Онлајн набавка на делови за велосипеди

Член од
27 февруари 2013
Мислења
10
Поени од реакции
4
Кој подолго се бави со велосипедизам, до сега приметил дека овдешните диструбутери не се баш како што треба снабдени со резервни делови (не зборам за потрошен материјал), па алтернативите се chainreaction, bikediscount, tweekcycles и тн. Кои се вашите искуства при нарачка на делови од овие или слични сајтови. Како идат царината и данокот?
 
Член од
22 август 2013
Мислења
146
Поени од реакции
47

Имав една нарачка од bike-components.de, имаат конкурентни цени со CRC и BIkeDiscount, некои и поевтини. Вкупна вредност на нарачката беше околу 90 евра вклучувајќи ја и поштарината од 15 евра. Пристигна за 9-10 дена по нормална пошта (не DHL Express лоповите), царина+данок платив околу 1.600 (за некои делови беше 5% ДДВ, за некои 18% - гуми, конретно).

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Јас досега сум нарачувал од Tweeks Cycles и од Aliexpress.

1. Tweeks: две нарачки, првата ми беше кацига во вредност од $70, ми стигна по нормална пошта и платив 190 денари во Пошта за да ја подигнам, заборавив за што беа тие пари. Втората нарачка беше трака за road волан, $20. Не стигна за 30 дена (можда и моја кривица, избрав најефтин шипинг) и ми пратија нова, препорачана пратка, на поштарот му платив 79 денари. :D
2. Aliexpress: преден менувач, сајли, запчаничиња за менувач, рачки за кочници за road, кочници за road... Сигурно заборавам нешто. Ако бираш внимателно што нарачуваш, ќе си добиеш оригинал дел. Ќе си кажеш колку сакаш да стои вредноста, и нема ни царина.

Обично физички поголемите пратки од Aliexpress стигаат побрзо, додека пликчиња и малечки пакетчиња може да се завлечат 30-40 дена.
За следниот проект планирам да купам цела група делови од Aliexpress (менувач, шалтер, касета и ланец) и пак со иста финта, пониска вредност на пратка да не платам, или да платам многу малку дополнителни давачки.

За поголемиве, европски продавници не можам да дадам искуство, бидејќи секогаш цените ми изгледале примамливи се додека не им се додаде 15-20 евра поштарина и потенцијални астрономски давачки тука во Македонија.

EDIT:
Еве пред пола саат нарачав две гуми од Tweeks Cycles, па ќе пишам дали и кога ќе стигнат. Ги нарачав посебно, на посебни имиња и ги замолив посебно да ги испратат, за да не ме начека чичко цариник и да ме дере на живо. :rolleyes:
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2013
Мислења
132
Поени од реакции
72
Ако може и јас да влезам во дискусија со неколку прашања.
Планирам да нарачам кочници (најкасно до денес да искористам попуст).
Не сум контактирал со продавачот, и немам уште отворено акаунт на Али.
Пакетот е 10cm x 10cm x 10cm со тежина од 800 грама.

Дали е пожелно да го контактирам продавачот?
Како оди нарачката и плаќањето, и кои картици се дозволени?
Дали можам уште некаков попуст да искористам за нови членови или некој купон?
За колку време да очекувам да стигне пратката по стандардниот најевтин шипинг?
Дали ќе треба кога ќе стигне тука да доплаќам нешто за испорачка до дома, или сам треба да си ја подигнам и пак да платам за складирање ова она...?
 
Ајде, да видиме што ќе испадне.[DOUBLEPOST=1536751245][/DOUBLEPOST]

Здраво,
Пожелно е да го контактираш и да му нагласиш да не ја лепи фактурата, ниту да ја става внатре во пратката. По досегашно искуство, а начекаат цена на пакетот над 20 евра, ќе те оданочат, а мислам над 45 подлежи и на царина.
Можеш да платиш со било која картица која што има позади трицифрен код, лично имам плаќано со виза и мастер, а на времето со пејпел.
Достава од прилика 15 до 30 дена.
Обично ми стигало до дома, во принцип си ја пратиш пратката со трекинг намбер и кога ќе видиш дека ти е стигната, а не ти е испорачана, ќе одиш во пошта да си ја подигнеш, плаќаш нешто ситно.
 
Под фактура што поточно подразбираш? Листот со цена и количина? Како да му кажам да не го праќа, или да ми го прати по мејл?
Да не ми прават проблеми ако нема фактура било за гаранција или за даночење/царинење?

Тракинг нема на АлиЕкспрес стандард шипинг, затоа прашував после колку време да одам да се распрашам за пакетот.
 
Фактура/инвојс/сметка, било што кај што ја има цената. Или нека не ја става или нека пише дека е подарок или сл. Секој клиент што продава на Али или на Ибеј има профил и можеш да му пишеш порака, можеш и да напишеш забелешка при самата нарачка мислам. Доколку го нема тоа, автоматски не ја гледаат во старт вредноста на пратката и ако ги мрзи да отвараат и да проверуваат рачно, моеш да пројдеш без данок и царина. Ако немаш трекинг намбер, проверувај си после 15-тиот ден од испораката.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Стигнаа гумите, една по една, првата во петок, втората по 4 дена, во вторник. Нарачани, платени и испратени во исти ден. :ROFLMAO:
Македонски Пошти се луд-је*е-збуњеног :D

Сега имам Trek Phantom, оти со новиве гуми како Rolls Royce вози по дупки. :rolleyes:
 
d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
349
Поени од реакции
82
Има ли некој во скоро време направено нарачка online од сајт како CRC?

Тукушто порачав пратка од неколку делови (вкупно 120еу), за што ДХЛ-МК ми бараа 4-5000денари плус(поштарината беше бесплатна!!!).
Нормално, им реков да ја вратат пратката и денар не им давам.

Дали можете да ми препорачате некоја алтернатива на CRC но да користи нормалната пошта за чии услуги плаќам јас данок секој f-n месец? Воопшто не е проблем царина и данок - обврска ми е, но шпедитерските "услуги" на ДХЛ од 50+еу ми се премногу.

Позз и фала
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.401
Поени од реакции
1.895
Има ли некој во скоро време направено нарачка online од сајт како CRC?

Тукушто порачав пратка од неколку делови (вкупно 120еу), за што ДХЛ-МК ми бараа 4-5000денари плус(поштарината беше бесплатна!!!).
Нормално, им реков да ја вратат пратката и денар не им давам.

Дали можете да ми препорачате некоја алтернатива на CRC но да користи нормалната пошта за чии услуги плаќам јас данок секој f-n месец? Воопшто не е проблем царина и данок - обврска ми е, но шпедитерските "услуги" на ДХЛ од 50+еу ми се премногу.

Позз и фала
Сличен проблем имав и јас со crc и ги избегнувам поради тоа. Наместо со обична дхл тие ми ја пратиле пратката по дхл експрес и имав дополнителни трошоци нормално. Нивниот одговор беше дека тоа е добронамерно што ми ја пратиле по експрес за да бидам задоволен од брзиот транспорт, што и ги разбирам до некаде.
Најчесто купуваме од bike-discount.de и bike24.de бидејќи се најснабдени и најефтини но има и други сајтови исто од Германија. Поштарината е 20 евра без разлика на артиклите освен ако нарачаш точак, тренажер или слично,тогаш има дополнителни трошоци.
 
На врв Bottom