Гледам дека повеќето одговориле на темава од различни аспект, ај јас ќе се потрудам да одговорам од свој
Нормално дека општото мислење има влијание врз мене, врз оформувањето на мое индивидуално мислење за одредени работи. Не можам јас сега да си терам по свое и да бидам индиферентна кон се' околу што се случува околу мене. Одредени работи кои ги сметам за исправни ќе ги прифатам како дел од себе (било тоа да се некои особини, било да е некој производ, било да е нова фризура и сл.).
Има одредени работи кои ако ги направам ќе бидам -се' само обична не, но едноставно не можам да ги прифатам зошто тоа не сум јас, не се чувствувам комотно или не ме исполниваат
Се обидувам да најдам некој баланс меѓу општото и сопственото мислење, притоа да не се задржам во крајности и на едното и на другото.