Оставка на Рафајловска и Министерско-партиски поместувања во владата!

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
А1 ТЕЛЕВИЗИЈА напиша:
Министерката за економија Рафајловска ја напушта владата. Си поднесува оставка од министерската позиција. Партиски притисок или сопствена одлука стои зад повлекувањето? Во изјава за А1 Рафајловска вели, дека се работи за нејзина одлука.
„Се повлекувам од лични причини. Го водев ресорот давајќи максимум од себе, работев со најголем интегритет и за интересите на државата“, изјави Вера Рафајловска.
На прашање на А1, дали зад нејзината оставка стои партиски притисок, министерката негира.
„Видливи се резултатите во ресорот со кој раководам. Јас бев прв министер што ги укина дискреционите права во одлучувањето, наметнав нов стил на работа во сегашната владејачка гарнитура“.
Од матичната партија на Рафајловска НСДП потврдуваат, дека министерката сака да замине.
Дали Петковски ќе ја разубеди? Рафајловска вели, мојата одлука е конечна.
За ваквиот потег веќе бил информиран и премиерскиот кабинет. Во политички кругови веќе се лиферуваше и сценариото дека министерката заминува поради незадоволството што веќе подолго време тлеело на релација Рафајловска и економските министри од најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.
Најизразени беа несогласувањата меѓу Рафајловска и вицепремиерот Ставрески испливаа на површина во случајот со клучниот владин енергетски проект, продажбата на ТЕЦ Неготино.
Тогаш министерката одби да го официјализира договорот со ХАЧ, префрлајќи ја топката кај вицепремиерот Ставрески. На крај проектот пропадна.
Од партијата на Тито Петковски велат, дека ресорот економија останува под водство на НСДП.
линк

А1 ТЕЛЕВИЗИЈА напиша:
Министерско-партиски поместувања во владата. По министерот за локална самоуправа Абдулменаф Мемети и заменик министерот за внатрешни Рефет Елмази, си оди и министерката за економија Вера Рафајловска. Официјално, сите си заминуваат поради лични причини.
Пред извесно време опозицијата се сомневаше дека владата се подготвува за предвремени избори. Повод беа владините одлуки за земјоделските бенефиции и зголемување на пензиите.
Но, 70% од граѓаните не почувствувале ништо од владините политики. Ова е податок од последната анкета на ИРИ, според која паѓа рејтингот на владината политика.
Според американскиот институт ИРИ, кој ја спроведе анкетата паднал рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ од 30 на 26%.
Пораснал рејтингот опозициската СДСМ од 8 на 11%. ДУИ има цврсти 11%, а ДПА речиси двојно помалку - 5%. Владините НСДП 2% и ДОМ 1%.
Стигнаа и првите реакции. Од ДПА не ги признаваат резултатите, сметаат дека оваа е притисок за да нема предвремени избори.
Исклучително голем е процентот на граѓани кои сакаат НАТО членство, дури 89% наспроти 9%, кои се изјасниле против.
Сличен е и соодносот околу членството за Европската унија, 94% за, против 6%. Сепак, македонците сакаат членство во НАТО под уставно име.
Ако условот е името 77% се против, 15 за и 9% одговориле дека не знаат. Над половина од испитаниците одговориле дека на Груевски би му дале уште еден мандат, а на Црвенковски не.
Граѓаните на прашањето дали се чувствувате сигурно, 58% одговориле дека се чувствуваат несигурно. Исто толкав е процентот на граѓани што мислат дека невработеноста се зголемува.
Анкетата е спроведена на 14 декември минатата година врз 1.100 испитаници.
линк
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625
Абе таја делеше нешто сите помлади така таја старка истрошена...нема енергија во она жена...нека дојди некој младич сеа поенергичен да работи убо ајт..
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Миниреконструкција. Сега уште да си замине Милошоски, Јанакиевски, Еленовски и уште еден-двајца, на нивно место да дојдат посаглам лица и колај работа, ама нема.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Миниреконструкција. Сега уште да си замине Милошоски, Јанакиевски, Еленовски и уште еден-двајца, на нивно место да дојдат посаглам лица и колај работа, ама нема.

Se vrtkas tamu.....ima li nekoj posaglam???..odamna izgubiv nadez.....
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Напуштив одамна. Ме разочараа и едните и другите и третите и сите.
Посаглам се оние со искуство, а таквите нема да му вршат темане на Н.Г. туку ќе имаат свој став, тешко да ги повела, поради тоа и нема да ги назначи, туку ќе назначи некои кои може да ги контролира како деспот.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Миниреконструкција. Сега уште да си замине Милошоски, Јанакиевски, Еленовски и уште еден-двајца, на нивно место да дојдат посаглам лица и колај работа, ама нема.
Па нели од дамна се шпеклирани дека следни на списоков за оваа мини реконструкција за токму Милошоски и Јанакиевски. Првиот (во Скопје познат како најпосакуваниот ерген т.е. “Миле Плејбој“) највеќе поради слабите резултати, вториот наводно поради “шлаканицата„ од Бакојани кога добивме критики дека имаме исклучително млад и неискусен министер како и поради неговото долго отсуство од работа за кое причина е неговата сопруга која во овој момент е во Германија.

А за баба Вера :) па мислам дека многу малце работеше или да речам скоро ич-тој ресор како во свои раце да го држи Зоран Ставревски, после аферта со ТЕЦ Неготино мислам дека е оправдан еден ваков потег.

Но дали ова би значело криза во владата или па нарушување на меѓу-коалициските односи во пресрет на поканата на Нато и евентуалните предвремени избори-останува да видиме.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ejjj, ama ministri.......Milosovski e vo Germanija????
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ne, ama ne e vo MK.

Elem, ne e bitno, vazno ne go biva.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Знам дека сум досаден ама:
Кучињата си лаат, караванот си врви!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Темава е многу интересна...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Од интересно, поинтересно здравје.

Има некој најава кога ќе си ватат вит виделија Милошоски и Јанакиевски по патот на Рафајловска, Елмази и оној како му беше името од ДПА.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
13
Поени од реакции
0
Бабето има поголеми од зетот на Дионис Манов.Зоранчо ја закашка , а таа го плаќа цехот.
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Ако е договор партиски тогаш сигурно би имало смена и во ДПМНЕ, зашто коалиц. партнери виш ги заклаа жртвените јагниња сега е на ред Н.Г
 

Kajgana Shop

На врв Bottom