не знам зашто него или некој кој поддржува легализација, го обвинувате за лицемерие, дури некој му споменува и членови на фамилија. Прво не е фер лично да се атакува, второ...еј, ниту мајката ниту сестрата ниту ќерката се бават со проституција ама видиш, проституцијата постои.
А ако знаеме дека постои, прашањето е не дали е во нечии критериуми или морални рамки, нормална појава, него дали може правно да се регулира, да се обезбеди здравствено и социјално осигурување за тие лица, да им се гарантира безбедност, да може да пријават насилство, да вршат редовни контроли итн итн. Впрочем, самите сексуални работници во протестите го бараа тоа. Не бараа да се вработат како државни службеници или медицински сестри, него права еднакви на правата на другите занаети.
Значи прашања од типот дали мајка ти сестра ти... се излишни во темава.
Дали треба или дали се продава и купува. Прво тоа сам запрашај се.
од каде заклучокот дека токму денес моралот е дојден на дното? Тој е менлива категорија. Марија Магдалена ја носела косата пуштена што тогаш било неморално за еврејските жени. Ами сега дали е? Остави морал на страна, убаво ви вика човекот легално правно, затоа што колку да мижиш, зад затворени врати се шмркаат црти, се лока коњак и се пика кој со кого стигне, за пари. Тоа е факт.
Сигурно знаеш дека се изнајмуваат станови од час. За играње јамб сигурно не се.