Одлуката на Меѓународниот суд за правда по повод тужбата на Македонија против Грција (општа тема)

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Уште пред недела и нешто, грчкиот весник Катимерини излезе со напис дека дознале oд извори во судот одлуката е негативна за Грција.

Вчера, водачот на фашистичката партија ЛАОС, Караџаферис, го повтори исотото и рече спорот со Македонија е 75% изгубен.

Во исчекување на одлуката, кај нас малку потрезвено се зборува дека одлуката може да е во наша полза. Доколку е така, иако е необврзувачка, таа сепак ќе помогне да се изврши голем притисок врз Грција.

Останува да видиме каков е резултатот денес. Среќно Македонијо!
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Во колку саат ќе биде пресудата? Мислам дека каква било пресуда да се донесе, нема ниту во еден случај да влијае на спорот.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
Во колку саат ќе биде пресудата? Мислам дека каква било пресуда да се донесе, нема ниту во еден случај да влијае на спорот.
Мислам дека околу 10 треба да ја соопштат пресудата.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Преудата имала само морална вредност. Значи ништо од прикаската :place:

извор Сител
--- надополнето: Dec 5, 2011 8:58 AM ---
Талмон: Пресудата во Хаг нема автоматски да ги отвори вратите на НАТО

05.12.2011 - 09:27 |
Судот не може да им нареди на Грција или на НАТО, Македонија да стане членка на Алијансата, но пресудата има голема правна и морална вредност.

Спорот ќе биде решен само преку политички компромис, оценува Штефан Талмон, шеф на Институтот за меѓународно право на Универзитетот во Бон и советник на повеќе држави и меѓународни организации по прашањата за меѓународното право.
- Одлуките на судот, генерално, се конечни и обврзувачки, но тие се обврзувачки само за страните во односниот случај. Во случајот меѓу Македонија и Грција, може да има и трета инволвирана страна, а тоа е НАТО. НАТО во овој случај не е обврзан со одлуката на судот, вели во интервју за Дојче веле Талмон, кој е експерт за јавно, меѓународно и европско право, а работи и како професор по Меѓународно јавно право на британскиот Универзитет Оксфорд.
Одлуките на судот, според него, секогаш носат правна тежина, но и сите се од големо морално значење. Но, во овој случај прво треба да се гледа на правната страна. Случајот е отворен, вели, за да се реши едно правно прашање и правото е во основата на овој случај.
Прашан дали Судот може да и нареди на Грција да делува во согласност со Привремената спогодба во иднина, Талмон наведува: - „Да, судот може да го стори тоа. Но, судот е обврзан со поднесоците на двете страни. Значи прво мора да видиме што барала Македонија од судот. Првата работа што Македонија ја побара во случајов беше судот да пресуди дали Грција ги прекршила своите обврски од Привремената спогодба. Ова ќе биде декларативна пресуда, што значи дека доколку Македонија успее, судот ќе пресуди дека постои прекршување. Македонија исто така побара од судот да и‘ нареди на Грција да ги преземе сите чекори за да ги спроведе своите обврски од членот 11 од Спогодбата. Но, тоа е многу покомплицирано, затоа што е прашање кои се обврските на Грција според овој член. Мислам дека ова ќе биде едно од централните прашања на случајот.“
Тој не очекува јасна пресуда во која ќе се каже дека Грција ги прекршиле своите обврски, затоа што тие обврски можат да се интерпретираат на повеќе од еден начин. Пресудата, додава, нема автоматски да и‘ го отвори патот на Македонија во НАТО, бидејќи Судот не може да им нареди на Грција или на НАТО, земјата да стане членка на Алијансата.
- Судот ќе донесе пресуда, но двете страни потоа ќе мора да ја спроведат таа одлука. Судот нема армија која ќе ги принуди страните да ја почитуваат одлуката. Постои член во Повелбата на ОН кој наведува дека земјата која ќе победи во Судот на правдата може да се обрати до Советот за безбедност на ОН и да побара од него да ја спроведе одлуката. Но, тоа досега не се случило. Не ми изгледа многу веројатно дека Македонија тоа ќе го стори доколку го добие процесот. На крајот повторно се’ се сведува на добрата волја на двете страни, истакнува Талмон.
Сепак, посочува, историјата на Меѓународниот суд на правдата кажува дека пресудите не носат само правна, туку и голема морална тежина.
- Значи, една земја не може, без притоа да си создаде поголеми проблеми, да игнорира пресуда на Судот. Доколку го погледнете процентот на почитување на одлуките на Судот, иако тој нема механизми за принуда, тој е многу поголем од кој било домашен суд. Значи без разлика каква ќе биде пресудата, страната која ќе загуби ќе мора, и ќе се придржува до пресудата. Особено земја како Грција, членка на ЕУ, не може да си дозволи да биде видена во очите на меѓународната заедница како некој кој не почитува пресуда на судот, смета Талмон.
За спорот за името меѓу Македонија и Грција, тој оценува дека е еден од нерешливите проблеми во кој обете страни имаат многу цврсти ставови во однос на она што сакаат да го постигнат. - Македонија сака да си го задржи името. Грција сака додавка во името. Изгледа како ситуација во која не може да има победник, односно она што едната страна ќе го добие, другата го губи. Оттука, немам големи надежи дека ќе има решение за овој проблем во блиска иднина, вели Талмон.
Што се однесува до правните решенија, тој укажува дека можно сценарио би било повторно да се оди пред Меѓународниот суд и да се бара мислење дали името на една земја имплицира територијални претензии, како што тврди Атина. Но, смета дека тоа не е потребно.
- На крајот овој спор ќе биде решен единствено преку некако политички компромис, но да бидам искрен, не гледам каков би бил тој компромис, истакнува Штефан Талмон.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.554
Поени од реакции
22.245
Судот се гледа за надлежен со тоа се отфрла едно барајне на Грција
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.554
Поени од реакции
22.245
Судот го прифати првото барајне на Македонија дека Грција го попречи зачленувајнето на Македониај во НАТО, колку што разбрав?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.554
Поени од реакции
22.245
Готово? Заедно со третото барање на Грција да и биде кажано да не ја попречува Македонија во ЕУ и НАТО интеграциите?
Уште не стигнаа до таа одлука, ќе видиме сега.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Готово? Заедно со третото барање на Грција да и биде кажано да не ја попречува Македонија во ЕУ и НАТО интеграциите?
Нема стигнато до таму, сега засега само потврдија дека Грција не попречила.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.554
Поени од реакции
22.245
Интересно е што судот смета дека Грција се обврза да ја користи референцата но Македонија не, и може слободно да го користи уставното име, значи тука не е ограничена Македонија. Нели Грците сметаа дека со тоа сме ја прекршиле спогодбата но ете судот кажа дека Македонија со спогодбата не се обврза на тоа.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.554
Поени од реакции
22.245
За што станува збор? Судот вика дека 2004та сме користеле симбол (старото знаме) во некоја прилика?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom