Отварање фирма и водење на фирмата од странство

Член од
19 март 2021
Мислења
3
Поени од реакции
0
Какви искуства имате со отварање на фирма тука и водење на фирмата од странство, дали често треба да се патува назад тука поради водењето на фирмата и кои се вашите препораки за почетници коишто сакаат да водат фирма регистрирана тука remote од странство?
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.661
Поени од реакции
34.954
Ќе мора да оставиш некој од доверба со одредени овластувања, често излегуваат оперативни работи за кои ќе мора да имаш некој локално.

Инаку ако му оставиш полномошно на сметководителот платите и плаќањата ќе може да одат преку него, во мојот случај само му пишувам потврда на е-маил дека се е во ред и продолжува со наплата.

Кога оставаш полномошно, екстремно битно е да имаш посебно во банката каде што е фирмата, а посебно на нотар за пред останатите институции. Комерцијална на пример не го признаваше тоа што го оставив на нотар (иако беше напоменато дека давам овластување на лицето да може да врши уплати во мое име, и да ги контролира средствата на денарската и девизната сметка), па мораше да се отиде во банка и да се направи посебно.

Ќе си извадиш електронски потписи, за голем дел од институциите може да функционираш со електронски потпис, и електронско банкарство за останати работи.

Оперативно обавезно ти требаат луѓе кои ќе водат евиденција за работно време, архиви, слободни денови и тн.

Не е најпрактичен начин, но ако направиш добра организација ќе функционирате без поголеми проблеми, битно е да си инвестираш и во системи со кои се ќе биде синхронизирано на едно место.

Исто зависи и од типот на бизнисот, ако имаш клиенти кои доѓаат локално и сакаат да разговараат со некој кој може да одлучува, дефинитивно ќе треба да најдеш некој кој ќе ја управува фирмата за тебе (генерално ова е најтешкиот дел).
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Какви искуства имате со отварање на фирма тука и водење на фирмата од странство, дали често треба да се патува назад тука поради водењето на фирмата и кои се вашите препораки за почетници коишто сакаат да водат фирма регистрирана тука remote од странство?
Зависи за каков бизнис збориш, на крајот на денот ќе мора да посетуваш еднаш месечно според мене
 
Член од
19 март 2021
Мислења
3
Поени од реакции
0
Благодарам за одговорите.

Би отворил софтверска компанија која што ќе нуди софтверски услуги во друга држава. Нема да имам вработени на почеток, веројатно само јас ќе се вработам доколку е потребно, сакам само да тестирам дали бизнис идејата ќе работи.
 
Зашто место Македонија, не ја избереш Естонија. Многу лесно можеш да отвориш фирма таму како дигитален номад и све да ти функционира без проблем а од тука после можеш да си регрутираш фриленсери на договор на дело или и без договор преку UpWork?

Ја сакам државата како таква ама системот ни е катастрофален и повише главоболки ќе видиш него што ќе добиеш предности со отварање фирма тука. Да не збориме ако ти наскока инспекција на врат за секакви ситници и глупости. Не ти треба тоа веруј
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.661
Поени од реакции
34.954
Благодарам за одговорите.

Би отворил софтверска компанија која што ќе нуди софтверски услуги во друга држава. Нема да имам вработени на почеток, веројатно само јас ќе се вработам доколку е потребно, сакам само да тестирам дали бизнис идејата ќе работи.
Не знам во која држава се наоѓаш, но ако веќе не ти требаат вработени отвори ја фирмата таму.
Кога ќе дојде ред да ги продаваш услугите имаш далеку поголема предност да продадеш на локалниот пазар ако си присутен таму, отколку ако си фирма од земја за која прашање дали имаат чуено, плус многу земји си форсираат локален пазар и имаат бенефити кај даноците.
Да не правиме муабет и за цените, од старт ќе мораш да се продаваш како „поефтин сервис/поефтина работна сила“, наспроти бркање локални проекти со локална цена (особено ако може да се пикнеш во јавен сектор).
И за крај имаш поголема шанса да добиеш инвеститори или грантови ако ти требаат екстра финансии.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
И за крај имаш поголема шанса да добиеш инвеститори или грантови ако ти требаат екстра финансии.
ОВА! Мн добар совет.

@cstar223 Види не го сфаќај дека сакаме да те одвратиме од инвестиција тука, ама боље почни на страна па отвори локална канцеларија тука ако толку мораш или сакаш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom