Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Германско-македонскиот културен форум КОРЗО на 4. Декември 2004 год. во Böblingen (prostoriite na crkovnata opshtina, С.Р. Германија) со почеток од 19.00 часот одржа предавање на темата
Охридскиот рамковен договор - Што се менува во Македонија?
Предавањето го изведе г-ѓа Викторија Чавкоска, дипломиран политолог по меѓународно право.
Предавачот Чавкоска во нејзиното излагање присутните ги информира за импликациите на охридскиот рамковен договор врз политичкиот и општествениот живот во РМ и конкретно ги објасни измените и дополнувања во уставот на РМ.
Чавоска смета дека со концептот содржан во рамковниот договор, наместо да се негува мултиетничкиот концепт и да се создава демократско граѓанство, се одсликува мултиетнички карактер во јавниот живот, т.е. во институциите на власта и во политиката. Тој принцип, досега негуван како обичај, станува задолжителен облик. 'Со рамковниот договор ние всушност го отсликавме опшеството во државата. Кога ќе ви се отслика опшеството во државата, ви се распаѓа и државата и опшеството' заклучува Чавкоска.
Во дискусијата која се отвори по завршувањето на излагањето на предавачот, присутните гости ја имаа можноста да го искажат своето мислење околз рамковниот договор и дополнително да поставуваат прашања.
Германско-Македонски Културен Форум КОРЗО - Штуттгарт / С.Р. Германија