Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Само за болдираното: „Уствари да споредуваш езеро со море, е тоа е више брукање, а тоа го направи баш еден ориџанец тука на форумов.“
Објасни зш е брукање да споредвиш езеро со море??? Поготово ако езерото е баш Охридско Езеро???
Еве ти некои факти за Охридското Езеро кои го покажуваат токму спротивното:
- најдлабоко езеро на Балканот со неверојатна проѕирност на водата (максимална транспарентност од 22 м во зима)
- едно од најстарите езера на светот (трето во Европа) заедно со Бајкалското Езеро и езерото Танганика, често нарекувано и музеј на „живи фосили“
- се наоѓа на надморска височина од скоро 700 метри (затоа се нарекува и воздушна бања)
- најзначен езерски екосистем во Европа, под заштита на УНЕСКО, дом на ендемични силикатни алги, зелените алги, плоснати црви, полжави и ракови; пет вида и еден подвид на сунѓери, 10 ендемични видови риба. Дом на пастрмката, автохтон вид кој го има само во Охридското езеро
- во Заливот на коските археолозите откриле траги од праисториски град на вода, кој денес е делумно реконструиран
- не случајно Сатурновата месечина Титан има свое „Охридско Езеро“, наречено во чест на истоименото езеро
- чистите води на езерото го прават едно од најголемите резервоари на вода за пиење во светот

И само за споредба на омилената скопска теорија „море си е море“ со која како да кажувате ама баш се, a посебно тоа дека на езеро треба да биде се поевтино отколку во било кое затуцано селце кое излегува на море и тоа само заради солената вода, резгледајте ги цените на сместувањето и туристичко-угостителските услуги на некое од следните езера: Женевско Езеро, езерото Комо, Тахо, Плитвице....
Добро дечко ме убеди дека езеро не само што е исто со море туку е и подобро. Ете ме убедивте дека Охрид е алфа и омега и дај веќе не ме чепкајте у темава. Тоа што имав си го кажав и толку од мене
 
Интересно...знаеле и нешто паметно да замислат со пилешкиот мозок :sneaky:

Наскоро линиски превоз до„Железничка“, „Гоце Делчев“ и „Видобишта“
icon_at_textsize.gif
Советниците на последнaта седница ја изгласаа предлог одлуката за измена и дополнување на одлуката за организирање на општински линиски превоз на патници, со која се предвидува воведување на две нови градски кружни линии.
a%202.jpg


- Планираме да воведеме градски линии со кои ќе се поврзат булеварот „Железничка“, населбата Гоце Делчев, дел од Воска и Видобишта со централно градско подрачје, пред се со позначајните институции меѓу кои и Здравствениот дом и Општата Болница, вели раководителот на Секторот за собраќај при општина Охрид, Зоран Шикалески.

a%203.jpg

Освен овие линии, Шикалески најави дека ќе биде воведена и редовна автобуска линија до селото Завој.
Согласно законските прописи, се очекува одлуката на советот да биде објавена во службениот гласник на општина Охрид, по што ќе следи и распишување на објава за доделување на овие линии, на која ќе имаат право да се пријават сите заинтересирани превозници.

По завршувањето на постапката ќе се додели дозвола и лиценца за вршење на линискиот превоз до наведените населби.
a%201.jpg


Како што потенцираат од локалната самоуправа, со линискиот превоз засега се опфатени повеќето населени места во околината на Охрид, меѓу кои и Свети Наум, Трпејца, Пештани, Елшани, како и селата Велгошти, Куратица, Свињишта.

Т. Кувенџиска

08.08.2012 11:39

Прочитана е : 1033 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Добро дечко ме убеди дека езеро не само што е исто со море туку е и подобро. Ете ме убедивте дека Охрид е алфа и омега и дај веќе не ме чепкајте у темава. Тоа што имав си го кажав и толку од мене

И јас „дечко“ само си го кажав тоа што си го имав, а ако не сакаш реплики не мора ништо да објавуваш!
 
Нека ви е жив и здрав Аце,ама без него на шо ќе видевте водопади :D
И тоа не е се....За само 20 минути, во Охрид...

Абе шо паничите кај ќе најте ваква плажа на сред улица :D
1.jpg


2.jpg


3.jpg

carsijapoplava2_thumb_medium550_413.jpg
1ohrid1com_thumb_medium550_363.jpg
4klenoecohrid1com_thumb_medium550_313.jpg
1klenoec.jpg

POPLAVAOHRID.jpg

ohridpodvoda.jpg
ohridpodvoda1.jpg
ohridpodvoda3.jpg
ohridpodvoda4.jpg

o_O
ohridpodvoda2.jpg
0:45 :sneaky:
И некоја од мене
1877-jpg.47277
1878-jpg.47278
1879-jpg.47279
1881-jpg.47280
1883-jpg.47281
ohridnews.com
ohrid1.com
ohridpress.com
 
Охрид повеќе од Венеција. Предлог за нов слоган на наредните избори од Аце градоначалникот.
 
Абе дечки, ќе се одржува маратонот годинава или ништо од него?
 
Абе дечки, ќе се одржува маратонот годинава или ништо од него?
Ако продолжат овие олуиве и поројниве дождови, маратонот оваа година нема да завршува на плоштат, ќе го преместат финишот видобишта поточно Стобекс.
 
Ако продолжат овие олуиве и поројниве дождови, маратонот оваа година нема да завршува на плоштат, ќе го преместат финишот видобишта поточно Стобекс.
Финишот на сред игралиште ке е ?
 
Најозбилно ве прашав, без зафрканции. Доколку се одржува, кога ќе е?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom