Од внатрешна перверзност и фетишизам до нормален телесен и сексуален однос

Член од
16 март 2015
Мислења
5
Поени од реакции
0
Кoлку време сте зaеднo сo девoјкaтa и кaкo пoбoгу пoкрaј тaкви нaметливи фетиши си зaвршил сo кoнзервaтивнa личнoст? Зaтoa сaмoзaлaжувaњетo и негирaњетo нa сoпственaтa прирoдa е фaтaлнo; oсвен штo се зaлaжувaш себе гo лaжеш и другиoт пa oткaкo ќе се зaтрескa вo тебе или ти вo неa стaнувa дoцнa. Јaс би игрaл нa кaртa вистинa, другa oпцијa е дa се нервирaш и вaкa пo сoцијaлни мрежи дa бaрaш решенијa штo не пoстoјaт, a третa е дa си лaжен прoфил и сaкaш дa си трoлaш штo е твoе легитимнo прaвo дoдекa дa те сетaт :D[DOUBLEPOST=1426549200][/DOUBLEPOST]
Вo филм сум, некa читaaт децa :eek:
Не сум лажњак... Немам потреба од такво нешто...

Со таа личност одлучив да стапам во сериозни води, оти бев одлучен дека сакам да ја сакам. ЉУБОВ, а не искривадени страсти. Не ја бирав да ми угодува на мојата забеганост, туку ја избрав за да ја сакам и за да бидам тука за неа - во секој поглед.
Да се нервирам - далеку е од тоа.
На форумов “Љубов и секс“ пишав, оти гледам дека има и многу теми и многу разговор, па сакав да чујам некој сериозен совет/предлог/коментар...
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.896
Поени од реакции
12.421
Не лжи перверзиите свој сакаш да ги покажеш како нкрмална работа.
Дoдуше беше трoa и мoнoлoг oд мoјa стрaнa oд времетo кo бев пoмлaд :noze:[DOUBLEPOST=1426550330][/DOUBLEPOST]
На форумов “Љубов и секс“ пишав, оти гледам дека има и многу теми и многу разговор, па сакав да чујам некој сериозен совет/предлог/коментар...
Еве ти темa и прaшaј си тaму, јaс не се мешaм вo тие oблaсти.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.302
Поени од реакции
24.417
Пред оваа партнерка ако си имал друга и со неа си си ги задоволувал страстите тогаш тешко дека ќе се отарасиш од тоа зашто и самиот ти го сакаш тоа. Тогаш најдобро е да позборуваш со неа и полека да ја тренираш доколку и она прифати/сака кон она ти што сакаш. Тоа е и најидеална опција, колку е реална само ти си знаеш...

Ако си немал такви односи, односно се се сведува само на фантазии треба да видиш што точно ги поттикнува таквите фантазии. Ти најдобро си знаеш и тоа треба да го смениш, можно е да нешто едноставно ко гледање порничи, поаграсивна музика ако слушаш, сонови итн...
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Колку повеќе нешто се потиснува толку поагресивно се враќа. Прифати си ги фетишите бидејќи не се извитопереност туку човекова природа, тоа што општеството гледа на нив со резерва не значи дека ти треба да се прилагодиш на нивната „нормалност“.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.411
Поени од реакции
17.679
- Човештвото мора да сфати дека сексуалниот инстинкт по својата вистинска природа е благороден. Злото со кое се соочуваме потекнува од неговото потиснување. Мислењето дека сексот е грев предизвикува низок внатрешен конфликт, кој создава искривен поглед на светот, неврози, и експлозивно однесување.

-"Книгата на законот" комплетно го решава сексуалниот проблем. Секој човек има апсолутно право да го задоволи својот сексуален инстинкт. Никој не јаде како животно, туку јаде за да ги задоволи своите основни потреби. Истото важи и за сексот.

Извадок од "Исповеди на Алистер Кроули".

Потполно се согласувам и го делам ставот со господин Кроули. Потиснување на било кој облик на сексуалноста и сексуалната енергија е целосно отфрлена опција. Твоите сексуални фантазии и опседнатоста со фетиши е твој субјективен облик на изразување на сексуалноста и нејзина манифестација, што во никој случај не може да биде погрешно, нешто налик уметноста. Погрешно е да сакаш да го смениш или отфрлиш ова поради наметнувања од околината и страв од осуда.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Драги форумџии,
јас сум нов на овој форум. Обидувајќи се меѓу веќе поставените теми да најдам најсоодветна за да го изложам мојот проблем, сепак видов дека е најдобро да одам со нова тема.

Имам сериозен проблем за кој ми е потребен совет/предлог/идеја. Со партнерката се сакаме до бесвест! Одамна сме заедно и работата е сосема зрела и свесни сме дека сакаме да останеме заедно засекогаш оти се сакаме вистински, отворено, искрено и потполно. Значи - тоа е тоа!
Е сега, работава е во тоа што од моментот кога почнавме да градиме телесен однос со обид да воспоставиме сексуален однос - сфатив дека јас кога сум во интимна близина до неа и до нејзиното тело (кое е всушност многу убаво) всушност не можам да се возбудам, или пак ако ми успее - тоа оди многу тешко. Сфатив дека се работи за следново: јас во својот ум имам опсесија кон перверзност и кон фетиши и тогаш кога мислам на овие нешта (додека сум во близина на партнерката, т.е. додека се допираме, галиме...) тогаш најчесто успевам да се возбудам. Прашањето ми е како да се ослободам од оваа опсесија, која ме има нападнато многу одамна? Всушност првите знаци од ова ги имам кај себе приметено уште во рано детство, т.е. во градинка, па тоа еволуираше и во основно училиште, па и во средно... фантазиите една по една ми се надополнуваа и интензивираа. На факс се подсмирив, ама потоа повторно го отворив умот за тоа и сега чувствувам дека тоа ме опседнува и ме поседува. Јас сум потполно нормален момак - комуникацијата, социјализацијата, работата, почитта и односот и љубовта кон сите кои ги имам - се’ е во нормала. На работно место, во приватен живот, при социјализирање воопшто не оддавам дека сум забеган по ова прашање, не се ѕверам по жени, која што носи или како изгледа... Не сум феминизиран, сосема сум мажествен. Меѓутоа во мојот сексуален живот ова што ми се случува во умот ми претставува проблем, и кај себе ова го МРАЗАМ силно. Додека сум во близина на мојата партнерка сакам да се возбудам од неа, а не од моите фантазии. Како да го сторам тоа? Како додека сум со неа - и вистински да бидам со неа (и со умот) и целосно присутен до неа да ја завршам сета работа, која е потребно да ја завршам како маж? Како од човек кој има фантазии со фетиши, женска доминација, перверзии... да станам нормален маж со чиста еротска мисла и со чист и нормален сексуален однос? Како да се ослободам од ова со што ми е полн умот и да бидам НОРМАЛЕН, оти тоа го сакам. Сакам да бидам НОРМАЛЕН маж во близина на мојата прекрасна жена, а не човек со забегани фантазии... Фала однапред. Многу ми е битно да чујам добар совет/препорака! (извинете за должината на исказов, ама имав потреба комплетно да се искажам)
Овде воглавном ќе сретнеш деца кои сега на гугле бараат шо е тоа доминација и фетиш, или старци кои маструбираат пред ПЦ читајќи вакви постови надокнадувајќи го времето во комунизмот без интернет.

Е сега, дали за ова разговараше со девојката, дали таа го знае овој твој т.н. проблем?
Мое мислење е дека треба да си најдете меѓусебно разбирање, пример таа да те сфати и прифати и понекогаш да љубовта се одвива по твои желби и понекогаш по нејзините или комбинација на двете. Не знам дали има лек за сексуално возбудливи мисли, дали некое апче или терапија би помогнале да поинаку се возбудуваш или фантазираш, освен можеби вијагра со која ќе добиеш ерекција и само способност за физички секс но не и психичко - духовно задоволство. Секоја потискувана работа во себе кога тогаш ќе даде негативен ефект и резултати, зато е најдобро да се најде заедничко решение.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom