Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.015
- Поени од реакции
- 12.684
Се слагам. Најверојатно кога инфраструктурно најголем дел од проблемите се средени, не се замараш толку многу со ситници.На многу од проблемите со кои се среќаваат туристите во Охрид, во Грција им нема ни траг. Охрид е штала у однос на некои туристички места во Грција.
Природно, би требало да биде Монте Карло у однос на грчките места, заради уникатноста на повеќе нивоа. Но, во реалност е штала у однос на нив.
Никој, апсолутно никој не работи келнер од кејф. Никој. За 250 еур работиш секој ден од јутра до сутра ( или според газдата, дур има гужва ), без слободен ден ( пошо е сезона ). Супер што сподели дека си работел како инженер за 250 еур, ама тоа е работа во која имаш слободен викенд/празник и знаеш дека 250 еур е почетна плата со можност за напредок понатака.НЕ! Без разлика што работиш и за колку го работиш треба да си професионалец. Јас не сум го натерал да работи како келнер, а уште помалку да работи таму. Ако ти се малку пари, ако не ти е денот поради приватни проблеми и сл. ќе си побараш слободен ден или ќе си го чуваш во себе додека да заврши работно време, муштеријата ти е најмалку крив за тоа што заработуваш малку.
Инаку генерално ова е проблем на македончето и важи за секоја професија, не само за келнерите, не можат да удрат по магарето (газдата), па ајде по самарот (муштеријата).
Конкретно сега има недостик од персонал пошо никој не сака да работи за 250 еур, и цела среќа Хрватска има исто недостиг на персонал па најголем број заминуваат таму. Условите за работа се исти и таму, само е поплатено.
Блокирање сметка, приказни за мали деца. Пријатели цела зима ја поминаа со исклучена струја во влезот пошо од 10 стана, само 3 живеат таму цела година.Ќе дојде време и за ова, како што беше во Грција, данокот на имот ќе биде понизок на првата недвижност и прогресивно се повисок и повисок на секоја следна. Само мора да биде направен законот на семејство, а не на индивидуа оти ќе ги префрлат недвижностите на други членови од семејството и пак нема да платат.
Не разбирам како не плаќаат за влез кога влезовите најчесто се одржуваат од трета страна, ако не платиш Х период ќе ти ја блокираат сметката.
Од мое искуство, сите пријатели/роднини кои имаат стан во зграда со викендаши, имаат огромни проблеми со одржување на зградата.Ne e bas tocno. Isto si plakaat davacki (od moe iskustvo). Toa za zgradite e individualno, veruvam deka ne plaka sekoj ama ne bi rekol 95%. Koj ne saka oddrzana da e zgradata kade sto ima stan? Barem ja taka mislam.