Оформи ја својата иднина, зачлени се во АИЕСЕК!

Дали сте член на некоја студентска организација?

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Сите овие организации, се користат за многу други цели, кои доколку члeновите би ги знаеле, сигурен сум дека веќе не би биле дел од таа организација.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
На пр. за одреден проект, се отвараат апликации за лидерска позиција - проект менаџер и организационен комитет на кој СЕКОЈ АИЕСЕК ЧЛЕН може да аплицира.

Со праксите е објаснето во горенаведената квота.

Да, секој може да аплицира, но не секој и ќе биде избран;)
Формално, секој може да се кандидира и за претседател на Македонија, но во реалноста му е потребен силен (партиски) грб и спонзори да го оствари тоа.

Ти благодарам многу на конструктивната критика.

УПАТЕНО ДО ПЛАВООКА

Филип, АИЕСЕК и другите организации ги познавам 10 години, многу подолго откако си ти таму, затоа те молам не ме влечи за јазик. Знам кои луѓе имаа порано раководни позиции во организацијата, а многу добро знам и сега што се случува.

Почнавте и на Групер купони да нудите, бидејќи студентите веќе сфатија со со што си имаат работа:

http://grouper.mk/skopje/deal/aiesec-seminar

Сакаш од прва рака да ти кажам дека за овој т.н семинар за еднодневно предавање од 4, не ви дојдоа двајца предавачи? Ако сакаш, можам и да ги именувам кои се.

Поради тоа, продажбата на Групер за втор и трет дел од семинарот двојно ви опадна. Луѓето се почувствуваа измамени, бидејќи не го добија тоа за што платиле. Чист факт, што може да се потврди и во самиот Grouper, според бројот на купени влезници.

- Ниеден член на АИЕСЕК без разлика дали е обичен член или дел од Извршниот Борд НЕ ДОБИВА никаков надомест за неговата работа, чисто волонтерски.

Формално никој не добива, но фактичката состојба е поинаква.

- За секој проект или лидерска позиција однапред се отвараат апликации на кои СЕКОЈ ЧЛЕН НА АИЕСЕК може да аплицира, без разлика на своите претходни искуства каде потоа на избори ЦЕЛО ЧЛЕНСТВО НА АИЕСЕК ГЛАСА, а не само Извршниот Борд.

Вистинска демократија на дело, нема што.

- Апликантите или кандидатите кои се членови на некоја политичка партија во Република Македонија НЕ ИМ Е ДОЗВОЛЕНО ЧЛЕНСТВО во АИЕСЕК.

Знам луѓе кои не го почитуваа ова ни порано, а камоли сега, и ич мува не ги лази.

- Одењето на конференции е ФАКУЛТАТИВНО и на места на кои се плаќа минимални износи каде што АИЕСЕК останува на нула,.

( Пример : Планинарски Дом Пелистер, Шула Мина, Детско одмаралиште Мајски Цвет )
3 спиења со вклучен превоз и 3 оброка дневно = 1800 денари

Уште на крајот ќе излезе дека сте хуманитарна организација, богати. Сигурен си дека сте на нула, да не сте може во минус, од толку несебична грижа и безрезервна посветеност кон членството?

Како што реков, ако некој сака да биде овца, и да следи некого, нека повели, нека се зачлени. Јас сум по природа индивидуалист, и не следам никого, освен себе. Бидејќи повеќето луѓе не се како јас, не се сомневам дека ќе имате голем прилив на нови членови, бидејќи во таква е македонската ментална матрица - да се следи некој, по секоја цена.

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Ме интересира колку членови моментално има во АИЕСЕК во Македонија? Дали средбите ви се само на состаноци или некогаш се организирате и по друг повод, пример искачање во град, кафана, заеднички забави? Со други зборови дали во организацијата се чувствува хиерархиска подреденост или пак постои пријателство и на некој начин „семејство“. Звучи малку глупаво,ама обично односите ги определува и бројноста на членовите во организацијата и поставеноста на бордот кон другите.
Друго, дали за „мотивациските денови“ во траење од 3 дена низ Македонија секогаш се плаќа полна сума на пари или пак предходно настојувате да дојдете до определена поддршка од спонзори. Реално, 1800 денари се многу.
 
filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
АИЕСЕК во Македонија се тапа џонсон, кога ќе ги видиш кој се првите луѓе кој од кој по ај да не речам што и он треба да ти помогне кариера да градиш :facepalm: Неколку пати порано имам правено муабет и со сегашниве луѓе на АИЕСЕК и поранешните, ни чистачи не би вработил во моја компанија, инаку таму вечните студенти се први луѓе на АИЕСЕК. Ако сакате да лепите плакати, ако сакате да правите пластични кеси, ако сакате да врзувате панделки, ако сакате да носите бели маички , ако сакате да ви прават филмови дека се којзнае каква јака и силна организација од која ќе се утепате од знање и обуки слободно трошето го време на АИЕСЕК.
Колку за твоја информација, во Извршниот одбор составен од 7 членови, 3ца се со просек над 8.5 а другите 4 ја имаат навремено завршено студентска година. Провери си го изворот на информации, бидејќи од рака ги тресеш зборовите.

