Од отпад прават брикети

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Македонски земјоделци од отпад прават брикети


Даниел Паланков и Дамјан Смилков решиле сами да произведуваат брикети од отпадот што се собира во пиланите и со нив да ги загреваат пластениците, со што очекуваат дека трошоците ќе им се намалат за над 50 отсто

DSCN1432.jpg

transparent.gif

Даниел Паланков од село Муртино прави брикети во својот двор
Во селата Муртино и Богородица
Мотивирани од желбата да си ја олеснат секојдневната работа, како и од потребата да ги намалат трошоците, двајцата земјоделци Даниел Паланков од село Муртино, Струмичко и Дамјан Смилков од селото Богородица, Гевелиско, со поддршка на Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој набавиле машини за производство на брикети од струготини од дрва и централи за затоплување на пластениците, кои, пак, работат со брикети. Тие очекуваат ваквиот начин на затоплување да им донесе намалување на трошоци од над 50 отсто.

- Кога греевме со дрва немаше постојана температура во нашиот пластеник. Во одредени периоди температурата се искачува многу, а потоа, кога не горат дрвата, драстично се намалува. Затоа, кога дознавме за проектот на „Цепросард“, се вклучивме и си проектиравме централа што ќе одговара на нашите потреби - вели Паланков.

Партнери

Двајцата земјоделци во реализацијата на идејата вклучиле и сопственик на пилана.

- Идејата е суровината да биде евтина и да имаме постојана температура. Тоа не можеме да го постигнеме со традиционалните печки, од кои најдобра за овие цели беше употребата на нафта, но таа драстично поскапе, па затоа побаравме нова опција. Бидејќи во околината има 4 или 5 пилани, кои во летниот период не знаат што да прават со пилевината, направивме договор со еден од сопствениците, заеднички да ја искористуваме суровината. За мојот пластеник потребни ми се околу 10 тони пилети за цела година, а нив сами ќе ги правиме во машината за производство на пилети. Системот за затоплување на пластеникот се штелува на која температура сакаме и толку е автоматизиран што од нас нема никаква потреба - објаснува Паланков.

Инаку, вкупната вредност на инвестицијата е 24.000 илјади евра, од кои 10.000 евра се грант-средства добиени од „Цепросард“.

Заштеда

Тој додава дека во зависност од ноќната температура, во минатото трошеле до 50 литри нафта за една ноќ за загревање на 500 квадрати.

- Сега трошам исто количество во пилети, но бидејќи нивната цена е 12.000 денари за тон, заштедувам 50 отсто. Бидејќи отсега сами ќе си произведуваме брикети, заштедата ќе биде уште поголема. Или, наместо 50 литри нафта за една вечер ние ќе имаме трошок еднаков на 15 литри нафта во една вечер - додава Паланков.

Нема ноќни дежурства

Тој, покрај оваа инвестиција, веќе си набавил и буре за изработка на биогас, со кое на температура од 60 степени, треба од отпадната биомаса за 15-20 дена да произведе биогас. Доколку и тој проект се покаже како успешен, Данаил вели дека ќе биде мотивиран и понатаму да инвестира во производи за искористување на обновливите извори на енергија.

Неговиот колега од Богородица, кој, пак, одгледува режано цвеќе на простор од 1.500 квадрати, вели дека исто така очекува голема заштеда, но за него најголема предност е ослободувањето од ноќни дежурства. Имено, наместо во текот на ноќта да дежура и постојано да ложи за да ги загрее цвеќињата, бидејќи машината е автоматизирана сама си зема материјал и ја одржува температурата постојана.
- Претходно загревавме на примитивен начин, однсоно импровизиравме. Да имавме друг систем, ќе можам да направам точна споредба колку е намален трошокот, но вака нема основа. Сакајќи да го олесниме и подобриме производството, сметајќи дека според сегашните услови е најисплатливо да инвестираме во котел на биомаса, односно на пилети, решив да учествувам во овој проект. Со постојана температура очекуваме да се зголеми производството, но тоа не значи и намалување на неговата цена, бидејќи репороматеријалите секојдневно растат - објаснува Дамјан
Смилков.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62212856159&id=10&prilog=0&setIzdanie=22611
 
па редно беше и македончето да направи нешто паметно......
.....за сефте во 21 век, можеби касни,ама важно тргна на арно...
...се ближи 2013 ќе биди нешто...
 
:) тоа е македонецот.......од ништо нешто да направи
-досетливост(y)
дај му само брашно и шеќер - и ќе ти напраи торта;)

И КОФА ВОДА..............:pos:
 
Па добро не се овие единствени кој си прават сами брикети од пилевина но сепак за пофалба е целиот проект.
 
Интересно проектче,ептен за пофалба е (y)
 
Аман бе што ми изнакажа новинаров :pos:
 
Peletite i briketite se ubava rabota,ama koga ke zeme zamav i industrijata i koga ke se zgolemi potrošuvačkata ke ripnat i cenite na peletite i piljevinata kako repromaterijal. Utre na toj so pilanata sto e naveden vo tekstot ke mu dojde nekoj sto ke go otkupi celiot otpad za ubava cena i na drugarive ke im ostane masinata rga da faka. Vo Avstrija i Slovenija npr veke se tepaat za drven otpad i piljevina za proizvodstvo na peleti,i sekoja godina matematikata e se poslaba. Doprva ke se razviva ovaa tehnologija.
 
Се' горе напишано, не може да биде точно, за жал.

Процесот за сврзување на отпадот од дрвото, што мора да се користи смола за сврзување, лично познавам и други кои пробаа да направат вакво нешто, вложија средства, ама се зафркнаа дебело. Смрди, корни се' наоколу со километри, па не може да живее или работи никој. Значи, пред да почнеш да работиш и да произведуваш вакви бриќети, осигурај се дека околу тебе нема жив свет на неколку километри.
 
Се' горе напишано, не може да биде точно, за жал.

Процесот за сврзување на отпадот од дрвото, што мора да се користи смола за сврзување, лично познавам и други кои пробаа да направат вакво нешто, вложија средства, ама се зафркнаа дебело. Смрди, корни се' наоколу со километри, па не може да живее или работи никој. Значи, пред да почнеш да работиш и да произведуваш вакви бриќети, осигурај се дека околу тебе нема жив свет на неколку километри.
процесот на сврзување на биомасата нема никаква допирна точка со сврзувачко средство туку со притисокот на пресата и брзината со која таа го користи тој притисок.
затоа и треба да биде биомасата од некој 12-17 % влажност.
ако е помалце или повеќе нема да се сврзат, а се сврзуваат затоа што при тој притисок и брзина се ствара температура при која доаѓа до топење на некој супстанци во биомасата( целулозата најчесто или некои смоли) и при ладењето на истата служи како лепак. значи ако е добра брикетирката или пилетарката нема потреба од никакви сврзни средства.
да беше лесно да се направи таква машина дома сите ке имавме , ама не е. а тоа со додатоци на сврзни средства најчесто доаѓа од неинформираност или при самоделски брикетирки кои само ја обликуваат пелетата или брикетата па мораат да користат некој вид на лепак. да не зборувам за квалитетот на тие брикети и посебно пелети кои можат да направат триста чуда во печката на пелети од нагризување на металните делови што значи со нивно побрзо абење до константно затнување на моторите и горилникот со што коритењето на истата станува ноќна мора.
 
Се согласувам со МКД ВЛАДЕ за квалитетни брикет преси и со соодветна влажност во самата суровина нема потеба за дополнителни сврзувачки средства. Друга е работа доколко се работи за рачно направени преси. Сега мал проблем за квалитетни преси е цената која што се движи и до неколку илјади евра
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom