пробај
сега, од телефон лошо сум го ископирал.
Overall системот им е лош, сум бил на многу туристички места и најлошите впечатоци ми се од: Охрид и Црна Гора (комбинација на сите заедно: смештај, храна, услуга). Турист не иди кај тебе да го гледаш како душман и да му плукаш во кафето, или за појадок да му чукнеш посебна салама и виршли од 70 денари за килограм.
Али генерално на државно ниво си е проблемот, да знаевме како да работиме немаше да се молиме како питачи да не примат во ЕУ туку на овие мочани 25 713км2 што се останати ќе направевме држава.
80% од планините стојат неискористени за туризам, гледам сега чат-пат по некој од младиве почнува бизнис со „селски туризам“, „планински туризам“, ама сеуште е далеку од потенцијалот (ренташ простор на airbnb/booking, им нудиш локални специјалитети подготвени на традиционален начин, им организираш активности (јавање, 4цикли, велосипедизам, планинарење, параглајдери, кампување и сл.) и ете ти внес на девизи во државата).
А баш на него и мислев коа напишав пациенти, само ме мрзеше да барам постот, очигледно ликот е пациент и нема што тука, на такви не им е место во угостителство.
Смештајот варира од одличен до катастрофален, тоа со појадокот треба да се укине и онака нема цел.
Како што има добри апартмани така има и подруми со намештај од времето на Тито, миљенце над телевизор ЕИ-НИШ и сијалица од 25 вати заедно со немање топла вода, смрдеа на мувла и влага, глувци роварат по таван ако собата е во поткровје и слично.
Но тоа зависи и од намерата и платежните способности на клиентелата, не може за 400 денари да се очекува нешто посебно.
Иако во крајна линија, мора да има некои стандарди кои ако не се исполнети, да не смее да се издаваат соби, пример секоја соба со нишки телевизор јас би и ставил катанец веднаш, немање бојлер исто, све то иде под мач бато, под мач! Влага и мувла се дно на дното, тоа е здравствен ризик и мора да се третира со сериозни казни. Замисли деца да легнуваат во мемлива соба и да дишат како астматичари после цел ден пошто се наголтале влага.
Но затоа пак има и сериозни луѓе кои вложиле сериозни пари во смештај и нудат све по список, од целодневна топла вода до фри интернет до чисточа и менување на постелнина како во хотел, фер однос со гостите на секој план.
Тоа со рурален туризам е добра и сосема остварлива идеја за која не треба којзнае какви вложувања, јас имав едно време план да направам традиционален cottage кој би се издавал на странци ама живот пише романе па не излезе ништо од тоа, а имав земја во село и све по ред, септичка јама и остало, таман почнав со постамент ме падна судбината
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
20 евра по ден, чисто, фино, внатре све модерно со пристап до мобилен нет, надвор рустично, со бесплатно водење по планински и шумски патеки, посета на неколку извори на вода, неколку цркви, штета, уште ми е мака
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)