Poddrska za AIESEC , bev nivni clen i zadovolen sum.

Za ostanatite , ne mozam da ve sfatam kako negativno ste nastroeni ,nisto ne znaete za ovaa organizacija a pisuvate besmilseni raboti !

Ти благодарам многу на подршката ADVISOR.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 18:54 ---
Ме интересира колку членови моментално има во АИЕСЕК во Македонија? Дали средбите ви се само на состаноци или некогаш се организирате и по друг повод, пример искачање во град, кафана, заеднички забави? Со други зборови дали во организацијата се чувствува хиерархиска подреденост или пак постои пријателство и на некој начин „семејство“. Звучи малку глупаво,ама обично односите ги определува и бројноста на членовите во организацијата и поставеноста на бордот кон другите.
Друго, дали за „мотивациските денови“ во траење од 3 дена низ Македонија секогаш се плаќа полна сума на пари или пак предходно настојувате да дојдете до определена поддршка од спонзори. Реално, 1800 денари се многу.
Моментално во АИЕСЕК Скопје конкретно, бидејќи не сум компентен да зборам за АИЕСЕК Прилеп има околу 150 членови.

Еднаш неделно во просториите на Економскиот Факултет се случува неделен собир на комитетот Local Committee Meeting каде што се презентира се она што е направено за претходната недела, како и често имаме гости спикери од компании или тренинг центри.

Еднаш месечно се одржуваат забави во кафич, со цел подобра интеракција и дружење помеѓу самите членови, како и дружба со практикантите кои се дојдени на пракса во Македонија кои во моментов ги има околу 10тина.

Секоја година, во зависност од подршката од македонските компании, цената варира најчесто од 1500 до 2000 денари.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Колку за твоја информација, во Извршниот одбор составен од 7 членови, 3ца се со просек над 8.5 а другите 4 ја имаат навремено завршено студентска година. Провери си го изворот на информации, бидејќи од рака ги тресеш зборовите.
Човекот не тресе зборови од ракав, ама да, вистината боли.
Од кога тоа просекот на оценки стана вистинско мерило за нечија интелигенција? :facepalm::facepalm::facepalm: На крајот на краиштата, оценки можеш да купиш (дал Господ, има начини на секој факултет, па и на државниве), но ум не.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.353
Поени од реакции
6.352
Те цитирав да прочиташ.

Ме интересира, под чија капа е оваа организација, дали се плаќа членувањето, што придобивки има ако членувам во неа(обуки, семинари, патувања итн), што имате досеа направено, колку членови имате, во кои градови во државава имате канцеларии.
Во генерално што е овоа аисек, пошто го видов на фејсбук, го лајкнав, глеам еднаш неделно слики од некои промоции само вртат, и скоро ништо информации нема, a тука сретнав еден тон негативни коментари, а ако се водиме спрема тоа дека препораката е најдобар начин да се стигне до повеќе купувачи(членови), црно ви се пишува.
Поздрав, се надевам на искрен одговор.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.056
а ако се водиме спрема тоа дека препораката е најдобар начин да се стигне до повеќе купувачи(членови), црно ви се пишува.
Поздрав, се надевам на искрен одговор.
И овде на темава не е поинаку, не гледаш овој филип како дипломатски одговара селективно, како политичари се, мачкаат очи, пак уште слоганов - оформи ја својата иднина. :facepalm: Не верувам дека ќе добиеш некаков одговор... Ете погоре Plavooka му го здипли културно и како одговор доби нешто трето. o_O
 
R

Rigel Kent

Гостин
Fala bogu nikoj ne e primoran da se zacleni vo AIESEC , ako ne vi se dopagja ne se zaclenuvajte , mnogu prosto.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.353
Поени од реакции
6.352
И овде на темава не е поинаку, не гледаш овој филип како дипломатски одговара селективно, како политичари се, мачкаат очи, пак уште слоганов - оформи ја својата иднина. :facepalm: Не верувам дека ќе добиеш некаков одговор... Ете погоре Plavooka му го здипли културно и како одговор доби нешто трето. o_O
Ги прочитав сите, сакам да ја прочитам и вторава страна, пошто досеа не сум бил мераклија да одам по играорните а таму знам дека децата за багателни цени(во повеќето КУДови) одат насекаде низ светот, сакам да видам што нудат овие, пошто рекламите што им вртат им се насочени на тоа, запознај го светот, пракса, воа ноа. Кога веќе отвориле акаунт и сакаат да бидат отворени кој јавноста, се надевам ќе пишат одговор.
 
filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
АИЕСЕК во Македонија се тапа џонсон, кога ќе ги видиш кој се првите луѓе кој од кој по ај да не речам што и он треба да ти помогне кариера да градиш :facepalm: Неколку пати порано имам правено муабет и со сегашниве луѓе на АИЕСЕК и поранешните, ни чистачи не би вработил во моја компанија, инаку таму вечните студенти се први луѓе на АИЕСЕК.
Човекот не тресе зборови од ракав, ама да, вистината боли.
Од кога тоа просекот на оценки стана вистинско мерило за нечија интелигенција? :facepalm::facepalm::facepalm: На крајот на краиштата, оценки можеш да купиш (дал Господ, има начини на секој факултет, па и на државниве), но ум не.
Сакав да ве известам само за моменталната ситуација, како демант за тие квази муабети.
Fala bogu nikoj ne e primoran da se zacleni vo AIESEC , ako ne vi se dopagja ne se zaclenuvajte , mnogu prosto.

Ти благодарам многу ADVISOR. Никого не присилуваме на членство, само се обидуваме на студентите да им пружиме шанса за членство во организација во која ќе добијат голема количина на неформално образование.

Те цитирав да прочиташ.

Ме интересира, под чија капа е оваа организација, дали се плаќа членувањето, што придобивки има ако членувам во неа(обуки, семинари, патувања итн), што имате досеа направено, колку членови имате, во кои градови во државава имате канцеларии.
Во генерално што е овоа аисек, пошто го видов на фејсбук, го лајкнав, глеам еднаш неделно слики од некои промоции само вртат, и скоро ништо информации нема, a тука сретнав еден тон негативни коментари, а ако се водиме спрема тоа дека препораката е најдобар начин да се стигне до повеќе купувачи(членови), црно ви се пишува.
Поздрав, се надевам на искрен одговор.
АИЕСЕК е интернационална организација со канцеларии во 110 земји, меѓу кои и Македонија. Секоја АИЕСЕК држава си има свои Локални Комитети (ЛК Скопје кој има 150 членови и ЛК Прилеп кој има 50 членови). Членувањето во нашата организација е бесплатно.

Сите семинари и обуки во организација на АИЕСЕК се бесплатни, додека пак за конференциите ширум Македонија се плаќа одреден минимален надоместок.

J.Zanetti доколку сакаш да ти го испратам Годишниот Извештај околу проекти и настани, те молам пиши ми го твојот мејл по ПП.

Општо за АИЕСЕК Македонија, можеш да прочиташ повеќе на:
http://www.fakulteti.mk/studenti/stdorg/aiesec.aspx

Секако дека сме отворени за критики, но ќе ве замолам тие да бидат конструктивни а не од рекла казала.

Се надевам дека ви дадов одговор на сите ваши прашања. Доколку имате уште некое прашање, слободно контактирајте ме.

Поздрав
Имајте убав ден
 
Искрено на линков нема ништо од тоа што ме интересираше, а на тој линк има друг линк до фејсбук страна, на која како што спомнав, само се постираат слики од среќни луѓе со мотивирачки пораки, нешто како семе синапово.
И второ, не ми е потребен годишен извештај, потребно ми беше да ми ги објасните прашањата погоре, ја ако ви дадам меил само станувам мета на спам пораки.
Поздрав, се надевам ќе најдете заинтересирани за организацијава кои би се вклучиле кај вас, а би одработувале нечија агенда.
 
Повели на следниве линкови можеш да прочиташ нешто повеќе за АИЕСЕК во светот и конкретно во Македонија, основни вредности и цели кон кои се стремиме.

http://en.wikipedia.org/wiki/AIESEC
http://www.aiesec.org/

Само дел од проектите и настаните во организација на АИЕСЕК:

Обединети за утрешнината
ИТ Форум
АгроБизнис Форум
Центар за Кариера
Градиме мостови
Денови на Кариера
Предавање на Веле Самак
Мотивирај се за твојата иднина во соработка со Ротари Скопје
 
Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
За мојата струка нема никаква понуда, за џабе ќе беше да инвестирав пари во тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom