Очила за гледање

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.606
Поени од реакции
8.048
Не знам дали има ваква тема но ајде ќе ја отворам оваа па ако некој знае дека има тема за ова нека пише да ја спиме во една.

Јас носам очила за гледање пошо имам проблем со гледање далеку и носам од мал. Ги имам сменето разно разни. Последниве ептен ми се веќе испоизгребани и сакам да ги сменам нови.

Деновиве се мислам да нарачам од aliexpres едни од помодерниве па после да им ставам стакло (нормално предходно да се прегледам)

вакви се наочарите
http://www.aliexpress.com/item-img/Brand-Glasses-Frame-Eyewear-Frames-optical-computer-eye-glasses-Eyeglsses-frames-for-women-Men-Male-Plain/32452118452.html
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Вакви старите баби носат бе. :D

Јас не би порачувал наочари преку интернет. Штом си кусоглед претпоставувам дека ги носиш најголем дел од времето. Ако е така, пожелно е да ги пробаш и да видиш како ќе ти стојат на лицето пред да ги купиш. Да не испадне после да те притискаат премногу на носот па да не можеш да ги носиш ич. Разгледај низ повеќе оптики кај нас, веројатно ќе си најдеш некој модел. Цената ти е пак таа.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Вакви наочари имам видено скоро во секоја продавница за наочари/оптика. И тоа имаат добар избор на бои, добар квалитет, а и знаеш што ќе купиш, т.е. ќе ги пробаш, па ќе видиш дали ти одговараат во однос на лицето и како ти стојат. Ако ги нарачаш од Интернет/Алиекспрес ни знаеш дали ќе ти стојат, ни знаеш дали ќе те притискаат некаде (како што веќе кажа @Коловрт)..............., башка еден квалитет што ќе ти пристигне од Алиекспрес, што да ти кажам:D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.079
Деновиве се мислам да нарачам од aliexpres едни од помодерниве па после да им ставам стакло (нормално предходно да се прегледам)
Рамки за наочари мора да се пробат пред да ги купиш. Зашто не можеш да знаеш како ќе ти стојат, не само естетски, туку и како ќе ти лежат, ова она. Јас дефинитивно за мене не би порачувала на непробано.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Јас обично купував од овде убави и скапи оквири ама реално не вредат за парите. Последните си ги порачав од АлиЕкспрес за 450ден и се супер. Само во описот на продавачот внимателно прочитај ги димензиите на наочарите за да видиш дали ќе ти одговараат на главата.

Инаку за оние што размислуваат да купат скапи наочари или оквири обавезно погледнете ја оваа 13мин епизода на 60 minutes

Последно уредено:
F

Flatter

Гостин
Не знам дали има ваква тема но ајде ќе ја отворам оваа па ако некој знае дека има тема за ова нека пише да ја спиме во една.

Јас носам очила за гледање пошо имам проблем со гледање далеку и носам од мал. Ги имам сменето разно разни. Последниве ептен ми се веќе испоизгребани и сакам да ги сменам нови.

Деновиве се мислам да нарачам од aliexpres едни од помодерниве па после да им ставам стакло (нормално предходно да се прегледам)

вакви се наочарите
http://www.aliexpress.com/item-img/Brand-Glasses-Frame-Eyewear-Frames-optical-computer-eye-glasses-Eyeglsses-frames-for-women-Men-Male-Plain/32452118452.html
Овие се за женско, ако си женско порачај си ги... Убаво стојат и секси се.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.606
Поени од реакции
8.048
Овие се за женско, ако си женско порачај си ги... Убаво стојат и секси се.
Пишува for women Men Male па според ова мислам јас дека се унисекс -за мажи и за жени.

Еве и овие ми се допаѓаат
http://www.aliexpress.com/item/2015-Fashion-Men-Glasses-Frames-Mens-Brand-Designer-Eye-Glasses-Frames-Optical-Frame-Oculos-De-Grau/32496113357.html?spm=2114.01020208.3.218.Mi6Se0&ws_ab_test=searchweb201556_6,searchweb201527_4,searchweb201560_9

ама за жал се поскапи од другите и немаат free shipping

Ако некој најде некој вакви модерни фенси оквири на Алиекспрес и да се ефтини нека пише тука линк
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.606
Поени од реакции
8.048
Нарачав на Алиекспрес едни за ептен ефтино пари но не ми се допадна што некако беа премногу лесна пластика и немаа зглопче на рачките плус татко ми ме предомисли дека тешко ќе можеле да стават стакла на нив и ред други работи па ипак се решив да отидам во оптика па откако таму се прегледав си одбрав очила. Некаде околу 100 евра се на се ме фати, скапо ама тоа е бар вака ќе знам скапо сум платил и има добро да ги чувам (како очите во главата). Среќа не ставив некој филтри и друга заштита на стаклата имаше изгор да е цената.

Левото око малу ми е специфично со цилиндрична диоптрија на стаклото. Сепак не се разбирам многу за да ви пишам сега диоптријата на стаклата, но тоа и не ви е вам многу битно.

Обликот и дизајнот на оквирот е горе - доле сличен како на тие горниот мој пост линкот од Алиекспрес.

Туку највеќе тука сакав да прашам некој што има очила како ги одржува, со што е најдобро да се чистат и покрај што ти даваат марамче за чистење саклата кој е за секојдневна употреба ? Некој тука на форумов на една друга тема ми пиша дека имало влажни марамчиња за стаклата во Кам маркет но ако некој знае некој друг совет нека пише. Приметувам ептен некако кај носот дека се прлаат и умачкуваат од мрсна кожа и друго.
 
Јас имам наочари веќе неколку години. Нема некое посебно одржување, освен тоа што ги мијам од прилика еднаш неделно со млака вода и ги бришам со тоа марамчето за наочари:)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.606
Поени од реакции
8.048
Јас имам наочари веќе неколку години. Нема некое посебно одржување, освен тоа што ги мијам од прилика еднаш неделно со млака вода и ги бришам со тоа марамчето за наочари:)
Некаде читав дека и со сапун течем малку да се истријат стаклата и после со млака вода да се поминат па да се измијат со марамчето за наочари. Пробав и стварно добро се мијат само брзо некако пак се прлаат во делот кај што е носот и тоа им е најголемата мана до сега што сум ја имал кај сите наочари.

Исто што сакам да додадам околу бришењето на стаклата е дека во никој случај да не ги бришете од блуз затоа што од блузата остануват влакненца и никако да се вадат без потреба многупати во текот на денот затоа што брзо се олабавуваат штравчињата на дршките и потоа често ќе почнат да ви паѓаат наочарите.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Некаде читав дека и со сапун течем малку да се истријат стаклата и после со млака вода да се поминат па да се измијат со марамчето за наочари. Пробав и стварно добро се мијат само брзо некако пак се прлаат во делот кај што е носот и тоа им е најголемата мана до сега што сум ја имал кај сите наочари.
Ако ти се обични стаклата од обична медицинска пластика ок, но ако ти се антирефлексни или хидрофобни не би ти препорачал многу со течни сапуни или други средства за миење затоа што има опасност многу бргу да се оштетат. Бришење освен со микрофибер со друго ништо.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.560
Слободно миј ги со сапун ако има потреба, ништо нема да им стане само почисти ќе бидат.
Најубаво се бришат со памучна маица, претходно ќе хукнеш на стаклата да се замаглат и ќе ги избришеш. Ако се многу замастени уште еднаш и ќе бидат како нови.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Некаде читав дека и со сапун течем малку да се истријат стаклата и после со млака вода да се поминат па да се измијат со марамчето за наочари. Пробав и стварно добро се мијат само брзо некако пак се прлаат во делот кај што е носот и тоа им е најголемата мана до сега што сум ја имал кај сите наочари.

Исто што сакам да додадам околу бришењето на стаклата е дека во никој случај да не ги бришете од блуз затоа што од блузата остануват влакненца и никако да се вадат без потреба многупати во текот на денот затоа што брзо се олабавуваат штравчињата на дршките и потоа често ќе почнат да ви паѓаат наочарите.
Тоа што премногу се мастат во пределот на носот, е или до твојот нос или до наочарите. Ако имаш помасна кожа или ако наочарите вршат поголем притисок врз носот, тоа се случува. Еве пример кај мене речиси ич не си замастени во пределот кај носот. За миењето, би требало да може да се измијат и со сапун, само и ти не претерувај:D

Иначе како што кажа и @moongoses, ако при тебе не е марамчето за наочари, понекогаш можеш да се услужиш и со хухнување и маица. Јес да ќе бидат малку зашмрљани (ако маицата не е памучна), но подобро е одколку да бидат нечисти и со пипики.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.606
Поени од реакции
8.048
Исто за чистењето би додал со марамчето да се чистат од горе доле (вертикално). Мене вака секогаш ми се почисти кога ги бришам, а ќе заборавев да додадам и дека никако не смее да се брише со делот од марамчето ако има груб принт (текст) тогаш завртете го од другата страна каде што нема ништо затоа што многу нормално е дека може некогаш малку и ќе се изгребаат стаклата. Мене такво марамче ми дадоа но среќа јас имам и уште неколку од старите наочари.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.606
Поени од реакции
8.048
Деновиве бев да се прегледам и купам очила. Испаднаа доста поскапи стаклата од пример предходо што сум имал затоа што излезе дека имам послаб вид и на двете очи има цилиндри изгледа. Утре ги земам па ќе пишам точно што диоптер имам (не го запаметив точно)

Искрено секогаш прво барам оптика кај што ќе најдам добар по мој вкус рамка на очила, никогаш не сум од оние кој одат кај еден доктор и во една оптика.

Овој пат зедов рамка на очила која не е со пластика затоа што решив да сменам од она што сум носел доста многу години. Последниве што ќе ги носам до утре се зезнав ми беа замастени на рамката/оквирите и решив со влажно марамче и вода па ми остана бело на пластиката кој одвај успеав да го исчистам. Мој совет не го правете тоа воопшто :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom