- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
ЗА НИКОЛА МИНЧЕВ „ФЕНИ“ БЕШЕ ПОВАЖЕН ОД „ПРОХОР ПЧИЊСКИ
Интервју: Јордан Цеков - Дане, одговорен за обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ
Пишува: Ѕвездан Георгиевски
Како да ве ословувам? Со „другар“ или со „господин“? Ова беше првото прашање што му го поставив на носителот на „Партизанска споменица 1941“, Јордан Цеков Дане, еден од најодговорните за безбедноста на делегатите на Првото заседание на АСНОМ, тој темел на македонската државност што пред 65 години се одржа во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, денес на територија на Република Србија.
Човекот кој во средината на јули го прослави својот 88-ми роденден вели дека му е сеедно, иако признава дека она „другар“, титулирање со кое го поминал поголемиот дел од својот живот, некако му е подраго. И покрај одминатите години, делува свежо и полетно. „Кога повторно би бил млад, а ситуацијата таква, каква што беше во тие години, повторно би кревал Револуција“, вели самоуверено.
Но, денес, кога историјата се ревидира, кога во официјални државни музеи ќе се стават восочни фигури на една Мара Бунева, или на Ванчо Михајлов, не смета ли Дане Цеков дека залудни биле идеалите за кои се борел? Се разбира дека не смета. „Младоста и занесот за слободата беа многу важни фактори“. И уште додава дека таа некоја генерација, родени од 1920 до 1925 година на свој грб го истераа ослободувањето и создавањето на македонската држава. Денес е ред на некои други генерации да ја развијат работата. Значи, вели Цеков, ако нешто е изневерено, не треба вината да се бара кај оние што на свој грб го изведоа ослободувањето на Македонија.
Кога се сеќава за самото одржување на Заседанието на АСНОМ, сепак повторно ја потенцира безбедноста на делегатите. До самиот ден, значи до Илинден, ни самиот не знаел што во суштина ќе се случува во Манастирот. „Бугарите и тогаш, таа 1944 година, се' уште беа организирана државна и воена сила, која, преку своја агентура распоредена и организирана во многу села на Козјак Планина и Козјачијата, не успеа да дознае за што станува збор. Нашите целата работа ја организираа во најголема тајност“.
Првото заседание на АСНОМ започнува во 17 часот и 15 минути на август, а веќе утредента делегатите го напуштаат Манастирот, а Президиумот на АСНОМ се сели во селото Рамно, така што бугарската војска, која можела да дејствува не само од Куманово и Врање, туку и со авијација од скопскиот аеродром, не успеала никако да открие дека целото партизанско раководство било во нејзината непосредна близина.
Јордан Цеков Дане, заедно со Христијан Тодоровски Карпош и со Панче Пешев, е еден од организаторите на Кумановскиот партизански одред. На 26 јуни 1943 година деветмина кумановци му се придружуваат на Вториот јужноморавски партизански одред. Веќе на 2 август истата година, 18 борци го формираат Кумановскиот партизански одред. Партизанското движење се добива на замав, а Дане станува командир на чета во Кумановскиот партизански одред и на кумановскиот баталјон „Јордан Николов“, па командир на чета во Третата македонска ударна бригада, се до командант на Третата македонска ударна бригада.
Се' уште говори со голема љубов за неговите пријатели Карпош и Панче Пешев. На Конгресот на тогашната СКМ во 1986 година, токму Јордан Цеков Дане поднесува резолуција за рехабилитација на Панче Пешев, но вели дека Јаков Лазаровски, тогашниот претседател на Партијата, го одбил без збор образложение. Уште носи горчина на душата од начинот на кој е Пешев ликвидиран и од долгогодишниот молк околу неговото партиско екскомуницирање. „Панче Пешев во 30-тите години беше главна политичка личност во Куманово. Тој имаше југословенски идеи и беше на линијата на Тито, а го ликвидираа автономашите во партијата“.
Токму тоа беше следната тема во разговорот што го водиме со господинот Цеков во дворот во неговиот дом во населбата Црниче во Скопје. „Кузман Јосифовски Питу, Панче Пешев, Кочо Рацин... дали ние повеќе се убивавме меѓу нас, отколку што не' уништуваше непријателот?“. Цеков вели дека постојат различни видови убиства. Политичкото убиство е она со кое и самиот има искуство.
Уште како гимназијалец, еден од организаторите на штрајкот на кумановската гимназија „Браќа Миладинови“ и автор на Декларацијата на учениците на Гимназијата завршува во затвор (Тука мораме да напоменеме дека Декларацијата, објавена во зборникот „Документи, Куманово 1941 – 1942“, започнува со реченицата „Ние, синовите на македонскиот народ...“. Декларацијата, инаку, е напишана на бугарски јазик, а во нејзиното составување, односно преведување на бугарски јазик учествувал и еден ученик Бугарин. Резолуцијата се чува во Централниот исторически архив во Софија, Република Бугарија).
Но, веднаш штом ќе му се придружи на Вториот јужноморавски партизански одред, бива испитуван за неговата политичка подобност. Војната ја завршува со чин мајор, а веќе во 1945 година е пратен на Вишата офицерска артилериска школа во тогашен Ленинград во, исто така, тогашниот Советски Сојуз.
Се случуваат познатите настани со Информбирото и јасно е дека секој што бил во СССР во тоа време, особено во Воена школа, е сомнителен. Јордан цеков Дане, покрај 16-те публицистички и историографски наслови што се досега објавени, има уште четири подготвени ракописи за кои не постојат пари (?) да бидат испечатени. Меѓу нив е и ракописот во кој Дане објаснува како успеал да го избегне Голи Оток. (Друг необјавен ракопис е „Ослободувањето на Скопје“, операција во која Јордан Цеков Дане учествува како командант на Третата македонска ударна бригада).
Во суштина, вели дека Методи Антов, негов пријател, сограѓанин и соборец, во тоа време на висока позиција во УДБА, бил во Белград на состанок со Ранковиќ и добил информации дека судирот уште повеќе ќе се заострува. На тој начин и Цеков бил предупреден, особено како руски ученик, да внимава како ќе се одвиваат работите. Во тоа време, Цеков како командант на артилерија работи во Охрид. На првиот состанок околу Информбирото, Цеков прв се пријавува како дискутант и жестоко ја напаѓа Резолуцијата на ИБ. Нему му реплицира извесен потпоручник од КОС (Контраобавештајна служба на ЈНА), кој го напаѓа Цеков дека работи против КОС. Дане живо расправа како се расправал со потпоручникот. Работата се случува во Струга. Во една кафеана виси фотографијата на Сталин. Дане Цеков ја симнува од ѕидот и ја крши. „Повеќе го нема потпоручникот, некаде исчезна“, се сеќава Дане. „Ете, тоа ме спаси, а тоа ми го потврдија уште некои колеги од УДБА и КОС“.
Јордан Цеков Дане е делегат во Собранието на Социјалистичка Република Македонија во неколку мандати (I, II, IV, V и VII свикување на Собранието), од каде, во суштина и се пензионира во 1974 година, на 53-годишна возраст. На констатацијата на вашиот новинар дека неговата генерација била пет децении на власт и дека само поради тој факт треба да чувствува некаква одговорност за работите што се случуваа тогаш, а особено за работите што се случуваа потоа, Цеков вели дека тој и неговите соборци, онака млади, имале безгранична доверба во раководството. „Ако нешто тргне како што не треба, тоа не е грешка на раководството, ниту на идеологијата, туку е грешка на поединци. Ете, така размислувавме“.
Прекалениот комунист и скоевец, кој заедно со Панче Пешев и брат му Стојко, уште во 1941 година успева да обезбеди 28 пушки, два митралеза и муниција, кои, ден по востанието, значи на 12 октомври, завршуваат во кај партизаните на Карадачкиот и Козјачкиот одред, раскажува и за амандманот што како делегат го поднел во Собранието на СРМ во 1971 година.
Амандманот, поднесен на 18 април 1971 година на Предлогот на Општествениот план за развој на СРМ од 1971 до 1974 година се однесува на изградбата на пат до манастирот „Свети Прохор Пчињски“. Станува збор за делница од 23 километри од Старо Нагоричане, преку Пелинце, до Манастирот, образложена во неколку точки, во кои, покрај историското и културното значење, се елаборира и стопанското значење на изградбата на патот. Но, и покрај се', амандманот е одбиен. Претседател на Собранието на СРМ во тоа време е Никола Минчев. Сепак, патот е изграден и пуштен во употреба во 1974 година (на 30-годишнината на АСНОМ), најмногу благодарејќи на иницијативноста на Цеков и на градежната оператива на ЈНА. Се сеќава колку Никола Минчев бил нервозен по добивањето на амандманот („Ме викаше Коцев, место Цеков и рече дека тоа не е работа на Собранието, туку ако делегатот Коцев сака таква работа нека оди во Републичкиот фонд за патишта“). „Во ’Политика’ излезе една авто-карта и на неа беше нацртана црвена линија меѓу Кавадарци и Прилеп. Отидов со автомобил да видам што се работи. Кога таму пат. Таму каде што сега е ’Фени’“.
Како и да е, се чини дека овој амандман ќе му ја заврши политичката кариера на Цеков. Делегатскиот мандат му завршува во 1974 година, а неговото име не се наоѓа на новата изборна листа. Јордан Цеков Дане веќе пензиониран во 1956 година од ЈНА, на своја 53-годишна возраст заминува во дефинитивна пензија. „Ниту кафе не ми дадоа. Никакво образложение не ми дадоа. Чемерски, едноставно, не ме стави на листа. Имаше Чемерски една афера околу изградба на неговата куќа.
Покрај сите премрежија, за малку избегнал стрелање од самите партизани, ранет е во битките за Кратово (лузните од куршумот што го погодоил во грбот – влезна и излезна рана – се се' уште мошне видливи), сепак за Дане Цеков АСНОМ останува една од најсветлите точки во неговиот живот. Раскажува како делегатите пристигнувале во околните села, како селаните ги прифаќале, дека раководството било во селото Рамно, а дека доста делегати биле во Пелинце...
Го прашувам зошто од толку манастири, беше избран токму „Св. Прохор Пчињски“, па сега таму не може да отиде ниту државна делегација, а камоли обични луѓе. По објаснувањето на геостратешката положба, на Пролетната офанзива и останатите историски факти, Цеков, сепак, признава дека за разлика од Лесновскиот манастир, на пример, во „Св. Прохор Пчињски“ имало нов конак. „И имаше кревети. Зошто некој би сакал да спие на слама, а не на кревет. Имаше делегати што дојдоа со своите жени. Сигурно им било подобро да спијат в кревет, отколку на земја“.
Интересно е да се каже дека Јордан Цеков Дане, токму во кризата со Српската православна црква, односно по вадењето на спомен-плочата на АСНОМ од ѕидот на манастирот, од страна на воениот злосторник Воислав Шешељ, токму Цеков предлага нов Меморијален музеј на АСНОМ да се направи во Пелинце. „Имаше предлози, особено од дедо Кирил да се направи нов манастир и таму да се дислоцира спомен-собата на АСНОМ, ама тоа никако не ми се допаѓаше“.
Пиеме кафе, ги гледаме фотографиите, Цеков раскажува како бил мачен од Мане Мачков, спомени излегуваат од секоја пора... Постои некоја мачнина дека има тенденција за ревидирање на историјата. „Македонија опстојува како држава само врза својата антифашистичка традиција. Тоа е основата на оваа држава и таа не смее да се урне“, вели Цеков. Уште го болат ликвидациите, и физичките и политичките... Сепак, задоволен е со својот живот. Има двајца внуци, едниот го носи името Дане.