Често (ако е често 2-3 пати месечно) одам во ресторани. Се трудам (релативно успешно) двапати во ист да не влезам, за да пробам понешто ново.
До сега, убедливо на прво место ми е Тоскана, ништо слично не сум сретнал кај нас. Поинаква услуга и поинакво подготвено јадење. Додуша и цените им се поинакви (3,5к за двајца, но со се вино), арно ама нема секој ден да јадеме таму, нели.