Омега 3 масни киселини

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Се поише среќаваме некои реклами за омега 3 масни киселини во капсули, или слушаме за нивните позитивни ефекти во ова време на проблеми со кардиоваскуларно здравје, покачени холестероли итн. Сето тоа не е случајно, омега 3 масните киселини се стварно добар избор за секакви состојби. Се работи за три киселини, кратенките се ALA, DHA и EPA. Тоа се есенцијални материи, што значи, мора да се внесуваат со храната или преку суплементи, организмот не може сам да си ги создава, а потребни му се за низа процеси. Овој текст ќе ви даде претстава како да ги внесувате во доволни количества од природни ресурси и зошто ви се потребни за здравјето.

Омега 3 масните киселини ги градат клеточните мембрани на сите клетки. Се работи за полинезаситени масни киселини. Зошто е тоа битно? Од аспект на нивната агрегатна состојба, тие се во течна состојба на секаква температура, а тоа овозможува добра флуидност на клеточните мембрани, добра размена на материи меѓу клетката и средината, како и добар контакт измеѓу клетките. Маслиновото масло подразбира мононезаситени масни киселини, исто така течни, со тоа што овие на пониска температура оцврснуваат. Заситените масти од друга страна, кои ги имаме во месо, путер и сл. се во цврста агрегатна состојба и оттука произлегува предизвикувањето послаб проток на крв и згрутчување на крвта.

Позитивни дејства:

- позитивен ефект врз кардиоваскуларното здравје. Го намалуваат нивото на лош - LDL холестерол и триглицериди во крвта, го снижуваат крвниот притисок, го спречуваат згрутчувањето на крвта, спречуваат задебелување на артериите, ги релаксираат и шират артериите. На тој начин се превенира срцев удар, срцеви инфаркт, атеросклероза и абнормален срцев ритам кај луѓе кои веќе имале срцев удар. Заради ова, aмериканската Heart Association препорачува јадење масна риба како лосос, скуша, сардини, пастрмка, сабјарка, туна барем 2 пати неделно.
- превенираат развој на рак. Рак на дебелото црево, рак на дојка и рак на простата. Една од причините е што течната состојба на овие киселини го овозможува контактот меѓу клетките. Се смета дека она што ги прави клетките подложни кон дегенеративни процеси е меѓу другото, токму губењето на контактот со соседните клетки.
- ја редуцираат инфламацијата низ телото. Затоа делува и против реуматидниот артритис, автоимуна болест што предизвикува инфламација на зглобовите. Затоа и еден од симптомите на дефицитарност на овие масни киселини е болката во зглобовите. Механизмот е продукција на резолвини, тоа есе анти-инфламаторни агенси, кои за разлика од анти-инфламаторните лекови како Аспирин, Ибупрофен и COX-2 инхибиторите, немаат негативни ефекти на кардиоваскуларен и гастроинтестинален систем.
- кожни проблеми. помага кај сува и иритирана кожа, кај лупус, фото-дерматит и псоријаза.
- Метаболизам. Ја стимулираат секрецијата на лептин, хормон кој помага да се регулира внесот на храна, тежината на телото и метаболизмот, така да се подобрува одговорот кон инсулин што ги прави добри масниве киселини кај луѓе со дијабетис. Луѓето со дијабетис обично имаат покачени триглицериди и ниски нивоа на HDL- добриот холестерол, така што омега 3 масните киселини ги намалуваат триглицеридите и апопротеините, а го зголемуваат HDL.Кај некои луѓе со дијабетис, има проблеми со претворбата на ALA, така што како извори на омега-3 може, може да се користат оние што имат EPA и DHA. Како и да е, потребна е консултација пред употреба на омега 3 кај дијабетичари.
- Макуларна дегенерација. Во скора студија се покажа дека внесувањето на ALA дури може да го зголеми ризикот од макуларна дегенерација. Се додека не се покажат нови податоци, луѓе со макуларна дегенерација треба да внесуваат омега 3, но од извори со EPA и DHA.
- Когнитивни способности. Се препорачуваат особено кај жените 3 месеци пред и е месеци по породувањето, минимум, со цел да се подобрат когнитивните способности, внимание, мислење, концентрација, помнење, учење. Помага при ADHD – Attention deficit/hyperactivity disorder кај деца.
- Депресија. Тука не е истражено дали самите омега 3 киселини помагаат, но покажано е дека имаат ефект во комбинација со антидепресиви.
- Остеопороза. Ја зголемуваат силата на коските и нивоата на калциум.

Извори на омега 3 масни киселини

ALA е присутна во ореви, во семки и масло од лен, во соја зрна, пченкарно масло, сончогледово масло. EPA и DHA се присутни во лосос, туна, харинга, скуша, сардини, пастрмка, сабјарка. Други извори се зелката, каранфилче, оригано, карфиол, семки и масло од тиква.

Симптоми на дефициенција

99% од Американциве не внесуваат доволно омега 3 масни киселини. Сепак, симптомите на дефицит можат да бидат доста бледи и обично се додадени на некои други здравствени состојби или нутритивни дефициенции. Умор, сува и/или иритирана кожа, кршливи коса и нокти, запек, чести настинки, депресија, слаба концентрација, недостиг на физичка издржливост, болка во зглобовите.

Внимание

Во високи дози, 3 грама и повеќе, можат да го зголемат ризикот од крварење, затоа треба да се внимава кај луѓе што зимаат лекови за крвен притисок и/или антикоагуланси, како и лекови против болка. Можат значи да го зголемат ефектот на Аспирин, Варфарин (Coumadin) и Clopedigrel (Plavix). Исто така треба да се внимава кај дијабетичари. Ако веќе купувате суплементи, гледајте да бидат со витамин Д, зошто тој како моќен антиоксиданс ги штити од оксидација. Омега 3 се подложни на топлина, кислород и светлина, така што се чуваат во темни шишиња во фрижидер.

Ај доста ви беше. J
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Одлична тема.
Еве јас ги пијам (Omega 3-6-9 ) веќе недела и пол заради покачен холестерол. Контрола на крвта ќе направам по 2-3 недели и ќе ви ја кажам ефикасноста од таблетиве :).
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Ленот е најдобар растителен извор на омега 3, по 1 лажица ленено масло од сабајле доволно е.
 

Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
Ги користам редовно ( веќе 10 месеци без прекин ) , секој ден по 1 таблета пијам и можам да кажам дека сум задоволен од резултатите.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Отприлика колку пари се? Сакам да си купам и јас :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
2, 3 години веќе секој ден пијам по една капсула омега три и сум ептен задоволен.
Некој да предложи од која фирма се поквалитетни ?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Одлична тема.
Еве јас ги пијам (Omega 3-6-9 ) веќе недела и пол заради покачен холестерол. Контрола на крвта ќе направам по 2-3 недели и ќе ви ја кажам ефикасноста од таблетиве :).
А да земеш да истрчаш некој круг аеробик малку теретана или фитнес нешто, ќе се почувствуваш и духовно посилен како човек не само физички.
Оти само од магични капсули фајде нема.
 
I

Iblis

Гостин
А да земеш да истрчаш некој круг аеробик малку теретана или фитнес нешто, ќе се почувствуваш и духовно посилен како човек не само физички.
Оти само од магични капсули фајде нема.
Ќе види фајде сигурно, ама за да не му се врати холистеролот ќе треба да смени начин на живот, малку вежбање, контролиран физички напор, малку промена во исхрана и ќе ја бидне работата.
Иначе кој не сака да голта таблички, купете си оревчиња, бадеми, лешници, скапички се малце, ама 1 кило трае цел месец(ако купувате земете живи, непечени)
Позз и се надевам дека ќе оправите :)
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Прекрасна тема, добро опишано, ми се погоди со купувањето на Омега денес :)
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
А да земеш да истрчаш некој круг аеробик малку теретана или фитнес нешто, ќе се почувствуваш и духовно посилен како човек не само физички.
Оти само од магични капсули фајде нема.
Играм фудбал 2-3 пати неделно, башка тоа си трчкарам на базент, на могила почесто...наследно ми е тоа другар. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Подобро риба и семиња него апчиња. За омега и за витамини и за скоро се што моеш со храна да го земеш.

А што корист има од омега 6?
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Земам и коктел од житарици (ленено семе, овесни снегулки, сусам) и по две лажици насабајле и навечер со јогурт, ударна доза. :)
Иначе Омега 3-6-9 ми ги препорачаа конкретно против холестерол. ( 8.9 ми беше последно )
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Свежи семки од коноп (канабис) и лен, како и: грав, грашок, боранија, леблебии, бадеми, лешници, ореви, семки од: тиква, сончоглед, кајсија итн итн. :)
Доколку организмот ви е во здрава (солидна, неоксидирана) состојба, тогаш истиот ќе може да ги претвори овие растителни масни киселини во EPA и DHA, па така не ќе морате да ризикувате риби загадени со жива и сл. токсини од морето. Секако тазе чаден органски осгледан лосос не е на одмет, само за жал истиот во МК го нема.

П.С. Целите семки е пожелно на лице место, непосредно пред консумирање да ги смелете со цел да се намали ризикот на оксидација на масните киселини (кои знаеме на им прија УВ светлина, топлина и кислород).
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Да не испадне дека многу сме на теорија, ова сакав да ви го постирам уште многу одамна.

1. Лененово семе - flax seeds - 146,2 % од дневните омега потреби во 19,38 грама семе, или околу 100% од дневните потреби во 2 мали лажички семе. Се ставаат 2 мали лажички со семево да отстојат у млака вода пола саат и се конзумираат. Чување во фрижидер во непропуслив за воздух сад. Лененово масло не се додава на храна дур се подготвува, туку дури потоа и се чува во темни шишиња у фрижидер.

2. Ореви - 94,6% од дневните омега потреби во 25 грама ореви. Отприлика 10тина ореви или четвртина чаша се 25 грама. Внимавајте да не купите т.н. rancid ореви, оксидирани, што се приметува преку нивната миризба (мирисот станува чуден како риба, разредувач итн) и горчлив вкус, а веројатноста да купите такви и не е мала со оглед на тоа дека се продаваат и отворени (не во непропусливо пакување) и се оставени на топло. Како и лененовото семе, дома во фрижидер во непропуслив сад.

3. Лосос - 87,1%. [FONT=“Myriad Pro”]Печената или варената риба препорачлива е за консумирање повеќе пати седмично (во просек 340 грама). Големите [/FONT]видови риба, како скуша, ајкула, сабјарка, туна се хранат со ситна риба и акумулираат повеќе отрови. Големите дози на жива можат да предизвикаат оштетување на видот и нервниот систем и да го нарушат правилниот развој на фетусот и малите деца. Затоа се препорачува, бремените жени да внесуваат риба 1 неделно. Со низок ризик се сардина, лосос, пастрмка, ослиќ, скуша. Најсигурна за конзимирање е сепак – замрзнатата риба. Таа прво треба да се одмрзне, па да се испржи во тавче или на скара, попрскана со сок од лимон. Здраво е да конзумиратенемасна (light) туна и тоа до 170 гр.неделно; црвен или розе лосос кој е богат со омега-3, а со низок % на жива.Низок % на жива содржат и школките и раковите.

4. Сардини- 56,7 %.

5. Туна - нешто над 15 % имате во конзерва во која има 120 грама туна.
--- надополнето: Aug 25, 2011 11:03 AM ---
 

Kajgana Shop

На врв Bottom