Одгледување на боровница

M

Macedon1um

Гостин
Тешко се наоѓа информации околу одгледувањето на боровница во Македонија па затоа решив да отворам тема, да споделиме мислења колку и дали одгледувањето боровница може да биде профитабилно кај нас и дали вреди да се инвестира во него.

Боровницата е џбунесто растение од кое се добиваат плодови со голема вредност, моментално најголеми производители на ова овошје се САД, Канада, Полска и Германија. Во соседните држави како Србија, Босна и Бугарија веќе се подигнуваат плантажи со ова овошје додека во Македонија речиси и да не можеш да најдеш информации околу одгледувањето - па не сум сигурен дали воопшто и има насад од боровница во нашата држава ? Ако некој знае дека има и каде, нека пише во темава..

Се работи за џбун кој не е баш “лесен“ да се одгледување
- Има специфични барања во однос на почвата која треба да биде кисела, идеално од 4.3 до 4.8
- Се препорачува да се одгледува на поголеми надморски височини но успева и на пониски локации
- Насадот задолжително треба да има пристап до вода, што за подобри приноси што за добра состојба на растенијата. Исто така при наводнување треба да се внимава на пх вредноста на водата, доколку не одговара за боровницата потребно е да се изврши предходна корекција на истата пред наводнувањето

Со цел да се избегне намерно закиселување на почвите а одгледување на боровница често пати денес се одгледуваат и во специјални саксии (вреќи) од полипропилен во кои има упстрат и тресет идеално прилагоден за одгледување на боровницата. Постојат повеќе начини на одгледување во сакции може да има и до 5000 растенија на хектар, додека во издигнати банкови околу 3000 на хектар. Постојат голем број на сорти боровница и од она што читам најголем потенцијал за нашите региони имаат раните сорти како Дуке, Спартан, Блукроп итн

Е сега најважниот дел инвестицијата..
Според она што гледам цената е доста висока што и најверојатно е причина зошто немаме насади со боровница, од хектар во зависност од начинот на одгледување и применетата технологијата цената може да биде минимално 20.000 па се до 50.000 евра од хектар. Самите садници се околу 2.5/3 евра, заедно со готов/а вреќа и супстрат и до 7/8 евра од парче - секако доколку купите посебно суптрат/тресет и садите во банкови цената е доста пониска но има и ризици со мешање на почвата кисела/не кисела како и поголема потреба од работа/агротехника при борба со плевелите. Секако покрај садниците, супстратот и тресетот потребни се финансиски средстава и за системот за наводнување, градобијни мрежи итн - во инвестицијата треба да се земе предвид дека и државата субвенционира па скоро за се би можело да се добие 50% поврат

Цената во последните години се движи околу 5 евра по килограм, веќе во втора година садниците даваат по пола кг до еден кг од растение. Во полна родност од 5-6 година од еден хектар може да се добијат и 10-15 тона што по сегашнава цена би било и преку 60.000 евра од една сезона

Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Друже кажи нешто државно, нешто работа во Администрација под буџет, не земјоделие, кој видел аир од земјоделие, колку млади останаа во селата, колкав е интересот за земјоделие со сите овие срања што се случуваат во секторот, поарно најди си работа ко нормален човек во Скопје/Странство од тоа нема послатки пари.
 
Не може сите да не вработат на државно друже мора некој и сам да се снаоѓа, или не сакаме сите да куцаме уплатници цел ден во банка за 400 евра плата.

Дека не остана млади по селата е точно, ама тоа е поради политичарите што не знаат да не водат и да обезбедат егзистенција на луѓето а имаме огромен природен потенцијал за многу работи поготово во земјоделството. Плус и не мора да живееш на село, имаш еден куп села кои се само на десетина минути до градовите
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682

Тоа што нема млади во село не е измислено во Мк, за жал секаде во светот е така. Друга приказна е што некои држави од петни жили се трудат да ги задржат луѓето во село, додека нашава ја боли таквоото.
Очеш живи, не очеш- твој проблем!
Пред 3-4 месеци почина еден мој комшија кој, пред 4 години, се зафати со ваков вид земјоделие. После ред од мозочни удари, под притисок на банки и лихвари.
Така да, фала, ја пешком постоју, што би рекле браќата руси!
 
Не знам што да ти кажам друже, еве од моите колеги на факултет (не беше земјоделски) погоди колку се вратија во своите села да работат земјоделие, а колку останаа во Скопје, Едноставно други се стандардите на младите сега, друг е животниот стил, не ги привлекува толку земјата и калта, или добитокот, не би сакал да навредам никого, но Македонија не е веќе онаа истата од пред 50 години кога била земјоделска powerhouse, ова е друга тема што ако имам време ќе ја отворам во наредните денови, како и причините поради која настанала. Повеќето млади имаат некои други приоритети, некои други шеми, и селото нема место во тој живот, тоа е мое мислење.
 
Долга и широка таа тема за миграција село/град ама да не навлекуваме во тоа има др теми, тука ме интересира стрикно за боровницата како идеја за инвестирање
Дали можеби некој знае каде во Македонија ако воопшто има подигнат насад, да се информирам и добијам совети од лично искуство..

Не знам што да ти кажам друже, еве од моите колеги на факултет (не беше земјоделски) погоди колку се вратија во своите села да работат земјоделие, а колку останаа во Скопје, Едноставно други се стандардите на младите сега, друг е животниот стил, не ги привлекува толку земјата и калта, или добитокот, не би сакал да навредам никого, но Македонија не е веќе онаа истата од пред 50 години кога била земјоделска powerhouse, ова е друга тема што ако имам време ќе ја отворам во наредните денови, како и причините поради која настанала. Повеќето млади имаат некои други приоритети, некои други шеми, и селото нема место во тој живот, тоа е мое мислење.
Повеќето млади живеат во некои не реални филмови и тоа инстаграми, фејсбуци им го испраа мозокот за живот на висока нога а живеат во Македонија иронично нели
Македонија никогаш не ни била некоја јака земјоделска држава, ама државата преку агро комбинатите во минатото се грижела барем за скромен живот колку-толку..

Инаку има и поинакви млади, еве овие од Америка преку Белград стигнале во село Топола да инвестираат баш во боровница :D
 
Последно уредено:

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Ако нема да го пласираш производот некаде џабе не ни почнувј а пред да почнеш разгледај се што треба за културава локација,клима,вода,сонце,почва ко шо имаш горе нагласено итн пресметај трошкови и ред други работи и рачунај дек а првите 3-4 години треба да работиш за да ги вратиш парите што си ги вложил(така е во секој бизнис) никако не земај огромни кредити кои нема да си во можност да ги вратиш покомплицирано е од што изгледа и ако се факаш за орото играј до крај имај предвид дека родот нема да ти е ист стално и дека работите може да се искомплицираат до немајкаде не е се така розово купи садници,земја, посади ,повади ги и збирај
и ти треба волја за работа ниту куцање на шалтери е лесно ниту земјоделие само овде си сам свој газда не се расправаш со дебили секојдневно
една реченица шо ја кажа еден човек стално ке ја паметам на она емисијана оној по селана шо шетат
го праша еден помлад човек шо не си во градот слезен шо прајш овде овој му одговори нешто како шо барам таму да му слугувам на некого за 10 000ки и да ми изиграва директор
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Констатацијата дека младите живеат во нереален свет низ филтрите на инстаграм и социјалните мрежи е во голема мера точна, но не во целост, голем дел и успеваат да се приближат на тие филмови бегајќи од земјава или со бизниси во кои нема да ги пече сонце на 40 степени и да смрдат на пот, а некои не успеваат, па како утешна награда си се враќаат пак да рмбаат во полето.

Земјоделието е комар, кој не го работел може да си прави математики, ама да знаете дека есапот дома и на пазар не е ист!

Осигурувањето во Македонија е срање во боја, со било која култура ќе се молиш да не мавне град (а рачунај последниве години скоро и да не промашува, не смее да пукаат ракети против градобитни ракети), ако те удри град рачунај дека родот ќе биде и намален и оштетен, така да заборави на заработка во таков случај.

Друг проблем ти е пласманот на производот, една година ќе имаш пласман со една цена, друга година со сосема друга цена, трета година нема ни да ти го откупат или ќе те уценуваат да ти го земат за џабе, не сум имал никогаш боровница, ама со тутун, градинарски култури, овоштарници, мед сум кинел нерви нон стоп.

Ако одлучиш да се занимаваш со ваква работа гледај да направиш детална анализа околу инвестицијата, играчите на пазарот и кој ги влече конците при откуп, колкава количина се произведува, проблеми, репро материјали, болести, штетници, заштита, осигурување, дали има некакви олеснувања со ипард програмата, земја каде може да ги засадиш, па како се берат, дали ти треба некаква механизација и тн и после инвестирај. .
 
M

Macedon1um

Гостин
1. Земја, механизација итн имам тоа не е проблем (имајте во предвид дека не сум скроз нов во земјоделствово така да свесен сум дека не е лесно и дека има ризици)
2. За градот како опасност од штети спомнав и јас, веќе сум информиран дека по хектар кошта околу 10-12.000 целосно покривање

Единствено не сум запознаен со откупот, затоа и прашував дали има некој што воопшто одгледува боровница во Македонија да каже како е работава од сопствено искуство. Секако пред да инвестирам ќе се распрашам и по ладилнициве што откупуваат ваков тип на овошја (малини, вишни, боровница итн) иако во предвид доаѓа и изградба на мини ладилник во кој би го складирал производството тие 20тина дена додека трае бербата на боровница па директ во ладилник и на пат во комшии на север..

Констатацијата дека младите живеат во нереален свет низ филтрите на инстаграм и социјалните мрежи е во голема мера точна, но не во целост, голем дел и успеваат да се приближат на тие филмови бегајќи од земјава или со бизниси во кои нема да ги пече сонце на 40 степени и да смрдат на пот, а некои не успеваат, па како утешна награда си се враќаат пак да рмбаат во полето.
Тутунот ти е социјална гранка нема пари колку да се вади некоја плата а да не робуваш кај „газда“ за 200 евра, градинарските култури слично со оглед дека сме мал пазар со ниска куповна моќ па неможеш да очекуваш нешто повеќе. Овоштарнициве имаат некаков потенцијал во културите каде што немаш работа со брзо расипливо овошје пример јаболко или лешник ама таму Турците во голема мера рушат цена со нивниот екстезивен начин на одгледување плус за сериозно занимавање ти требаат многу пари за скапа механизација инаку нема да те биде. Медот има стабилна цена која оди во нагора линија но не ме влече ич тоа и бара посебни услови за високи приноси

Знам дека одредени работи стварно бараат многу пот и печење на сонце на 40 но не се сите такви да не се лажеме :D барем денеска имаш разна механизација која ја олеснува многу физичката работата и намалува доста работни саати, конкретно кај боровницава ми изгледа како да има најдобар сооднос на работа/пари
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
1. Земја, механизација итн имам тоа не е проблем (имајте во предвид дека не сум скроз нов во земјоделствово така да свесен сум дека не е лесно и дека има ризици)
2. За градот како опасност од штети спомнав и јас, веќе сум информиран дека по хектар кошта околу 10-12.000 целосно покривање

Единствено не сум запознаен со откупот, затоа и прашував дали има некој што воопшто одгледува боровница во Македонија да каже како е работава од сопствено искуство. Секако пред да инвестирам ќе се распрашам и по ладилнициве што откупуваат ваков тип на овошја (малини, вишни, боровница итн) иако во предвид доаѓа и изградба на мини ладилник во кој би го складирал производството тие 20тина дена додека трае бербата на боровница па директ во ладилник и на пат во комшии на север..

Тутунот ти е социјална гранка нема пари колку да се вади некоја плата а да не робуваш кај „газда“ за 200 евра, градинарските култури слично со оглед дека сме мал пазар со ниска куповна моќ па неможеш да очекуваш нешто повеќе. Овоштарнициве имаат некаков потенцијал во културите каде што немаш работа со брзо расипливо овошје пример јаболко или лешник ама таму Турците во голема мера рушат цена со нивниот екстезивен начин на одгледување плус за сериозно занимавање ти требаат многу пари за скапа механизација инаку нема да те биде. Медот има стабилна цена која оди во нагора линија но не ме влече ич тоа и бара посебни услови за високи приноси

Знам дека одредени работи стварно бараат многу пот и печење на сонце на 40 но не се сите такви да не се лажеме :D барем денеска имаш разна механизација која ја олеснува многу физичката работата и намалува доста работни саати, конкретно кај боровницава ми изгледа како да има најдобар сооднос на работа/пари
Не сакам да ме сфатиш како да сакам да те пишманам, напротив, пријателски беше советот да навлезеш до најситен детал кога го немаш претходно работено.
Јас пред 5-6 години бев готов да се залетам во одгледување на кивано, батат, батернат и чили и тоа планирав да посадам поголема површина, најдов канали за семе и откуп, али откупната цена и начинот на пакување беше кочницата. Кај пакувањето бидејќи беа наменети за ЕУ пазар и за САД беа многу строги, требаше да имам вработено уште луѓе што ќе ги чистат со специјални четки и ќе ги пакуваат во специјални паковања (имаа пропишано големина на кутија, материјал од што мора да е изработена и тн), ладилници во кои требаше да ги чувам додека да ги продадам (откупот беше еднаш на неколку денови и тоа само кога ќе бев спремен да наполнам камион) и инвестицијата ми се искомплицира страшно многу, од тоа што беше математиката на старт за да ги посадам и да ги одгледам ми крена уште за цели 30% само кај амбалажите и ладилниците, па профитот ќе ми беше значително помал и се откажав. Здравје ако некогаш живеам во Западна Европа и најдам луѓе кои се бават со увоз на вакви работи таму ќе размислам да инвестирам тука во Македонија и да ги шиткам јас како прва рака горе.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Едно момче пред некоја година нудеше аронија по продавнички. Дали тоа значи дека пласманот е несигурен и неплански? Ако е да, важен дел од инвестицијата недостасува, одржлив пласман.
 
Фалат вакви луѓе кај нас, имаме доста голема дијаспора имаат повеќе можности за контакти од таа сфера и имаат финансии а ретко кој се осмелува да инвестира. А можат во некој откупен центар/ладилник, малку едукација и соработка со земјоделци и ете ти добар Македонски продукт со добар сооднос на цена и квалитет

Едно момче пред некоја година нудеше аронија по продавнички. Дали тоа значи дека пласманот е несигурен и неплански? Ако е да, важен дел од инвестицијата недостасува, одржлив пласман.
Чапе фунги и агромакс сигурно откупуваат аронија, е сега прашање е во колкави количини и уште поважно по која цена. Има некои што и сами пробуваат да ја продадат за да извадат подобра цена, во Србија гледам доста има што продаваат ладно цеден сок, разни слатка па дури и прав за користење во житарки
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не знам дали се работи за истиот вид боровинки. Растат над зоната на шумата во високите планини. Диво растение, што најчесто овците го јадат или никој, пошо ретко има веќе овци по планиниве. Има луѓе што како сезонски работници, праат див камп и со импровизирани чешли ги собираат. Околу складирањето не сум сигурен, ама знам дека како и капините не стојат долго откако се обрани, се раскашавуваат и омекнуваат, па затоа јас ги замрзнувам. На пазар се отприлика 300 денари кило.
Е сега, нормално, треба да си чоек што е спремен да живее така некое време, фаќа вруќина, громови, град и не знам колку стварно се исплати. Знам дека има пар фирми што ова го комбинираат со чаеви, печурки и други ствари што ги нуди шумата, јас сум чул за такви во Национален парк "Маврово", со тоа што истите плаќаат годишна лиценца и плус нешто по кило на самата институција. Ова го пишувам затоа што фантастично ми звочеше за собраната тонажа. Е сега, нормално, ова звучи како прошетка по планина со торбиче, меѓутоа во реален живот значи инвестиција во некакво теренско возило, товарно возило, магацини, плаќање наемни работници, државна папирологија, сметководство...
 
M

Macedon1um

Гостин
Комплицирана и многу потешка работа е тоа со дивите боровници, не сум планинар и немам сренато во природа такво нешто ама сигурно ги има со оглед дека им одговараа повисока надморска височина и кисели почви. Во комерцијалните насади се користат боровите иглици, лисја од даб и шумскиот тресет бидејки ја закиселуваат почвата за да одговара за одгледување на боровница додека кај нас во низинските делови претежно почвите се неутрални што одговараат за другите култури

Инаку тие се приносите во полн род, преку 10 до 15 тона. Дневно еден работник може да набере максимум 50 килограми додека со дивите таа бројка е многу помала, со тие импровизирани “чешели“ не берат селективно значи и недозреани а боровницата не стасува наеднаш туку бербата трае и по 2-3 недели тн се бере на повеќе раце
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Тешко се наоѓа информации околу одгледувањето на боровница во Македонија па затоа решив да отворам тема, да споделиме мислења колку и дали одгледувањето боровница може да биде профитабилно кај нас и дали вреди да се инвестира во него.

Боровницата е џбунесто растение од кое се добиваат плодови со голема вредност, моментално најголеми производители на ова овошје се САД, Канада, Полска и Германија. Во соседните држави како Србија, Босна и Бугарија веќе се подигнуваат плантажи со ова овошје додека во Македонија речиси и да не можеш да најдеш информации околу одгледувањето - па не сум сигурен дали воопшто и има насад од боровница во нашата држава ? Ако некој знае дека има и каде, нека пише во темава..

Се работи за џбун кој не е баш “лесен“ да се одгледување
- Има специфични барања во однос на почвата која треба да биде кисела, идеално од 4.3 до 4.8
- Се препорачува да се одгледува на поголеми надморски височини но успева и на пониски локации
- Насадот задолжително треба да има пристап до вода, што за подобри приноси што за добра состојба на растенијата. Исто така при наводнување треба да се внимава на пх вредноста на водата, доколку не одговара за боровницата потребно е да се изврши предходна корекција на истата пред наводнувањето

Со цел да се избегне намерно закиселување на почвите а одгледување на боровница често пати денес се одгледуваат и во специјални саксии (вреќи) од полипропилен во кои има упстрат и тресет идеално прилагоден за одгледување на боровницата. Постојат повеќе начини на одгледување во сакции може да има и до 5000 растенија на хектар, додека во издигнати банкови околу 3000 на хектар. Постојат голем број на сорти боровница и од она што читам најголем потенцијал за нашите региони имаат раните сорти како Дуке, Спартан, Блукроп итн

Е сега најважниот дел инвестицијата..
Според она што гледам цената е доста висока што и најверојатно е причина зошто немаме насади со боровница, од хектар во зависност од начинот на одгледување и применетата технологијата цената може да биде минимално 20.000 па се до 50.000 евра од хектар. Самите садници се околу 2.5/3 евра, заедно со готов/а вреќа и супстрат и до 7/8 евра од парче - секако доколку купите посебно суптрат/тресет и садите во банкови цената е доста пониска но има и ризици со мешање на почвата кисела/не кисела како и поголема потреба од работа/агротехника при борба со плевелите. Секако покрај садниците, супстратот и тресетот потребни се финансиски средстава и за системот за наводнување, градобијни мрежи итн - во инвестицијата треба да се земе предвид дека и државата субвенционира па скоро за се би можело да се добие 50% поврат

Цената во последните години се движи околу 5 евра по килограм, веќе во втора година садниците даваат по пола кг до еден кг од растение. Во полна родност од 5-6 година од еден хектар може да се добијат и 10-15 тона што по сегашнава цена би било и преку 60.000 евра од една сезона

Каде тоа боровница по 5 евра од кило ? Кој ти кажа ? Дивата боровница што расти по планините ја откупуваме по 1-2.5 евра за кило зависно од зрелост и конкуренција.[DOUBLEPOST=1540196304][/DOUBLEPOST]
Каде тоа боровница по 5 евра од кило ? Кој ти кажа ? Дивата боровница што расти по планините ја откупуваме по 1-2.5 евра за кило зависно од зрелост и конкуренција.
Инаку пласманот е лесен, има откупници на боровинка на секој чекор.. Како што кажав цената е некогаш 60, 70, 100, па и до 150 денари кило. Мрзнета може да стигне и 3 евра кило...Ама дека ќе продадеш наеднаш 15 тона и ќе земиш 5 евра од кило не вервуам.... Инаку количините што еден откупник ги откупува се десетици и стотици тони, така да за пласман без гајле, има колку сакаш да продадеш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom