Ќе мора да оставиш некој од доверба со одредени овластувања, често излегуваат оперативни работи за кои ќе мора да имаш некој локално.
Инаку ако му оставиш полномошно на сметководителот платите и плаќањата ќе може да одат преку него, во мојот случај само му пишувам потврда на е-маил дека се е во ред и продолжува со наплата.
Кога оставаш полномошно, екстремно битно е да имаш посебно во банката каде што е фирмата, а посебно на нотар за пред останатите институции. Комерцијална на пример не го признаваше тоа што го оставив на нотар (иако беше напоменато дека давам овластување на лицето да може да врши уплати во мое име, и да ги контролира средствата на денарската и девизната сметка), па мораше да се отиде во банка и да се направи посебно.
Ќе си извадиш електронски потписи, за голем дел од институциите може да функционираш со електронски потпис, и електронско банкарство за останати работи.
Оперативно обавезно ти требаат луѓе кои ќе водат евиденција за работно време, архиви, слободни денови и тн.
Не е најпрактичен начин, но ако направиш добра организација ќе функционирате без поголеми проблеми, битно е да си инвестираш и во системи со кои се ќе биде синхронизирано на едно место.
Исто зависи и од типот на бизнисот, ако имаш клиенти кои доѓаат локално и сакаат да разговараат со некој кој може да одлучува, дефинитивно ќе треба да најдеш некој кој ќе ја управува фирмата за тебе (генерално ова е најтешкиот дел).