Многу си го поштовам Мари Клер и Инстајл,закон ми се,ама и француското и американското Ел се интересни. Во Мери Клер и Инстајл секогаш има нешто интересно и паметно да прочиташ. Не само што изобилуваат со добра мода и трендови,туку и има нешто на психолошка база што делува.
Ел е класика. Строго фокусиран на мода и луѓе кои во својот живот постигнале нешто или станале некој. Француското Ел е баш француско,типик!Реклами и предлози за скапа козметика,аксесоари,одлична фотосесија и на крај дури и француска гастрономија и астрологија
Американското пак е со повеќе амерички дух,полежерно,со повеќе страни и помал формат,ама секогаш истиот квалитет на обработка.
Ми се допаѓа што секогаш смртно строго си го прати стилот. Како белата лента на автопат
Во Вог ми се допаѓаат секогаш фотосесиите. Секогаш се така професионално сработени со убаво одбран стил на облека и сето тоа,инаку не ме фасцинира неговата содржина.