Омилени стихови и поеми од странски писатели

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.827
Поени од реакции
36.848
Оловното војниче на мојот син

Под славеи си ѕуни светов,
си дрочи земја под мајски дожд.
И молчи само војничето
од олово – од зарек лош.
Се гледа, тажен мајстор в свет
го пуштил починка да нема.
Го прашаш:
– Сè ли е во ред?
И тоа на нишан те зема.
Си минат делници и сведни
во метеж врви век по век,
се смеат среќни, плачат бедни,
а тоа демне сè на штрек.
Го чека врагот, со опул прав,
што негде суров поход спрема…
– Не ли ти е страв?
И тоа на нишан те зема.
Си живее, на делби гласник,
војничето во својот кат,
не тревоги го јаде јасник,
па стиска в раце автомат.
Си живее мој бранач мал
– Да не ти е жал?
И тоа на нишан те зема

Булат Окуџава, СССР, 1967
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.827
Поени од реакции
36.848
Крадец си во песна што се крие

Крадец си во песна што се крие,
од молби, од грижи, од сопствена судба
злогласна шума и изѕемнат честар
ти создаваш кроце околу себе,
притоа ноќ црна, кај што и твојата
кошула е развеан свилен призрак,
сал пламен од алкохол што се пие,
крадец си во песна што се крие,
твоите очи, и твоите очи се чудат
како што се шират отворите лисни
и се стеснуваат, но пак на друго место,
непрестајно намерно, а бесцелно,
однадвор глутничав оган и стега,
однатре рујни ѕвездички од срна,
однатре од крвта твоја, од железото на крвта
меѓу азурните окна на твоите опна
заслепителен свет е твојот замет
и твојот грев, зашто таму денот во сјај се мие,
крадец си во песна што се крие,
благословено брадесто мајчинство,
партизанско мајчинство, со лесна круна,
за да не бидеш жив барабан на оној празник
на тупаниците во етерот што се движат,
за да не ја згазиш смислата на својот бит,
зад тие гнили мешунки на смртта,
да не ги соберат краците склештени
рајските светкавици на твоите сетила,
би се смрзнала се, кога камен столб
би ја облекол кошулата забревтана твоја,
крунисај се со лисја и чувај се од она што бие,
крадец си во песна што се крие,
тоа си, зашто небесни и земни кругови
тлеат и птицата ко пепел паѓа,
зашто лудо се врти во траур
оној што го донесе тркалото во светот,
и плаче на Јаворот пропелерското семе
што стана со праидејата изведена од него
се отвораат: на смртта момините солзи
и се затвора постоењето – зашто и благословот
матен е, и зашто се меша слодух со барут,
зашто вртејќи им грб на коси од сјај
вџашено дете мајчините врати
ги удира со тупаница и вчудовидено
би истрчала низа од белточини
и огромни глутници од планински сртови
назад да се скријат во смелите, ситни праќелии,
под запалените месечини кај што се спие
– крадец си во песна што се крие,
врз тебе чизми од мов и населба од мрави,
и се потиш од отровите на немирот
и судиш меѓу трњето на верноста,
а верноста вечно околу тебе, се вие,
крадец си во песна што се крие
својата ракавица: петпрсната лилија
ја фрлаш пред песовите што душкаат,
те испитуваат, и се цеди од неа крвта.

Ласло Наѓ, Унгарија, 1966
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.827
Поени од реакции
36.848
Модра река

Не се знае кај е таа
малку знајме но е знајно

зад гората и зад долот
зад седумте зад осумте

и подалеч и полошо
преку горки преку морни

преку глогој преку трње
преку жеги преку стеги

низ претчувство и низ сомнеж
и зад девет и зад десет

и подлабно и посилно
преку молкот преку мракот

кај што петли и не пеат
кај не стига глас на рогот

и поклето и полудо
зад паметта и зад бога

има една модра река
широка е длабока е

за далноста и не сонуј
мрак и темност непреболни

има една модра река

има една модра река
ќе мораме преку река

Мак Диздар, Југославија, СР Босна и Херцеговина, 1969
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.827
Поени од реакции
36.848
Караници

Не прашувајте ме зошто скитам
на коњ, сам, меѓу карпи,
секој ден по еден збор заборавам
и сека ноќ по една ѕвезда губам
и секое утро низ друга врата
од својот дом бегам, бегам од коренот.
Зимата и мракот се вкрстија
по длабките барам заветрина
на дофат на змеови и арслани,
снегот до гуша ме досега
и коњот ми пропаѓа в понорница,
јас сум фитил под оклопа
горам на мразот меѓу два мегдана
желен за пофалба на кротката мајка.
Но на патот никој не запеа,
црквите зимуваат на дното езерско,
а лутит оган преку ноќ гледам
на врв на Велебит
и два џелата прсти загреваат
сакаат да ме изгорат сиот,
до семенка.
Гледајте како горат огновите
на врвот од брегот ветровит
и не прашувајте ме зошто скитам
на коњ, сам, и далеку од селото,
барам тревки лековити
за себе и за многуте ранети браќа.
Ќе слезам од стременот и јас
штом се јават трубите од белите двори
штом стивнат огновите, штом змиите се покајат
и штом брат со брат се прегрне
во срцето на кременот.

Миодраг Павловиќ, Југославија, СР Србија, 1970
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Crtezi
Ponekad tako sebe damo
Za oci jedva upoznate.
I na rastanku cutimo samo
I ne trazimo da nas vrate.
Zivimo posle u tom drugom
Sve dok mu oci svetom plamte.
I ne znamo sto nas pamte dugo
Kad ne trazimo da nas pamte.

Мирослав Мика Антиќ
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.827
Поени од реакции
36.848
СВП 1971

Молба

Татко, ти кој не си човеков непријател, простувајќи се
Осем молбата од изопаченост проникната, биди дарежлив:
Прати ни сила и светлост, божји допир
Што го лечи неподносливиот нервен јадеж,
Уморот на отуѓеноста, гушоболката на лажовите
И грлењето со срасната чедност.
Забрани го строго извежбаниот одговор
И постапно поправи ја положбата на страшливецот
Навреме со зраци покриј ги оние ништожните,
Да, осрамотените, тие се превртуваат иако несреќата беше голема;
Разгласи го секој оној кој ги лечи оние во градот што живеат
Или во селските куќи на крајот од патиштата;
Опустоши ја куќата на мртвите; погледај озарено
Новите стилови на архитектурата, менувањето на уверувањето.

Тој кој повеќе се грижи

Гледајќи кон ѕвездите, многу добро знам,
Дека, да се прашуваа, во пекол би одел сам,
Но на земја негрижата е најситното нешто
Од кое се плашиме, кај човек, ѕвер или сешто.

Да гореа ѕвездите, нам како би ни било,
Со страст, кога за навек би завршило?
Ако не можам иста грижа таму да видам,
Нека тој кој повеќе се грижи јас бидам.

Восхитувач, каков што мислам сум јас,
На ѕвездите, на кои не им е гајле за нас,
Не можам да речам, сега, кога ги гледам,
Дека без една од нив не би можел да седам.

Ако исчезнат ил' умрат сите ѕвезди
Ќе научам да гледам небо на кое ништото се езди,
И би ја сакал убавината и на тој мрак
Иако ќе ми треба време за да сакам пак.

Вистан Хју Одн, САД, 1971
 

Kajgana Shop

На врв Bottom