Омега 3 масни киселини

Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Тоа сакав да прашам, кое е дозирањето дали се по две на ден? Благодарам за информациите.[DOUBLEPOST=1519909963][/DOUBLEPOST]
И за возрасни и за деца 10 години.[DOUBLEPOST=1519910056][/DOUBLEPOST]
Која цена се и каде ги има?
Ги има во аптеките освен во Зегин. 470 денари се.
 
Член од
6 февруари 2017
Мислења
16
Поени од реакции
6
За дозирање на Витоси и дејството на Омега 3 податоците велат:

Најзначајната состојка која рибиното масло се омега-3-масните киселини, кои имаат особено поволно влијание на здравото функционирање на кардиоваскуларниот систем, на мозокот, даваат поддршка на имунолошкиот систем, делуваат антиоксидативно и го поттикнуваат метаболизмот на кожата

Подобрување на мозочната функција

Омега-масните киселини од рибиното масло помагаат за нормално функционирање на мозокот. Утврдено е дека зголемен внес на рибино масло ги зголемува когнитивните функции и ги унапредува мисловните вештини. Со оглед на тоа дека рибиното масло помага во развојот на мозокот, тоа исто така, може да помогне на дечињата кои се соочуваат со проблеми/ пречки во учењето.

Зголемување на моќта на концентрацијата

Недостатокот на концентрација во која било активност може да го забави напредокот на детето. Голем број деца се соочуваатсо лоша концентрација во текот на учењето. Но, внесот на рибиното масло, според пропишани и препорачани дози, може да ги подобри концентрацијата и учењето кај децата.

Подобрување на помнењето

Утврдено е дека децата со послаба меморија може да имаат полза од земањето рибино масло како додаток во исхраната. Слабеењето на краткотрајната меморија ја смалува способноста на детето да помни важни информации и случувања. Ова, исто така, може да влијае на нивната способност за учење нови нешта. Истражувањата покажуваат дека исхраната која вклучува рибино масло може да ја подобри, односно зголеми функцијата на меморијата кај децата.Рибиното масло поволно влијаеи на видот, ги ублажува симптомите на бронхитис, бронхијална астма и разни кожни заболувања.

На крај во однос на дозирањето битни се следните податоци:

На деца помали од три години препорачана дневна доза е до 0,8 грама. Децата од 4 до 8 години би требало да земаат околу 0,9 грама дневно, а за децата од 9 до 13 години препорачана дневна доза е околу 1,2 грама дневно или доволно е една пастила Витоси.
 
Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Ги пробавте ли пастилите?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom