Отпишаните скорпиони од АРМ масовно вадат бугарски пасоши и заминуваат на печалба низ Европа

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362

Петнаесетина поранешни војници на АРМ што пред повеќе од една година останаа без работа битката за егзистенција сега ја водат со бугарски пасоши, најчесто како возачи на камиони низ патиштата во европските земји.
Независниот синдикат на професионалните војници тврди дека секој ден се зголемува бројот на оние отпуштени војници кои неможеќи да најдат работа во земјава вадат бугарски пасоши и ја напуштаат Македонија. Некои од војниците кои имаат и по повеќе од десет години стаж, а беа отпишани од АРМ, сега чекаат лиценци за обезбедување или пак возачки дозволи, а ги добиваат преку „Лепеза„ програма поддржана од Кралството Норвешка која треба да им овозможи преквалификација и можност за ново вработување.
Tоа се оние 120 припадници кои беа отпуштени од АРМ кога наполнија 38 години и тоа непосредно пред да бидат направени измените во Законот за служба во АРМ со кој нивните колеги добија шанса да останат во армијата до 45 години.

Неправдата после четири години не успеаја да ја исправат, иако преку Независниот синдикат на професионалните војници бараа решавање на нивниот статус кај тројца министри за одбрана, од кои добија само лажни ветувања. Прво, како што велат од поранешниот министер за одбрана Зоран Коњановски кој дури и написмено им дал надеж дека ќе бидат вклучени во активната резерва и дека месечно ќе добиваат по околу 7.500 денари.

Откако тоа не се случи во мандатот на Коњановски, барањето било активирано, но напразно и во текот на министерувањето на Фатмир Бесими. Со сегашниот министер за одбрана Талат Џафери не ни помислуваат да седнат на преговарачка маса, а сепак не се откажуваат од правото што го добија нивните колеги во АРМ да работат до 45 години и тоа само после два до три месеци откако најголем дел од војниците останаа на улица.

Сега се заглавени во длабока сиромаштија. Станавме социјални случаи, вели Илија Тодев, професионален војник и координатор на Независниот синдикат на професионалните војници кој веќе четири години заедно со своите 120 отпуштени колеги води упорна битка против досегашните неправди, понижувања и лаги дека отпуштените војници ќе бидат вработени во активната резерва, дека ќе имаат приритет при вработувањата во државните институции.... А, не можат да добијат ни социјална помош! Од сите овие големи зборови и ветувања вистината како што велат е една – дека отпуштените војници на АРМ беа заборавени од државата во моментот кога ги напуштија војничките касарни со наполнети 38 години.
За голготата, за мизерниот живот, за преживувањето, за лагите и ветувањата отворено за МКД.мк во разговорот со Илија Тодев, координатоорт на Независниот синдикат на професионалните војници, што наскоро ќе биде објавен.

„Државата не излажа и не заглави во сиромаштија – од професионален војник станав социјален случај!“
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
и на нивно место орки ставија неписмени, срамота, се беше тека направено само после 2 месеца од нивното отпуштање го сменија законот на 45 год од 38 само за се отворат места за орките
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Кај и да е ќе не прекрстат во Западна Б'лгарија, нас мува не не лази.
На Учката му успева планот за разнебитување на македонската војска, а и на „патриотиве“ им одговара, и онака пола веќе имаат европејски пасапорт во џеб.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Македонијо мила, до каде стигна!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
blue ladybug на вакви работи мислев вчера од типот на третирање ко стока и граѓани од втор ред ;) пак пиши сеа дека државава не те третирала ко стока.

Кај и да е ќе не прекрстат во Западна Б'лгарија, нас мува не не лази.
На Учката му успева планот за разнебитување на македонската војска, а и на „патриотиве“ им одговара, и онака пола веќе имаат европејски пасапорт во џеб.
anyway мислам дека се криви тие што отидоа на одмор во Грција, да не отидеа немаше ова да се случи :(
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.150
Поени од реакции
83.851
Не ни требаат Македонци војници, кога имаме армија од невладини организации. Само нека покушат пак косоварите да влезат, коа ќе им ги пуштиме активистине, со флаери, со мегафони, маме ќе им заебат. Или можда ќе биде боље да ги затепаме со бронзана од плоштад или огромната армија на административци....

Како и да е, имаме доста опции, кој ги шиша професионалните војници.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Извадиле и никој нема право да им суди. Абе ние сме најголеми гракачии во светот и се знаеме како треба да биде. Кои сте вие да им судите на овие луѓе? Утре може и вас да ве пишува во весник дека сте извадиле.. Си патиме ние од хронична простоќа... А тоа што вадат ќе вадат се додека не се интегрираме ако тоа не се случи во наредните седум осум години и јас би размислил.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
А учките вработени во администрација седат дома и земаат плата,ах мојата чудесна земја :facepalm:
 
Н

на мајка ти љубовникот

Гостин
само така, да може цела војска у свет вакво сценарио да доживее, мозоци измиени.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
blue ladybug на вакви работи мислев вчера од типот на третирање ко стока и граѓани од втор ред ;) пак пиши сеа дека државава не те третирала ко стока.
Знам на што мислеше цурице, вчера кога се цитиравме, јасно ми е.
Мене лично не ме третирала како стока, тоа сакав да ти го кажам. А овие требало на време да реагираат кога им биле ветени „бенефициите“ кои до ден денес не ги добиле. Што чекале до сега? Не ја оправдувам државата во никој случај, дури и ја плукам за вакви работи.
Лично имам пријател кој беше дел од Скорпиониве. Дечкото сега работи на граница како дел од воена полиција. Како тој можел да се снајде и да не дозволи државата да го третира како граѓанин од втор ред? И да додадам, типот не е партиско пионче.
Нештата кои треба да го добиеш, не треба да чекаш сами да ти дојдат пред врата, додека ти лежиш 4 години дома. Треба да реагираш и да дејствуваш, ако сакаш да го добиеш тоа што ти е ветено и што ти следува. Бар кај нас ветувањата, па посебно од државата, не ти се исполнуваат ако не запнеш со сите сили да ги добиеш.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Oва е дел од програмата остваруваме не се секирајте:place:
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Не бе јас мислам дека тие се предавници... Бугари итн... Како што и ги нарекуваат нашиве "патриоти" ... Само на овие луѓе на крај им се суди зошто си заминале и зеле бугарски пасош... А тој што му ебава матер на буџетот му се плеска...

Каков патриотизам какви глупости... Кога некој има празен стомак има да се снаоѓа како знае.. Згора на тоа албанец да ти кажува што да правиш... Priceless
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
И така третина народ зема та за шкорпионите ќе збориме.
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Абе таман си е,сите што не ни чини нешто во државава,(пошто е совршена за грото од населението)ќе си одиме.Па да ги оставиме бре луѓето да живеат во хармонија,супер им е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom