве си ги чуваа како свои и си отидоа. Ете сеа, пак имам пилиња, само серат ебате -.-
 
C

cige

Гостин
Денес убаво времето па ја отворив балконската врата. Пред неколку минути ми влезе ластовичка и врти кругови низ соба, почна панично да лета побрзо, најверојатно го бара излезот. Почна и да црцори, јас само излегов од собата за да не и стварам дополнителна паника. Што да правам? Вака како што ја гледам најверојатно ќе се измори и ќе удри со главата во ѕид.
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.000
Поени од реакции
1.746
Денес убаво времето па ја отворив балконската врата. Пред неколку минути ми влезе ластовичка и врти кругови низ соба, почна панично да лета побрзо, најверојатно го бара излезот. Почна и да црцори, јас само излегов од собата за да не и стварам дополнителна паника. Што да правам? Вака како што ја гледам најверојатно ќе се измори и ќе удри со главата во ѕид.
Отвори нешто за да може да излезе. И чекај надвор. Дека ќе се удри со главата во ѕид не верувам, ама може да се измори и да слета на нешто.
 
Член од
19 јуни 2014
Мислења
52
Поени од реакции
42


Што птица е ? ја најдов у маало , изглеа неможе да лета , седеше со нас :D ја земав дома , и издробив леб малце , нејќе да јаде..
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
781
Имам спасувано бебиња ластовички , и една сега ми се удри од прозор па ја освестував, малце ме посра за среќа на рака , ме поздрави и си отиде у ваздух :)
Ако сакате да ги спасувате , ќе и прајте финта за да летне .. као стимулација..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom