V
Vollstandig
Гостин
Сезоната да траеше до септември, комшииве - туристи ќе си направеа и ајварОтпадоците, како и отпушоците ги фрлаат од тераса, па така врз паркираните возила можат да се забележат трошки, лушпи од пиперки и друг отпад.
Не е проблемот само во немањето култура, туку и во законот. Зошто ги донесоа казните, за плукање, фрлање отпушок и слично по 50 евра? Иако сеуште фалат канти, али казните се веќе одамна на сила, али тешко се применуваат. Туризам,маде голо, на одмор се знае како се иде во македонски услови, 10 тегли ајвар од ланска зимница, паштети на распродажба по најефтини цени, се гнети по цел ден, се пие ракија а вечерта фрли ги 'баму спечало низ пенџере, си има служби за чистење вработено. Ако не ги исчистат, ич немај галје стојанче, и онака си платил 300ки за смештај- душата извај му ја, 'баму орицкио.
Ова со насловот, “уште ајвар да направеа“, ме потсети последен пат кога појдов на некој ден до охрид. Се сместив во еден апартман, а станот ко стан, нормално незачитен, пошто сабалјето заминале гостите а јас по некој саат сум се вселил. Кујната беше преполна со домајќински реквизити, од типот масло, брашно, црвен пипер, во кантата лупени компири, тенџериња, лајци кутлачи,вегета итн. Цел ден се прашував кој талент беше што на одмор дојде со манџи тенџериња и ручеци да прави, додека не заѕвона на врата еден пристар човек да си ги побара тенџерињата назад.