Отпор и откажување

  • Креатор на темата StormRage
  • Време на започнување
S

StormRage

Гостин
Сите сме имале некоја ваква ситуација, каде требало да се откажеме од нешто, општо од некоја навика. Дали не ви годела или сте морале да се откажете. Цигари, алкохол, личности, едноставно некои глупи навики. Колку тоа тешко ви паѓа, кризирање, проблеми?

Сум имал проблеми со ова, некогаш и по некоја тешка криза, но дефинитивно со тек на време се менуваат работите и тоа новото без старата навика (или шо и да е) ви станува нормално, односно навикнувате. Интересна работа е опирањето, процесот на сето тоа, кога се потсеќате колку ви фали нештото и дека поново ќе посегнете по истото или повторно ќе направите грешка.

п.с. не приметив нишо слично на темава, паааа ме интересираат мислења :)
 
D

Daedalus

Гостин
Кога ќе се потсетиш на тоа колку ти фали нештото, потсети се и на тоа зошто си прекинал со навиката пред фалењето на истата да те натера да ја повториш грешката повторно (доколку навистина е грешка).:)

Пред година ипол ги откажав цигарите после 8-9 години пушење. Минатата сабота се начукав и прв пут послем година ипол ми дојде нагон да запалам цигара.
Секако, се потсетив на причините поради кои ги оставив цигарите што ме натера да не "потклекнам" на моменталната слабост.
Сега ми е мило и сум горд на себеси што не покажав слабост во дадениот момент.

Ако ништо друго, чувството на контрола врз сопстевниот живот, нагони и потреби е награда самото по себе.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.202
Поени од реакции
34.793
Колку тоа тешко ви паѓа, кризирање, проблеми?
Се е до волјата. Наспроти верувањата, таа не е вродена туку се гради (или руши) во текот на целиот живот.
Добра пракса се долгите постови, од здравствен аспект но и од карактерен (религиозниот аспект го оставам на некој... религиозен).
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Си имав и јас навика, но се откажав откако си добив по носот.
Сабота или недела си одев кај една комшика на поседок, додека мажот,страсен риболовец си имаше пак навика секој викенд да го поминува на Тиквешко негде или Вардар река.Но некој ме поткажал па тој се откажал од хобито тој ден, и дремел пред зграда ,а јас потоа се откажав од тогаш во погоре наведеното,иако тешко ми падна.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Си имав и јас навика, но се откажав откако си добив по носот.
Сабота или недела си одев кај една комшика на поседок, додека мажот,страсен риболовец си имаше пак навика секој викенд да го поминува на Тиквешко негде или Вардар река.Но некој ме поткажал па тој се откажал од хобито тој ден, и дремел пред зграда ,а јас потоа се откажав од тогаш во погоре наведеното,иако тешко ми падна.
Лесно си поминал
--- надополнето: 31 март 2013 во 13:56 ---
Кога сакамги откажувам цигарите,одреден период потребен е инат,ама магарешки.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Битно е во животот да си страствен за работите. Тоа е добра особина, да се оди во екстреми, се` додека не е особина наметната отстрана или се должи на животни ситуации. Знам премногу луѓе кои наликуваат ко да имаат совршена контрола над себе и изгледаат совршено, ама обично нема ништо интересно кај нив. Исто како што нема ништо интересно ни во оние што се препиваат и препушуваат само за да се покажат у друштво, а не за своја боемштина.

Во принцип, радувај си дур ти се може да си проблематичен.

После кога ќе треба да зависат други од тебе, или кога ќе осетиш здравствени/физички ограничувања, тогаш веќе може да се проба и другата страна, на организиран живот и самоконтрола.

Што и да се одбере е океј, само битно е да се одбере по своја желба и сосе целосната одговорност што правењето на нешто ја носи (океј и неправењето на нешто носи своја одговорност или барем последици...).
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Јас сум, т.е бев репрезентативец на Македонија во еден спорт кој моментално е од ендемски вид во нашава земја. Во него бев фрлен уште на 7 и нешто години. На почетокот не ни беше во план професионално занимавање со истиот туку чисто од здравствени причини. Со тек на време еден од моите тренери забележал некој талент и пред се физички предиспозиции и ме унапреди. Почна да работи со мене и да ме подготвува за натпревари. Е тука беше пресудниот момент, тука веќе почна да влегува чивијата што би рекле старите. Секојдневни тренинзи, различен начин на живот од моите врсници, и ми се случи да се заљубам у спортот, да, да се заљубам бидејќи никогаш не ме изневери, колку ќе вложев во него на тренинзите исто толку му враќаше на натпреварите, и сега се ежам кога го пишувам ова. И така како што поминуваа деновите, месеците годините влегував се' повеќе во спортот и професионалниот однос спрема него. Жртвување премногу, пред се жртвување на мојот социјален живот(редуцирани излегувања, летни одмори немаше и ред други работи), но не ми беше жал и сеуште не ми е бидејќи тогаш го работев она што вистински го сакав и уште го сакам. Успесите се редеа, апетитите се зголемуваа сакав да го покорам светот. Во тие моменти на успех се осеќав како Дејвид Гета (the world is mine), сите среќни, моите дома горди, најблиските исто секаде ме спонуваа и се гледаше дека се горди што ме имаат, ветувања за дополнително вложување во мене и помагање на мојата единствена цел да се искачам или барем да се вмешам во светскиот врв на мојот спорт, неможам да опишам со зборови како добро се чувствував во таквите моменти, боље од чувството после секс, сериозно. Но како што велат се се врти се се менува, од нигде никаде БУМ, за момент се што градев цели 12 години се сруши, врз мене, ме стисна многу силно и ме боли уште, уште ми се навлажнуваат очиве додека пишувам, сите сонови се срушија сите тие ветувања останаа само ветувања празни, кога требаше да се разбудат надлежните и да ми помогнат барем малку тоа не се случи, за жал. Неможев веќе да барам средства(финансиски) од моите бидејќи им земав се'. И тогаш дојде она што најмалку го сакав и она што ни во најлошо сценарио не го замислував а тоа е да се откажам од спортот што ми беше се' во животот, да се откажам од она со кое што се будев и заспивав, она преку кое сакав да го допрам врвот, сето тоа се случи оваа година која на почетокот изгледаше дека ќе биде најуспешната до сега. За жал морав да се откажам и се уште кризирам, тоа ми е нешто без кое неможам да се замислам ама ќе морам очигледно.
Сепак, не жалам за ништо бидејќи сум го сакал тоа. Како што сум се навикнал така и ќе се одвикнам, едноставно МОРАМ колку и тоа да е болно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Токму истово од Шеј Лонг. Дури и за истиот спорт се работи ако добро ми текнува :)) копи - пејст.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom