Откачени професори..

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Jaс дури бев средно,имаше еден професор Бале,физика предаваше.И никогаш немавме одржано час по физика,туку све беше сексологија.Ќе скорнеше некој од нас,и ќе го праша- Имаш Женска? Он на пример- ДА.
Ај сеа ти да им објасниш на другариве што се прави со женска?
Или како се фаќа женска, како се секса женска,како се изневерува и такви ствари. Али само за тоа.

Еднаш скорива едно девојче,и му вели Имаш ти дечко? Немам оваа (а грда ко кур беше) и типов и вика- Па и не ме чуди шо немаш искрено....
 

Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50
Имав јас професор што ми предаваше математичка анализа во четврта и човекот ништо не го интересира.Почнува секогаш да пишува од десната половина на таблата,па продолжува на левата :pos: Секој час праќаше некој да му уплати спортска или по хамбурeр :pos:. Кога имаше последен час од нас,ќе предадеше или некогаш само ќе поседевме 10 минути и ни викаше:
"Абе имате уште часој?"Ние имавме уште еден после него и ни вика:"Епа сејте вие,ја че си одам,ама бидете тивки".Еднаш се деси така да излезе и ете го се враќа назад и вика:"Шефицата е надвор,не можам да си одам,сејте тука" :pos:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Леле, мене повеќето вакви ми биле:)
Ај да набројам некои...во основно:
Балата по математика-генијалец математичар.Ама пустиот не не држеше под контрола и беше циркуз, кој шо сака прави кога сака било во кое време.
Гао по физичко-Митрано стој!Ти Петре кај си тргнал?Не памтеше имиња, само трескаше некои измислени стари имиња.
Роузи по англиски-стара пребогата пуфла на која не и беше дојдено до предавања, само трескаше зелени за Марсовци, вселенски набљудувања и разни глупости.Кога ни беше досадно некој ќе ја прашаше што имаше во последната епизода на таа и таа серија и часот појде:)
Ѓорѓи по историја и граѓанско-Посебна приказна, треба да се доживее за да се поверува.Отепан вмровец, го провоциравме намерно за сдсм.Исто кога требаше да испрашува само ќе кажевме тие и тие викаат за Македонија вака и вака...и нема испрашување, ќе филозофира пола час:)
Пинки по англиски-Плиизз чилдрен, не чкртајте по клупите!Кам он!
Праската по географија-Ќе се заигра со шминките, ти ако сакаш раскажувај за Пепелашка ќе ти пише 5.Само да зборуваш течно и нема да се сети.

Средно:
Киро Кочко по техничко цртање-Најзакочениот човек на светот.Ти му зборуваш тој на 20 цм до тебе е и не те забележува.Не знаеше да зборува како што треба, ни да пишува.Кога возеше кола го кочеше цел сообраќај на семафори.Тргнуваше по 15 секунди:pos:
Мечо по физичко-Мара тера овцу на бициклу!:pos:
Клеопатра по историја-Сите ве гледам, сите ве слушам!Ти-напушти час!
Весна по физика-Уште еден неоправдан и документите!
Гордана по англиски-Стоиме сите на мал одмор и јадеме, влегуваме кај неа на час со јадењето в раце и ни вика:На мал одмор не се јаде(голта од геврекот нејзин), тоа се прави на голем одмор!:pos:
Снежана по македонски-Ристески, дислоцирај се.Притоа прави една уфилмана фаца, да паднеш во несвест:)

Tолку е, се уморив пишувајќи:)
 
Член од
26 септември 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
eve nesto zanimlivo:)))idete na you tube i napisete DALEKO E AMERIKA... kako izgleda eden cas po informatika vo Sk:D
Леле...во ЈБТ учиш? А. Јосифовски е легендата на Јосип Броз... ми предаваше во прва и многу ми е жал што не ми предава повеќе...омилена ученичка му бев...
А инаку, еден од најдобрите професори кај мене во ЈБТ е Драган постариот математика а.к.а. Општонародно Весеље (http://opstonarodno-veselje.hi5.com). Таков човек не се раѓа по втор пат!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Леле...во ЈБТ учиш? А. Јосифовски е легендата на Јосип Броз... ми предаваше во прва и многу ми е жал што не ми предава повеќе...омилена ученичка му бев...
А инаку, еден од најдобрите професори кај мене во ЈБТ е Драган постариот математика а.к.а. Општонародно Весеље (http://opstonarodno-veselje.hi5.com). Таков човек не се раѓа по втор пат!
Да не слушнам ни збор против Ацо информатика. Првиот човек а можеби и единствениот што сум го сретнала во мојот живот со високи етички и морални вредности. Ако не сте забележале, поборник е на пиратеријата и сфаќа како вистински може да наштети таа и насилните игри на човекот. Ама ретко кој го сфаќа човекот, тоа не чини кај нашиот менталитет.
А овој општонародно весеље... немам зборови, бара стан да му купиш за 4 години 5ка. Затоа вози секоја година нова кола. За ваквите само смртна казна.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
што туку ни дојде професор по право на друштва.. Димитар Гелев... Ама човеков е легенда... Цигарата и кафето на пшредавање и сосема обични примери со Трте Тртески и како Трте оформува трговско друштво по германски и француски модел.. во едниот трте става пари на маса во кафана и основа трг. друштво а во другиот трте нема трг друштво иако во кафана ивајл пари .. ќе има коа бапката или теткицата од суд ( сеа веќе централен регистар) ќе му бапне решенија в рака и ќе му рече аерлија... ЛЕГЕНДА
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Имав во средно една на замена по македонски, жената беше ѕвер. На часови ни раскажуваше интересни приказни, меѓу кои и една за некоја театарска претстава во која актерите мочале на сцена и после се мачкале со мочката... Иуууу. :pos:

Филозофија во четврта беше педофил. Сериозно се ложеше на неколку девојчиња од мој клас (инклудинг ми), уживаше да не допира по грб дур предава и да не оценува како сме облечени. :nesvest: Не знам дали ова го класифицира во откачени или во пореметени професори. :icon_lol:

Професорката по педагогија мислеше дека сме 5 годишни деца и милуваше да ни пее инфантилни песнички со милозливо-успан глас: „Една срничка мала, низ шумата шета...“ :music4:

Тој по информатика во прва си пушташе транс на час, си седнуваше на интернет и не не фермаше 2%. :icon_lol:

Луцифер по музичко ни се обраќаше на сите со бројки (кои сама ни ги имаше назначено) наместо со имиња и не третираше ко у логор. Колку зла жена беше таа... :pos:

Мица физика, старка која своевремено била Мис Југославија, беше најоткачената жена убедливо. :) „Ајде томбола! Нека стане брооооој... 23! Ајде Кулонов закон. *молк* Не знаеш? Сирот Кулон, се превртува сега во гробот кога ве гледа вас неуки... “ :pos:

И Миле Клетка- женомразачот. :pos:

Не дека нешто откачени овие професори, ама необични сигурно беа. :) Ехх, ми фалат сите, колку и да се пореметени, камо да се врати средно... :(

На факс немам некои посебно откачени, се се некои исфрустрирани старки и алкоси што по цел ден дрмаат ракија у бифе. :icon_lol:
 
Член од
26 септември 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
Да не слушнам ни збор против Ацо информатика. Првиот човек а можеби и единствениот што сум го сретнала во мојот живот со високи етички и морални вредности. Ако не сте забележале, поборник е на пиратеријата и сфаќа како вистински може да наштети таа и насилните игри на човекот. Ама ретко кој го сфаќа човекот, тоа не чини кај нашиот менталитет.
А овој општонародно весеље... немам зборови, бара стан да му купиш за 4 години 5ка. Затоа вози секоја година нова кола. За ваквите само смртна казна.
Во Јосип Броз учиш? Таму сите се мрднати.
Да искоментирам за уште неколку:

Круела де Стројманова (биологија) - многу строга на почетокот, сите и се тресат, ама во последно време се опушти и е супер према сите, дури и вицови си кажуваме.

Кржовска (географија) - најзабегана професорка. Во прва година на првиот час ни го кажа следново:
“Јас сум С. Кржовска, мажена сум, имам 2 деца, швалер немам, а за да не ме загледувате во кондурите, носат број 38, има ли прашања?“

За математика коментирав погоре...

Василка Физика - една стара баба која што само се офарба розева...често замара...
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.222
Поени од реакции
952
Мица Мис Југославија? :nesum:
Мица Мис Југославија? :uvo:
Мица Мис Југославија? :pos2:

Инаку и јас завршив во истото средно училиште со PSYtisfaction, само 2 генерации пред неа :)

Мица беше еден таков тип на професор што мислам дека го нема во никое друго училиште. Кај неа никогаш не се знаеше дали ќе се предава или ќе се испрашува. Не можевме ни да се потпреме на тоа што правел класот пред нас, оти се случуваше во еден клас да предавала, во друг пола испрашувала а пола предавала а во третиот па тест дала :nesvest: Значи, требаше секој час да си спремен за кај неа а милуваше да ги подиспрашува тие од позадните редови (затоа јас намерно си седнав на прва клупа). Испрашуваше глупости, општа култура и работи сосема непотребни и надвор од материјата (што гледано од нејзин аспект, не беше така), ја поврзуваше лекцијата со некакви други чуда и испрашуваше за нив. Ич не сакаше бегање од часови или извинување (веднаш единици им ставаше) и обожаваше да се прави надмена и попаметна од цел свет заедно. Будала жена :pos:

Миле-Клетка па, кога и да губевме, секогаш кај него заменувавме. Се чудевме како тоа секогаш има слободен час баш кога ние губиме :pos:

Ама преобразбата на Сунчица по историја беше навистина историска :pos: Во прва година жената беше топ, ептен срцка, за во втора да се заврти за 180 степени и да почне да испрашува крајно ригорозно, со учебниците под клупа и вкрстено испрашување меѓу повеќе лекции :nenene: Потоа пак се смени и во трета и четврта година нејзиниот час личеше на се, само не на час. . Но секогаш ќе и остане незаборавен славниот стриптиз и соблекувањето до прслук на екскурзијата во Бугарија :pos::pos:
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..у основно..имав една по музичко која наместо да не тера неш или барем да ни збореше нешто за музикава...хих таа ни тражеше рецепти за колачи..и одма петка се добиваше ако и дадеш рецепт за колачи кои не се печат:pipi:..и имав еден наставник по мат кој беше луд..кој секогаш ги имитираше к-15..хахаха ама знаеше да предава...а по француски имав наставничка која наместо да не учи француски(затоа после 3 год ништо не знам) таа за секс ни збореше....:nesvest:
..во средно...па физика е луд ..не малце малце мн појќе....таа по историја е луда..ама луда на оној начин..хахаха кј ќе почне да ни збори ваке да се миете...таков дезодоранс..па кј ќе нема да ја слушаш ..ауу вреѓа маме нејзино :wink:
 
Член од
3 септември 2008
Мислења
46
Поени од реакции
1
што туку ни дојде професор по право на друштва.. Димитар Гелев... Ама човеков е легенда... Цигарата и кафето на пшредавање и сосема обични примери со Трте Тртески и како Трте оформува трговско друштво по германски и француски модел.. во едниот трте става пари на маса во кафана и основа трг. друштво а во другиот трте нема трг друштво иако во кафана ивајл пари .. ќе има коа бапката или теткицата од суд ( сеа веќе централен регистар) ќе му бапне решенија в рака и ќе му рече аерлија... ЛЕГЕНДА
хахах у петокот имав предавање кај него од 12.00 а типов доаѓа у 10 до еден и ни вика колеги заглавив синоќа ,звер до 12 спиел ,па коа почна цигара за цигара и тоа примерите му се крај:vozbud:коа гањал девојки со трте у градинка:pos2:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.604
абеее,во основно имав по математика една,стара,школска другарка на баба ми,последна генерација и бевме...памтам во 5 се плашев на час да и влезам,а од 6 натака едвај чекав математика.Можам да кажам дека од нејзе стварно научив математика. А обично вака ни викаше :

Носи домашно утре,зш петката ти е далеку од сонцето,или донеси домашно дан играш пајдушко на едно колено
Еве ти едно туберколозно тројче ( или на стаклени ножиња )
ко ке беше изнервирана обично ни велеше Еден и само еден! или цела војска едниничари...
ама ние и бевме последна генерација,на екскурзијата во сите дискотеки играше со нас,ние плачевме,таја плачеше...и најмногу ми фалит од сите
( се расприкажвав јас малце појќе )


а сеа во средно ми се погоди по биологија мноооогу откачена професорка,буквално на секој нејзин час до солзи се смеам...
другите сите ми се намќори некако.... :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Училиштето е секојдневна работа,и ние стапуваме во интеракција со разни луѓе(професори).. Постојат секакви луѓе.. со секакви маани,со чудни навики,со чуден изглед.. со чудно однесување,и со чуден однос кон учениците,со несекојдневно оценување.. и така натаму
Можете да пишете што е тоа што е невообичаено кај вашиот сегашен или бивш професор
Абе Никче не отварај вакви теми може некој од професорите ни ќе се препознае :vozbud: За тебе кои се откачени професори? :)
 

BloodyTampon

Works in deep&dark places
Член од
8 август 2009
Мислења
798
Поени од реакции
60
Навистина воскресе.

Инаку он топик.
Ристо етика, од Георги, понездрав професор досега немам сретнато. Дефинитивно единствената интересна фаца во школото.
EDIT: И Данило музичко не е лош.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom