Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455
Бајкери, сакам да споделам со вас искуство со една апликација за мобилен, апликацијата се вика Sports Tracker и повеќето сигурно веќе ја знаат али јас да си кажам:) Ептен ми праи ќеиф, покажува мапа кај си возел, километри изминати, време, просечна брзина, максимална, калории и слични ствари. Мене ми е ептен корисна и си ја засакав ептен. Пробајте ја ако сакате.

www.sports-tracker.com
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Едно клипче од мене со малце поставена камера малце доле гледа :). А и на најинтересниот дел од спустот ми се дупна гума :facepalm: (и да секогаш се дупнува кога не носам резервна и прибор за лепење:mad:). Иначе патеката е од средно водно до патот за теферич.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.774
Поени од реакции
8.037
... ајТ, сношти околу 40km извозени. Прв ден, после толку години (8 години)... добро е.
Ех, машиниште... не можам да ти се нарадувам:​
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Едно клипче од мене со малце поставена камера малце доле гледа :). А и на најинтересниот дел од спустот ми се дупна гума :facepalm: (и да секогаш се дупнува кога не носам резервна и прибор за лепење:mad:). Иначе патеката е од средно водно до патот за теферич.
Браво за ентузијазмот, одлично возење. Патекава е интересна ама од пола па надоле не е баш лесна и си бара техника. Од каде точно почнува патекава ?? И друг пат носи си резервна гума за да не те остави на пола пат и да те спаси од пешачење. :)

P.S. : Ако ја возиш пак подигни ја малце погоре камерата за убаво да ја видиме рутата. :гик:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896

Браво.Ме интересира како снимаше?Имаш некој држач за камера или слично?
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Браво за ентузијазмот, одлично возење. Патекава е интересна ама од пола па надоле не е баш лесна и си бара техника. Од каде точно почнува патекава ?? И друг пат носи си резервна гума за да не те остави на пола пат и да те спаси од пешачење. :)

P.S. : Ако ја возиш пак подигни ја малце погоре камерата за убаво да ја видиме рутата. :гик:
До патеката се стигнува од кај 6те чешми патот помеѓу горниот и долниот паркинг на средно. На едно 30 метри патот иде на десно а прво е патеката неможе да се утне. Иначе сабајле ке идеме до крст ке снимам пак овој пат ке ја наместам подобро камерата.
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 01:47 ---
Браво.Ме интересира како снимаше?Имаш некој држач за камера или слично?
Хом мејд држач ке сликнам утре и ке ја видиш филозофијата :)
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Многу беше жешко денес па не се качивме до врв само до средно. Снимав и денес првиот дел од патеката е истиот од минатиот пат а вториот иде накај трети лак на водно за разлика од прошлиот пат кога идеше накај теферич :). Иначе камерата пак гледа доле (малце повисоко од првиот пат) Треба да најдам пократко штрафче за да ја стегнам погоре :)
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
Добар ли е Drag ZX2 за околу 12000 денари или има нешто подобро за парите?
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Добар ли е Drag ZX2 за околу 12000 денари или има нешто подобро за парите?
Искрено, не се замарај со овој модел, компонентите се катастрофа. Подобро присобери уште некој денар и купи си "добар" велосипед. Е сега, ако си со ограничен буџет може и да побараш некој половен за тие пари. :)
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
761
А Дац што е?
Ај вака, ја ги упознав дечкиве коа Драган ми шитна два бајка. Ко шо го разбрав Драган, цитирам: "Лари е газдата, али ја и он сме партнери и можам коа сакам да му кажам абе дебел еден дојди ваму". Значи хиреархиски идат Лари, Драган па Гари. Сеа од коа ги разрешивме дилемиве, ќе ми објасниш зашто уопште настанаа?? Пошо иницијално реплицирав на човек за добар сервис со податоциве. Не те сконтав шо толку се увреди. Ако ти си некој од нив тројца ондак би требало да се видиме утре или задутре коа ќе дојдам по гуми. :)
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385

Грешно си сфатил не се увредив уопште, туку онака прашав која улога ја има Дац пошто глеам троица се и незнам кој е кој
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Ај вака, ја ги упознав дечкиве коа Драган ми шитна два бајка. Ко шо го разбрав Драган, цитирам: "Лари е газдата, али ја и он сме партнери и можам коа сакам да му кажам абе дебел еден дојди ваму". Значи хиреархиски идат Лари, Драган па Гари. Сеа од коа ги разрешивме дилемиве, ќе ми објасниш зашто уопште настанаа?? Пошо иницијално реплицирав на човек за добар сервис со податоциве. Не те сконтав шо толку се увреди. Ако ти си некој од нив тројца ондак би требало да се видиме утре или задутре коа ќе дојдам по гуми. :)
Лари е газдата, а Дац му е другар од детството и е само вработен таму, нема врска со партнерство. Инаку добри другарчиња ми се. :)
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Турава не смее да се пропушти, ке има и велосипедска трка од бегово до солунска, повеќе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom