Јас досега сум нарачувал од Tweeks Cycles и од Aliexpress.
1. Tweeks: две нарачки, првата ми беше кацига во вредност од $70, ми стигна по нормална пошта и платив 190 денари во Пошта за да ја подигнам, заборавив за што беа тие пари. Втората нарачка беше трака за road волан, $20. Не стигна за 30 дена (можда и моја кривица, избрав најефтин шипинг) и ми пратија нова, препорачана пратка, на поштарот му платив 79 денари.

2. Aliexpress: преден менувач, сајли, запчаничиња за менувач, рачки за кочници за road, кочници за road... Сигурно заборавам нешто. Ако бираш внимателно што нарачуваш, ќе си добиеш оригинал дел. Ќе си кажеш колку сакаш да стои вредноста, и нема ни царина.
Обично физички поголемите пратки од Aliexpress стигаат побрзо, додека пликчиња и малечки пакетчиња може да се завлечат 30-40 дена.
За следниот проект планирам да купам цела група делови од Aliexpress (менувач, шалтер, касета и ланец) и пак со иста финта, пониска вредност на пратка да не платам, или да платам многу малку дополнителни давачки.
За поголемиве, европски продавници не можам да дадам искуство, бидејќи секогаш цените ми изгледале примамливи се додека не им се додаде 15-20 евра поштарина и потенцијални астрономски давачки тука во Македонија.
EDIT:
Еве пред пола саат нарачав две гуми од Tweeks Cycles, па ќе пишам дали и кога ќе стигнат. Ги нарачав посебно, на посебни имиња и ги замолив посебно да ги испратат, за да не ме начека чичко цариник и да ме дере на живо.
