Јас сум, т.е бев репрезентативец на Македонија во еден спорт кој моментално е од ендемски вид во нашава земја. Во него бев фрлен уште на 7 и нешто години. На почетокот не ни беше во план професионално занимавање со истиот туку чисто од здравствени причини. Со тек на време еден од моите тренери забележал некој талент и пред се физички предиспозиции и ме унапреди. Почна да работи со мене и да ме подготвува за натпревари. Е тука беше пресудниот момент, тука веќе почна да влегува чивијата што би рекле старите. Секојдневни тренинзи, различен начин на живот од моите врсници, и ми се случи да се заљубам у спортот, да, да се заљубам бидејќи никогаш не ме изневери, колку ќе вложев во него на тренинзите исто толку му враќаше на натпреварите, и сега се ежам кога го пишувам ова. И така како што поминуваа деновите, месеците годините влегував се' повеќе во спортот и професионалниот однос спрема него. Жртвување премногу, пред се жртвување на мојот социјален живот(редуцирани излегувања, летни одмори немаше и ред други работи), но не ми беше жал и сеуште не ми е бидејќи тогаш го работев она што вистински го сакав и уште го сакам. Успесите се редеа, апетитите се зголемуваа сакав да го покорам светот. Во тие моменти на успех се осеќав како Дејвид Гета (the world is mine), сите среќни, моите дома горди, најблиските исто секаде ме спонуваа и се гледаше дека се горди што ме имаат, ветувања за дополнително вложување во мене и помагање на мојата единствена цел да се искачам или барем да се вмешам во светскиот врв на мојот спорт, неможам да опишам со зборови како добро се чувствував во таквите моменти, боље од чувството после секс, сериозно. Но како што велат се се врти се се менува, од нигде никаде БУМ, за момент се што градев цели 12 години се сруши, врз мене, ме стисна многу силно и ме боли уште, уште ми се навлажнуваат очиве додека пишувам, сите сонови се срушија сите тие ветувања останаа само ветувања празни, кога требаше да се разбудат надлежните и да ми помогнат барем малку тоа не се случи, за жал. Неможев веќе да барам средства(финансиски) од моите бидејќи им земав се'. И тогаш дојде она што најмалку го сакав и она што ни во најлошо сценарио не го замислував а тоа е да се откажам од спортот што ми беше се' во животот, да се откажам од она со кое што се будев и заспивав, она преку кое сакав да го допрам врвот, сето тоа се случи оваа година која на почетокот изгледаше дека ќе биде најуспешната до сега. За жал морав да се откажам и се уште кризирам, тоа ми е нешто без кое неможам да се замислам ама ќе морам очигледно.
Сепак, не жалам за ништо бидејќи сум го сакал тоа. Како што сум се навикнал така и ќе се одвикнам, едноставно МОРАМ колку и тоа да е болно.