Отуѓеност

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Сите денес знаеме во какво општество се наоѓаме и какви услови тоа општество ни налага. Денес, најголемата отуѓеност е отуѓеноста од самиот себеси. Во ваквото модерно општество човекот се доживува и себеси и другите како предмет. Неговата вредност повеќе не се цени според неговите квалитети туку според тоа колкава е неговата цена, колку поседува и колку тој може да заработи. Така човекот го губи неговото чувство за сопствена личност..

Дали вака вие се чувстувате или сте се почувствувале некогаш?
Што мислите вие, кој е начинот за да се избегне чувството на отуѓеност и чувството на осаменост? И дали воопшто има начин?..
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Секако дека има. Има илјадници начини за дружба во нашето дегенерирано општество. Според мене проблемот е што “ние“ одлучуваме да се фокусираме на турбо фолкот како општествена појава. Сакаме кич, не дека со сила некој ни го натура. Токму тоа ми беше и темата за спортот и книгата. Ние не сакаме здрави работи кои ќе не изградат во здрави личности. Ние сакаме пари и секс. И тоа е се`.

И наслвот е погрешен... “одтуѓеност“ колку сум јас информиран.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Секако дека има. Има илјадници начини за дружба во нашето дегенерирано општество. Според мене проблемот е што “ние“ одлучуваме да се фокусираме на турбо фолкот како општествена појава. Сакаме кич, не дека со сила некој ни го натура. Токму тоа ми беше и темата за спортот и книгата. Ние не сакаме здрави работи кои ќе не изградат во здрави личности. Ние сакаме пари и секс. И тоа е се`.

И наслвот е погрешен... “одтуѓеност“ колку сум јас информиран.
Да, во право си. Ама мене ме интересира како може да се одбегне од оваа отуѓеност?

И за одтуѓеност не си во право. И јас мислев дека се пиши така, ама д е звучна согласка, т е безвучна, а едначењето се врши според втората согласка. Значи д преминува во т.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Да, во право си. Ама мене ме интересира како може да се одбегне од оваа отуѓеност?

И за одтуѓеност не си во право. И јас мислев дека се пиши така, ама д е звучна согласка, т е безвучна, а едначењето се врши според втората согласка. Значи д преминува во т.
По кратка консултација со енциклопедијата за зборови... спорот е решен во полза на вистината. Твојата вистина :) Насловот е сепак добар.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Според мене проблемот е што “ние“ одлучуваме да се фокусираме на турбо фолкот како општествена појава.
Знаеш дека ми се допаѓа оваа реченица.

Он топик:

Мислам дека не е се така црно. Не се отуѓуваме нити имаме проблеми со комуникација. Времето се менува и се менуваат навиките на луѓето и нормална работа е да не ги сакаме тие промени.
Проблемот е закоравеноста на старите и нивната желба ние да не успееме, и најголемиот проблем дегенреичноста на младината и апсолутната апатија во нивните таканаречени умови...да турбофолкот е проблемот ид а ова сите ќе го прочитат и да веер пак ќе кршат кичми на тоа.

Сусаро нејќам збор да чујам од тебе за ова:pos:
 
С

Сатори

Гостин
Ние сакаме пари и секс. И тоа е се`.
Значи треба да ги негираме потребите како јадење, секс и основна егзистенција злато?

Мораме да бидеме опседнати со пари и секс, не постои друг начин за да дојдеме до основното задоволство.
Крајно, сексот е баш еден од основните начини со кој ја елиминираме отуѓеноста, бар на неколку саати.
:back:
 
K

kat.<3

Гостин
човекот кој што чекори на неправедната половина од патот секогаш може да се пронајде себеси, во мигот кога искрено ќе погледне во срцето и таму ќе ја види љубовта и милоста.Зависта е онаа која прави луѓето да се вљубуваат во предмети, за нив поважни се тие од чувствата, од зависта произлегува гордоста, а од неа гревот, или можеби гревот започнува во истиот миг кога се појавува зависта во срцето.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Значи треба да ги негираме потребите како јадење, секс и основна егзистенција злато?

Мораме да бидеме опседнати со пари и секс, не постои друг начин за да дојдеме до основното задоволство.
Крајно, сексот е баш еден од основните начини со кој ја елиминираме отуѓеноста, бар на неколку саати.
:back:
Бла бла бла... :)

1. Јадење, основна егизстенција и секс за репродукција се работи кои мораат да се прават. :toe:

2. Не мораме да бидеме опседнати со пари и секс за да дојдеме до основното задоволство. Што се случи со обична прошетка во пролетно утро? Соседски разговор во локален дисконт... океј ајде, да одиме подлабоко.
Парите и сексот се исфорсирани задоволства. Можеби сексот е ултимативното задоволство, но парите секако не се. Плус тука зборуваме на некој начин за вредностите на животот, а тоа секако не се сексот и парите, туку можеби пријателството и верноста, желбата за знаење, желбата за помагање, придонесот за општеството и куп ситници кои ако почнам крај нема. :motor:

3. Не, сексот не ја намалува отуѓеноста... разговорот пред и по сексот ја намалува. Нашите природни нагони не го решаваат проблемот на модерна осаменост, туку моментално го умртвуваат, ко што рече на неколку саати... или зависи, можеби и се само минути.
Тоа ти е како кафетин. Ќе ти ја убие забоболката, ама на забар пак ќе мора да одиш.
:helou:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нормално дека ќе се појави чувство на отуѓеност и осаменост кога човекот нема време за себе,а најмалку за другите.Стануваш во 7,цел ден го поминуваш на работа,дома доаѓаш во 19 и легнуваш.Секој ден е копија на претходниот.Иако има желба да се направи нешто за себе,нема сила и енергија.Останува само еден ден во неделата,тој го користиш за да видиш во што човек си се претворил.Каде се останатите?Ги нема во оваа машинерија,го слушаш само нивниот глас,ги поставуваш истите монотони прашања на кој веќе ги знаеш одговорите.И нив им е така за тебе.Сам себе си се изолираш,а упорно се бориш да промениш се.Како би променил е тешко прашање со одреден ризик.Ќе одиш против сопственото здравје(краток сон,колабирање) или ќе ја напуштиш машинеријата.Некој се надева дека успева да надополни за оние мигови кога не е присутен,но сите стануваат странци околу себе.Боли кога малата наполнила годинка и некој месец,а не те познава,се плаши од тебе,бега.Мислиш дека чоколадата ќе смени се.Една вечер со старото друшво,испиено кафе со другарки.За нив си странец,како да не се чувствуваш осамен и отуѓен при луѓе околу себе?!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Нормално дека ќе се појави чувство на отуѓеност и осаменост кога човекот нема време за себе,а најмалку за другите.Стануваш во 7,цел ден го поминуваш на работа,дома доаѓаш во 19 и легнуваш.Секој ден е копија на претходниот.Иако има желба да се направи нешто за себе,нема сила и енергија.Останува само еден ден во неделата,тој го користиш за да видиш во што човек си се претворил.
Факинг социјализм... кретенското уредување каде сите можевме да се осеќаме како луѓе. Неееее... Ова е тоа, работиме форевр за да може “General motors to make juuuust a little more profit“ :tapp: Поздрав Сусаро :helou:
 
S

Sith_Lord

Гостин
Имало алиенација и во социјализмот, Викторе. Не се знаело кој би можел кодош да биде и да "те каже" на најблискиот релевантен авторитет дека си зборел некои опасни глупости за ју ноу ху.​

Комшијата можел да те прати на море (читај- Голи Оток) и мува да не го полази.​

Се доближуваш до проблемот, ама за малце го утињаш. Знаеш ли кој е крив за алиенацијата? Ти си крив.​

И јас сум крив.​

И сите што ги знаеш и сакаш и мразиш и сеедно.​

Како што животот добива на темпо и на брзина, се полесно е да се изолира човек од своите "ближни", што би рекол Господ. Капитализмот не е изговор. Конзумеризмот не е изговор. Ништо од ова не е. Луѓето отсекогаш биле лајна едни со други и не се приметувале. Мнозинството од нив секогаш и ќе бидат.
Онаа мала група што ни го обелува образот како луѓе и овозможува преку своите дела воопшто да се задржат во ова време поимите како пријателство, блискост, љубов- таа треба да ви служи за пример.​

Јебеш идеологии. Сакајте ги луѓето. Тоа е единствената идеологија која ви е потребна. И ако сакате, ќе одвоите време за нив. Алиенација, шмалиенација. Ако можат некои, можете и вие.​

Ајт преку к.р веќе од лигавење. Оттуѓени сме биле. Па викнете некого надвор, место по мсн да дрндате. Идете сабота на кампување. Направете нешто со себе.

Sith

едит: И уште нешто ми текна. Зборите за проблемот на оттуѓување како да живеете во најдлабоката јама на западниот турбокапитализам, каде што луѓето навистина се присилно оттуѓени едни од други, за разлика од нас, кои само се правиме курнази и од инает не се поздравуваме на улица, а не од што имаме нешто многу работа и ангажмани во животов. И од таков народ преку к.р.

Толку.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ајт преку к.р веќе од лигавење. Оттуѓени сме биле. Па викнете некого надвор, место по мсн да дрндате. Идете сабота на кампување. Направете нешто со себе.
Ма немој молим те. Кој да викнам? Со кој по ѓаволите да седам надвор и со кој да одам на кампување кога сите, ЧИТАЈ сите, се седнати на компјутер и не сакаат да ги мрднат газојте (вклучувајќи ме и мене).

Сакаш да кажеш дека ова е нормално време? Дај жити се. Да беше нормално време, ќе седневме како луѓе, и ќе се разберевме нормално, шо се вели зборот чоечки. Ама не. Машината упорно не' мели, и со тоа мелење ја создава алиенацијата.


А ти седиш тука и зборуваш за алиенацијата и упорно типкаш по тастатурата, наместо, како шо велиш ти „да одиме на кампување“ и таму да полемизираме за големите работи, од голема важност за нас и нашето општество.

И да. Сакајте се. Само, пазете во сакањето да не се изгубите самите себеси.

Тогаш ни алиенација нема да не' спаси.
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Се разбира дека има начин. Само треба да знаеме како да го пронајдеме начинот, т.е. како да опстанеме во денешниот свет. За жал има многу асоцијални луѓе кои не знаат да се снајдат во реалноста, т.е. не знаат да се дружат, а тоа е многу лоша особина за да ја поседуваш денес. Мислам дека ако сме дружељубиви и снаодливи, можеме многу убаво да функционираме, и да не се оттуѓуваме од никого. Ако сме асоцијални и не знаеме да се дружиме, дури и да сакаат да се дружат со нас, ние ќе ги туркаме луѓето од себе. Со еден збор сакам да кажам дека ако си снаодлив и дружељубив можеш да опстанеш и најубаво да си поминуваш секогаш. Сам ако не се снајдеш, никој нема да те цени и да ти прогледа низ прсти. Нема веќе вистински пријатели денес.
 
S

Sith_Lord

Гостин
Кој си ја има мувата на капата... :)

Ма немој молим те. Кој да викнам?
Јас ли ќе ти кажувам кој да викнеш? Примерот со кампувањето го дадов само затоа што беше опиплив и очигледен. Ако те мрзи да станеш од газот и да прошеташ надвор наместо да киснеш пред пи-си, не го обвинувај општеството, мацо.

Сакаш да кажеш дека ова е нормално време? Дај жити се. Да беше нормално време, ќе седневме како луѓе, и ќе се разберевме нормално, шо се вели зборот чоечки.
Повторно, немој за твојата лична неспособност да се разбереш со луѓето како со луѓе да го обвинуваш времето. Времињата се најмал проблем. Луѓето никогаш не седнувале да се разберат како луѓе. Војувале, се убивале, се палеле на клади, се краделе, се кодошеле, се експлоатирале... Но секогаш, СЕКОГАШ постоела мала група која го оправдувала човековото постоење. Таа што не се вадела на ВРЕМИЊАТА ебаго.

А ти седиш тука и зборуваш за алиенацијата и упорно типкаш по тастатурата, наместо, како шо велиш ти „да одиме на кампување“ и таму да полемизираме за големите работи, од голема важност за нас и нашето општество.
Не биди толку загрижена за мене. Интернет дома немам, а спорадично во нет кафе седнувам затоа што ми требаат материјали за на факултет/досадно ми е а времето надвор е срање.

А ако сакаш добри локации за кампување, само прашај. ;)



На крај краева, да се навратам на претходниот мој пост- се' се сведува на личната волја и способност да се справиш со искушението да пратиш све у курац и да се затвориш во соба. Тоа искушение отсекогаш постоело, само што порано луѓето го немале луксузот да седат дома и цмиздрат за тоа колку никој не ги сака. Оделе на работа. Од 13 годинки.

Затоа сус.

Sith


 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
А ти седиш тука и зборуваш за алиенацијата и упорно типкаш по тастатурата, наместо, како шо велиш ти „да одиме на кампување“ и таму да полемизираме за големите работи, од голема важност за нас и нашето општество.
Зашто тоа кога можеме да зборуваме преку машина, а понекогаш мислеме дека и зборуваме со нејзе (... Драга Кајгана...)?
Со кој по ѓаволите да седам надвор и со кој да одам на кампување кога сите, ЧИТАЈ сите, се седнати на компјутер и не сакаат да ги мрднат газојте (вклучувајќи ме и мене).
Тамарче, не заебавај. Отсекогаш сум сакал да одиме сами во дивината. Под ѕвезденото небо,
крај оган
Боси во тревата
со срамни очекувања,
со цигара во уста
да се грабнеме
како коњ во кобила
да те посеам

Упс, погрешна тема.

ЧУдна е човечката психа. Чудно е да не фаќаат носталгии за нешто што не сме го доживеале. Сериозно, од кога се јави свеста “дека сме отуѓени“? Во доба на вакцини, микрочипови, куќи со брави заклучуваме дека треба да зборуваме со луѓето. Повеќето луѓе се зли. И слушаат турбофолк. Зошто би зборувал со некој што пее сатански стихови? Што го спречува освен законот, да ме убие кога веќе слуша турбофолк? А вака на интернет, површно (ох) не обземаат емоции едноставно да зборуваме со сите луѓе во сечовечки дијалог за решавање на проблемите. Срање!
Научниците најубаво работат сами.
Уметниците најубаво работат сами.

Тие што лажат ’дека треба да комуницираме лице в лице“ пробуваат да ти продадат нешто (како на пример партиите) или да ти го дигнат новчаникот во гужва во автобус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom