Уффф одлично размислување и објаснување .
Видиш, никогаш не сум размислувал вака, во врска со аквариумските рипки ( иако долго време ги одгледував ) или во врска со било што.
Секако дека имаат право на живот, секое живо суштество на планетава има право на живот. Од секогаш сум мислел ( да не кажам верувал) дека нивното постоење е бесцелно, "pointless". Во што може да се состои поентата на животот на едно риба во аквариум ... пред да го прочитав твојот пост ќе кажев во НИШТО . Ама не е така, сепак може да се заклучи дека без разлика колку е мала причината за нашето постоење , сепак ПОСТОИ и е тука. Мене тука ми е друго прашањето , вреди ли за една мала причина да се жртвува нешто толку драгоцено како што е животот ?? Вреди ли да се жртвува еден живот за нешто мало ?
Види и јас сум размислил на тоа прашање многу пати, дали вреди да се жртвува животот (за рибите во случајов) за само таа да ни биди украс. Во простор од аквариум од 1 метар лево десно цел живот ќе го помини само да ни биди украс. И добив одговор: ВРЕДИ!
А вреди зошто,доколку скапоцениот живот го вратиме во природната средина, во вода, ќе живее и нејзината поента тогаш која е? Поентата е што ќе јади живее и ќе постани храна за една поголема риба! И тоа целиот живот жртвував за само еден оброк! Па нели е безсмислено малце? Ама тоа е животот, значи ако не ти биди тебе украс, во вода ќе миу стани некому храна, или пак ќе умири од труење од некои отпадни води итн, има милион тези.
Во врска со душата и нејзиното објаснување, те разбирам и се согласувам со тебе пријателе . Треба човек да биде премногу ограничен за да верува дека постои само овој материјален све и тоа е СВЕ . Што се случува со нашата душа кога ќе се вратиме на земјата како дел од неа ? Се враќа ли нашата душа повторно на земјата но во нов облик, со нова каросерија ?
Според мене има три тези што се случува со душата по смртта на нашето тело . Првата е дека перманетно го напуштаме овој материјален свет и одиме на место каде што ни се пресудува каде вечно ќе престојуваме, дали во рајот или пеколот, според нашите дела додека сме имале материјален облик од молекули и атоми . Тоа е Христијанското учење ( па и на други монотеистички религии ) на сите ни е познато и нема потреба од дополнително објаснување и навлагување.
Втората теза што ми е мене најинтересна е дека душата повторно се враќа на земјата, но во нов материјален облик, но не се сеќава на "претходните животи". Тоа е учењето на источната филозофија ( Кинеска , Индиска и тн. ) душата се реинкарнира и има еден цикличен круг на смрт и живот. Кармата од претходните животи многу влијае врз сегашниот кој ние го живееме . Односно тоа е универзалното значење на определен збир од дела кои во потполност го одредуват човековиот или било каков и да е сегашен и иден живот. И за се што ни се случува во животот има некоја причинско - последнична врска . Мене сега логички ми испливува на површина едно прашање : Што е целта, што е поентата на тој "круг" што го вртат душите смрт - живот - смрт - живот ? Дали некој успеал да го завршил тој круг на душите и каде отишол потоа ? Навистина бил сакал да слушнам доколку знаеш се разбира твое мислење или одговор на овие прашања.
Лично мое гледиште, немора да е точно, е дека постои излез, тоа нова димензија - ВЕЧНОСТА , или како некои што знаат да кажат тоа е СОВРШЕНОСТА. Тоа значи доколку неа ја постигнеш ( совршеноста на духот и телото ) влегуваш во неа и повеќе твојата душа не е "жртва" на животот и смрта.
Третата теза е најглупа, но сепак постои. По нашата смрт ништо не се случува, или како што напише некој погоре "we simply disappear into nothingness". Не верувам јас лично не верувам во тоа.
На тоа прашање и јас сум размислувал, ама сеуште не сум добил одговор.
Можните тези, како што ги наброја, пекол рај, ќе ги разјаснам сега.
Пеколот е на земјата, Рајот ен а земјата. Зошто ако речам, мрш бе да ти падни лотото е многу добра клетва и би посакал да се оствари?
А зошто ако ти речам, мрш бе , арно да не видиш, е лоша клетва и не би посакал да се оствари?
Заради разликата, шо едната означува ДОБРО (Пари, луксуз , живот, убајна) а другата, се што не е добро. Значи тоа е поентата дека пекоот и рајот се на земјата, и нема после тоа, матеирјално чувствување, значи душата не чувствува солено, благо, кисело, ама ни телото не чувствува радост, тага, плач, среќа итн.
Значи ако душата оди во пеколот, одма пропаѓа тезата дека во пеколот гори ме, а фактички сме душа, а душата не може да чувствува така туку телото чувствува, па би требало во пеколот да има едно кило плач, 30 килограми тага итн за да ни биди лошо. Значи монотеистичките религии ги отфрлам од виситната за животот, поради што се претставени на невкусен начин.
Поентата е дека пеколот е на земјата и рајот, како што ти спомнав со примерот погоре, ти можеш да си гладен, а среќен, можеш да си гладен, а не среќен. Можеш да си најаден, -среќен и најаден несреќен. Фактички телото од душата не зависат воопшто, значи ако гладуваш и си несреќен некој ќе помисли ради гладот, но ти и да се најадиш сеуште ќе бидиш несреќен, додека не откријат причината (на пример девојкати те оставила). Е сеа значи тебе ни пари не ти помагаат тука ни ништо туку само душевно лекување, затоа што, нормално душата е болна во случајот.
Следно, кинеските, индиските учења, за кармата. Точно е дека постои карма. И кармата е поделена на два вида, а за да научиш нешто повеќе за кармата, кликни на овој
линк ти аплоадирав неколку книги по мој избор за кармата и нешто индиско учење. (Не ти гарантирам за 100 % точни податоци ама ти гарантирам за добра фиолозофија во нив).
Кармата значи е закон за акција и реакција. Пошто законот е прогласен за постоечки , ако јас удрам на маса се создава звук и ред други реакции кога постои тоа значи можеме да го наречиме карма. Кармата се дели на два дела автоматска и закасната, е сеа овој првиот дел, е поедноставен, значи, од типот акција и реакција, а другиот дел е “кога стрелките на часовникот ќе се поклопат“ или како што велат се врти тркалото. Да ти ги разјаснам овие: Замисли ти имаш соученик твој, и нон стоп дреми над книга учи и е голема бубалица. Одиш ти и да испадниш фраер, му лепиш еден добар шамар, и го срамиш пред сите.
Карма бр 1: (автоматска) :
Те забележува директор, професор кој да е, па добиваш казна, итн, па ти дава белешка па се и сешто се случува значи, може истиот тој бубалицата да стани и да ти врати, или да ти собери другари, и да те нашлакаат значи фактички тоа е автоматската карма, акција и реакција.
Втората карма, која се нарекува карма - круг, е кога кругот ќе се заврти заради тоа што во случајот ти си над тој бубалицата и си појак, но кога кругот се врти,обратно, сега ти си доле а тој е горе. Тоа е на пример, по 15 години, завршуват средно едно друго, ти без работа а овој учел и станал нешто јак човек на работа влегол или е директор, а ти бараш утре работа, и не те прима ти прај проблем итн, или пак станал професор, па за тебе им се одмаздува на децата твои кога ги учи
Значи фактички тие се видовите на карма шо не снајдуваат, и тие се ЖИВОТНИ ПРАВИЛА, и не важат после смртта. Значи нема од типот, ќе давам пари на сиромаси во овој живот, за во рајот да одам, туку ако ги дадеш ти ќе ги немаш. Но се враќаат кармички, тој шо си му дал, ќе ти биди пријател и ќе ти се најди за друго нешто.
Исто така нема ќе давам пари во овој живот за кармата да ме фати, во следниот живот да се родам како внук на богаташ. Ете и тоа нема да фати, поради тоа што во животот се раѓаме, од оној момент откако постанало постоењето на матеирјалниот свет.
Е сеа ме праша каде оди душата,откако ќе умри човекот, јас идам по тезата, откако ќе се иставиш од огледалото, и одразот твој исчезнува, и се додека не се појавиш, не се појавува и твојот одраз. Така да, се распаѓа телото во земјата, душата е енергија, вид на енергија, и шо знам како ама навистина на ова прашање не сум нашол одговор, за да му кажам некому што после смртта со душата, но истото би го рекол, како што земјата е составена од милион молекули така и душата е составена од енергија, која се вклопува исто како и материјалното, кога ќе искршиш ти една грутка камен ти си ја приклучил назад кон земјата и си ја вратил во првобитната положба, така и душата на некој начин се совпаѓа се враќа назад. А за натака, нависитна не го знам одговорот. Поздрав и продолжи со филозофските размислувања :smir: