city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
линкА1 ТЕЛЕВИЗИЈА напиша:Министерката за економија Рафајловска ја напушта владата. Си поднесува оставка од министерската позиција. Партиски притисок или сопствена одлука стои зад повлекувањето? Во изјава за А1 Рафајловска вели, дека се работи за нејзина одлука.
„Се повлекувам од лични причини. Го водев ресорот давајќи максимум од себе, работев со најголем интегритет и за интересите на државата“, изјави Вера Рафајловска.
На прашање на А1, дали зад нејзината оставка стои партиски притисок, министерката негира.
„Видливи се резултатите во ресорот со кој раководам. Јас бев прв министер што ги укина дискреционите права во одлучувањето, наметнав нов стил на работа во сегашната владејачка гарнитура“.
Од матичната партија на Рафајловска НСДП потврдуваат, дека министерката сака да замине.
Дали Петковски ќе ја разубеди? Рафајловска вели, мојата одлука е конечна.
За ваквиот потег веќе бил информиран и премиерскиот кабинет. Во политички кругови веќе се лиферуваше и сценариото дека министерката заминува поради незадоволството што веќе подолго време тлеело на релација Рафајловска и економските министри од најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.
Најизразени беа несогласувањата меѓу Рафајловска и вицепремиерот Ставрески испливаа на површина во случајот со клучниот владин енергетски проект, продажбата на ТЕЦ Неготино.
Тогаш министерката одби да го официјализира договорот со ХАЧ, префрлајќи ја топката кај вицепремиерот Ставрески. На крај проектот пропадна.
Од партијата на Тито Петковски велат, дека ресорот економија останува под водство на НСДП.
линкА1 ТЕЛЕВИЗИЈА напиша:Министерско-партиски поместувања во владата. По министерот за локална самоуправа Абдулменаф Мемети и заменик министерот за внатрешни Рефет Елмази, си оди и министерката за економија Вера Рафајловска. Официјално, сите си заминуваат поради лични причини.
Пред извесно време опозицијата се сомневаше дека владата се подготвува за предвремени избори. Повод беа владините одлуки за земјоделските бенефиции и зголемување на пензиите.
Но, 70% од граѓаните не почувствувале ништо од владините политики. Ова е податок од последната анкета на ИРИ, според која паѓа рејтингот на владината политика.
Според американскиот институт ИРИ, кој ја спроведе анкетата паднал рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ од 30 на 26%.
Пораснал рејтингот опозициската СДСМ од 8 на 11%. ДУИ има цврсти 11%, а ДПА речиси двојно помалку - 5%. Владините НСДП 2% и ДОМ 1%.
Стигнаа и првите реакции. Од ДПА не ги признаваат резултатите, сметаат дека оваа е притисок за да нема предвремени избори.
Исклучително голем е процентот на граѓани кои сакаат НАТО членство, дури 89% наспроти 9%, кои се изјасниле против.
Сличен е и соодносот околу членството за Европската унија, 94% за, против 6%. Сепак, македонците сакаат членство во НАТО под уставно име.
Ако условот е името 77% се против, 15 за и 9% одговориле дека не знаат. Над половина од испитаниците одговориле дека на Груевски би му дале уште еден мандат, а на Црвенковски не.
Граѓаните на прашањето дали се чувствувате сигурно, 58% одговориле дека се чувствуваат несигурно. Исто толкав е процентот на граѓани што мислат дека невработеноста се зголемува.
Анкетата е спроведена на 14 декември минатата година врз 1.100 испитаници.